Свет
Европска агенција: Загадувањето на воздухот придонесе за 238.000 предвремени смртни случаи во ЕУ во 2020 година.
Загадувањето со ситни честички придонесе за 238.000 предвремени смртни случаи во Европската унија во 2020 година, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина, додавајќи дека „Ковид-19“ придонел за зголемување на бројот на смртни случаи.
„Изложеноста на концентрации на фини честички над препораките на Светската здравствена организација доведе до 238.000 предвремени смртни случаи“ низ Европската унија, се вели во извештајот објавен денеска.
Во 2019 година, Европската агенција за животна средина изјави дека околу 231.000 луѓе починале предвреме од загадениот воздух.
Овој пораст на бројот на предвремени смртни случаи во 2020 година е во спротивност со падот забележан во изминатите дваесет години.Тоа се објаснува со фактот дека Ковид-19 ги погоди луѓето со истовремени болести поврзани со загадувањето на воздухот (рак, белодробна болест или тип 2 дијабетес) најтешко.
Споредувајќи ги 2020 и 2019 година, се вели дека бројот на предвремени смртни случаи кои се припишуваат на аерозагадувањето се зголемил за ситните честички PM2.5, но се намалил за загадувањето со азот диоксид и озон.
/beta
Свет
Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток временски период, јави руската новинска агенција РИА во четврток, цитирајќи го регулаторот Роскомнадзор.
Како една од причините за оваа блокада, руските власти ја навеле наводната злоупотреба на „Snapchat“ за организирање терористички напади и регрутирање на извршители на кривични дела во земјата.
Тим часот пред тоа, Русија го забрани и „FaceTime“, апликацијата за видео повици на „Apple“, во рамки на засилената стратегија против странските технолошки платформи, за кои властите сметаат дека се користат за извршување криминални активности.
Оваа одлука следи по претходните ограничувања за YouTube (Google), WhatsApp (Meta) и Telegram.
Извор: RIA / engadget.com
Свет
Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“
Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.
Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.
Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.
Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.
„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.
WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.
Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.
Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.
Извор: independent.co.uk
Свет
Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.
„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.
„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Временска прогноза1 денСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина18 часаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
