Спорт
F1 го објави календарот со 24 трки за 2023 година
Меѓународната автомобилистичка федерација денеска го објави календарот за следната сезона во Формула 1, која вклучува рекордни 24 трки.
„Најбрзиот циркус“ започнува во март со трка во Бахреин, а крајот на сезоната е во ноември во Абу Даби.
Шампионатот ќе започне со трка во Бахреин на 5 март 2023 година, по што ќе следуваат Големата награда на Саудиска Арабија (19 март) и ГН на Австралија (2 април).
Трката во Кина е закажана за 16 април, а во Азербејџан две недели подоцна. Трката во Мајами е на програмата на 7 мај, а Емилија Ромања на 21 мај.
Трката во Монако е закажана за 28 мај, 4 јуни во Шпанија, а 14 дена подоцна е закажана и трката во Канада.
Во јули ќе се одржат четири трки. Трката во Австрија ќе се вози на 2 јули, 9 јули во Велика Британија, 23 јули во Унгарија и една недела во Белгија.
Шампионатот во F1 ќе продолжи по летната пауза на 27 август во Холандија. Потоа следува трка во Италија на 3 септември, потоа во Сингапур на 17 септември и во Јапонија седум дена подоцна.
Трката во Катар ќе се вози на 8 октомври, а во американскиот Остин на 22 октомври и во Мексико една недела подоцна.
Трката во Бразил ќе се вози на 5 ноември, а во Лас Вегас во сабота на 18 ноември, додека финалето во F1 ќе се вози во Абу Даби осум дена подоцна.
„Присуството на 24 трки во календарот на F1 во 2023 година е дополнителен доказ за растот и привлечноста на спортот на глобално ниво. Додавањето нови трки и задржувањето на традиционалните места покажува дека ФИА добро управува со спортот. “, изјави претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево16 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза15 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Македонија17 часа„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
-
Кичево9 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
