Спорт
F1: Жестока пресметка меѓу Латифи и Строл во квалификациите (ВИДЕО)

„Пол-позицијата“ за ГП на Австралија, која е закажана за утре, му припадна на Шарл Леклер, но квалификациите во Мелбурн ги одбележа и жестоката пресметка меѓу Николас Латифи и Ленс Строл.
Судир меѓу возачите на Астон и Вилијамс се случи во првото квалификациско коло, по што Латифи и Строл не можеа да продолжат да возат поради оштетување по судир со автомобил.
Третата трка од сезоната во Формула 1 за Големата награда на Австралија е закажана за утре во Мелбурн во 7 часот по средноевропско време.
Шарл Леклер на 20 март славеше во Бахреин, седум дена подоцна победата во Саудиска Арабија ја однесе Макс Верстапен. Токму ова дуо утре стартува од првите две позиции, Леклер од првата, а актуелниот шампион Верстапен од втората.
Фото: Screenshot YouTube
/n1info.com/
Спорт
Младата репрезентација на Македонија со собир пред квалификациските меча против Ерменија и Украина

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел Парк го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.
Нашите млади фудбалери заедно со селекторот и неговиот стручен тим денеска официјално го означија почетокот на подготовките за двата последни квалификациски меча против селекциите на Ерменија и Украина.
На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.
Спорт
Од денес по симболични цени пуштени во продажба картите за фудбалскиот меч Бугарија – Македонија

Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија – Македонија во Разград на 2. јуни од Лига на нации, од денес (26. мај 2022), можат да купат билети за мечот на стадионот „Хувефарма“ преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.
Цената на билет за натпреварот е 600 денари (вклучено ДДВ и достава).
На следниот линк ТУКА може да купите билети за натпреварот Бугарија – Македонија:
Продажбата ќе трае до понеделник (30. мај 2022). Своите билети за натпреварот, купувачите ќе ги добијат во вторник (31. мај 2022), преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите.
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со пополнување на бараните податоци за идентификација (име и презиме, датум на раѓање, број на пасош, контакт телефон).
Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации, додаваат од ФФМ во интегралниот текст за медиуми.
Спорт
Шанса ќе добијат сите. Треба да продолжиме да бидеме конкурентни во Европа

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција зборуваше за подготовките и натпреварите на најдобрата селекција од новото издание на Лига на нации.
На првиот собир на нашата репрезентација денеска, пристигнаа дел од фудбалерите, а ќе се комплетира во текот на наредните денови.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
– Поради повреда на стопалото, капитенот Стефан Ристовски нема да биде во можност да се стави на располагање за јунските натпревари. Аријан Адеми и Адис Јаховиќ се ослободени за подготовките и натпреварите поради напорната сезона и честите повреди, додека Ердал Ракип поради свои приватни причини, исто така нема да биде дел од тимот за овој собир. Тихомир Костадинов е во процес на рехабилитација од повредата на коленото.
– Ние сме во група со квалитетни противници. Квалитетот е израмнет, а јас не го запоставувам ниту Гибралтар, иако многумина го сматаат за аутсајдер. Нашата цел е освојување на првото место во септември кога завршува циклусот. Не чекаат шест тешки натпревари, а не само еден или четири.
– Императив во оваа селекција е секој да го даде најдоброто од себе. Фудбалерите да покажат дека имаат потенцијал, да го дадеме максимумот и на крајот да видиме што ќе ни донесе тоа. Ниту јас, ниту стручниот штаб не живее во минатото. Зад нас ги оставаме Италија и Португалија и ќе се обидеме најдобро што можеме да се носиме со новите предизвици.
– Шанса за настап и за потврда на својот потенцијал ќе добијат сите, ќе правиме ротации, а ќе бидеме задоволни ако го видиме квалитетот и потенцијалот на фудбалерите покажувајќи ни дека можеме да сметаме на нив во иднина, затоа што за нас целта останува ЕП 2024.
Базата ја имаме, ја направивме во 2015/16, сега го освежуваме тимот со млади фудбалери од репрезентацијата до 21 година. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни во Европа, но треба да продолжиме во таа насока.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за 27 мај (петок)
-
Хороскоп17 часа
Редовен Хороскоп за сабота (28 мај)
-
Македонија1 ден
Предмалку регистриран земјотрес во Македонија
-
Кичево1 ден
Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“
-
Кичево3 часа
Вчера кај кичевското с. Подвис возило Југо излетало од коловозот, констатирани се тешки телесни повреди врз учесник
-
Временска прогноза3 часа
Викенд прогноза: Локално невреме па одново спарно и тешко
-
Магазин1 ден
Samsung ја покажа моќта на новиот сензор од 200 MP
-
Магазин1 ден
Инстаграм не им функционираше на многумина, проблемите сега се решени