Кичево
Факти за Кичево, место каде најчесто се поминува, а ретко се застанува

Центарот на Западна Македонија – местото каде што најмногу се поминува, а најмалку се застанува.
Со револуцонерен и преродбенички дух, авангарден во своето постоење гордо го носи епитетот „местото каде што се роди идејата за слободна Македонија.“
Околу 30 000 жители во градот и околу 50 000 жители во целиот регион, се домаќини на сите знаменитости кои се дел од македонската целост!
За градот се пишувало уште пред повеќе од ИЛЈАДА ГОДИНИ! Првпат се споменува во една повелба на византискиот цар Василиј II во 1018 година, со топонимот Кицавис!
Кичевскиот крај е најбогатиот шумски регион кој зафаќа 19,7 % од вкупните шуми во Македонија!
Во близина на Кичево, кај селото Извор, се наоѓа изворот на Треска – четвртата најголема река во Македонија! Долината на
Треска тече по јужниот дел на Кичевската Котлина, па потоа минувајќи низ цело Порече, се влева во Вардар кај Ѓорче Петров во Скопје.
На 15 километри западно од Кичево, во близина на Горно Добреноец, по текот на реката Студенчица се наоѓаат Самовилските водопади – на надморска височина од 1250 метри.
На 10 километри од Кичево се наоѓа еден од најпознатите средновековни манастири во Македонија – манастирот „Света Богородица – Пречиста“ (Кичевска) изграден во 1316 година.
✳ Во XIX век, овој манастир станува центар на преродбата на македонскиот народ. Овде се отворени и првите ќелијни училишта каде што учителстувале првите македонски преродбеници Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски – за кој се знае дека имал потекло од Кичевско.
✴ Во кичевското село Кнежино, се наоѓа манастирот „Свети Ѓорѓија“ основан во XI век. Во манастирскиот двор се наоѓаат две чешми од коишто потекува изворска вода која народот ја смета за лековита.
✴ На самиот центар на градот, се наоѓа познатото археолошко наоѓалиште Китино Кале – денес уреден парк за рекреација со големи туристички потенцијали. Според легендата, на Калето се наоѓала тврдината на Кита (сестрата на Крале Марко) која во XIV век владеела со градот и целата област. По Кита – и градот го добил името Кичево.
✴ Регион на голем број на револуционери и војводи од илинденскиот период: Јордан Пиперката од Козица, Ванчо Србаков од Вранештица, Дуко Тасев од Јудово, Арсо Мицков од Подвис, Наќе Јанев од Лавчани итн.
Населението во Кичевско масовно учествува во Илинденското востание, а на 4 август помеѓу селата Карбуница и Кладник се одиграла најславната битка по Востанието во Кичевско – Битката на Ѓурѓејца во којашто востаниците имале убедлива победа, додека на страната на османлиската војска се броеле големи загуби.
Во спомен-костурницата во Кичево се наоѓаат посмртни останки на 555 борци кои во текот на војната загинале за ослободување на Кичево и Македонија!
Од нив, вкупно 323 жртви биле од Кичево и Кичевско (217 борци и 106 цивилни жртви) и уште 232 борци од други краишта на Македонија и тогашна Југославија!
Првиот ослободен град во Македонија во Втората светска војна! На 11 септември 1943 година, Првиот и Вториот мавровски одред го заземаат Кичево, а следниот ден им се приклучил и Првиот македонски батлајон „Мирче Ацев“ со што била создадена слободна територија од Буковиќ на север до с. Ботун на југ. Слободната територија траела само 21 ден.
Кичево во рок од една година (1943 – 1944) е вкупно шест пати ослободуван од балистичкиот окуптарот и со тоа го носи епитетот „најослободуван“ град!
✴ Во центарот на градот се наоѓа музејот „Западна Македонија во НОБ“ во зградата којашто во слободната територија била седиште на Главниот штаб на НОБ.
✴ Во кичевското село Подвис е отворено ПРВОТО училиште со настава на македонски јазик во слободна македонска територија. Првиот учител бил Василко Лазарески.
✴ Кичево е родно место на еден од најшколуваните Македонци од почетокот на XX век – Владимир Полежиноски, доктор на Сорбона, секретар на Првото заседание на АСНОМ. Протеран на Голи Оток во 1951 година!
✴ На планинскиот огранок Лопушник, јужно од Бистра, за време на НОБ се наоѓал главниот штаб на НОБ и ПОМ. На ова место загинал и македонскиот револуционер и поет Кочо Рацин и тука се наоѓало неговото прво почивалиште.
За ПОРТА.мк пишува Х.Аџиоски, дел од нашиот тим на најпопуларната фејсбук група Парувања низ Македонија
Кичево
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило

Љубителите на чисти и уредни автомобили во Кичево отсега имаат нова, модерна опција за миење и одржување на своето возило. Самопослужната автоперална „Fi-Go“ е отворена и нуди практична услуга за чистење на автомобилот во секое време – благодарение на работното време 24/7, и се наоѓа на локацијата ТУКА
Што нуди „Fi-Go“?
-
Пена: 30 секунди за 10 денари – за ефикасно нанесување на средство за чистење и отстранување нечистотии.
-
Вода: 60 секунди за 10 денари – за темелно испирање на возилото.
-
Правосмукалка: 45 секунди за 10 денари – за брзо и прецизно чистење на ентериерот.
Начини на плаќање
Плаќањето е лесно и достапно за сите – се прифаќаат монети, книжни пари.
Зошто да ја изберете „Fi-Go“?
-
Брзина: За само 10 минути можете целосно да го освежите автомобилот.
-
Флексибилност: Работи 24 часа, секој ден во неделата.
-
Едноставност: Лесно ракување со апаратите и брза услуга.
Ако сакате вашето возило секогаш да биде чисто без да трошите многу време и пари, „Fi-Go“ во Кичево е идеалниот избор. Посетете ја и уверете се во квалитетот на услугата!
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
-
Кичево13 часа
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Македонија2 дена
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Временска прогноза2 дена
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Спорт4 часа
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Спорт1 ден
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Македонија6 часа
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Македонија18 часа
(ВИДЕО) Два хеликоптери на МВР и еден на АРМ утрово дејствуваат над пожарите во Чучер Сандево, Чучер и Блаце