Спорт
Ферстапен исто така ја освои Канада

Шеста победа на Ферстапен оваа сезона
Возачот на Ред Бул и официјален светски шампион Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Канада.
Ферстапен дојде до нова победа во сезоната во Канада
Ферстапен е во животна форма, па продолжи да доминира во Канада, постигнувајќи го шестиот триумф во девет трки сезонава.
Иако без радио комуникација со боксот, кој функционираше еднонасочно, тој одлично ја извозе целата трка. Како што велат во неговиот тим, „не слушнал на радио, ние не, но веројатно немал замерки“.
Драматично беше на самиот крај на трката, во последниот круг тој вешто го одби нападот на возачот на Ферари Карлос Саинс и прв ја мина целта.
Третото место му припадна на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, за кого ова е прв подиум во сезоната.
Четврти беше Џорџ Расел од Мерцедес, а петти Шарл Леклер од Ферари. Потоа низ целта минаа возачите Алпина, Естебан Окон и Фернандо Алонсо, а потоа Ботас и Гуанџу од Алфа Ромео. Десеттото место му припадна на Строл од Астон Мартин.
Ферстапен е прв во генералниот пласман со 175 бодови, Перез има 129, а трет е Шарл Леклер со 126.
Следната трка се вози во Европа, на патеката Силверстоун, за Големата награда на Британија на 3 јули.
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (29 јуни)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Македонија2 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Скопје1 ден
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника1 ден
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!