Спорт
ФФМ: Активирана суспензија за фудбалскиот терен на Неготино
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за натпревари, на вондредна седница по прегледаните извештаи и снимки од натпреварот во рамки на 4. коло од Втора МФЛ одигран на ден 25.09.2024 година на Градскиот стадион Неготино помеѓу екипите на ГФК Вардар Неготино- ГФК Охрид Лихнидос поради физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на ГФК Охрид Лихнидос, комисијата донесе одлука според член 94 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Градски стадион Неготино.
Суспензијата како што наведува ФФМ во своето соопштение за јавноста стапува на сила веднаш.
Спорт
Две македонски судијки добија ФИФА знак, додека македонската „А“ футсал репрезентација ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора
Уште едно големо признание од страна на ФИФА доби судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија. Две наши судијки официјално го добија знакот на ФИФА со кој им е овозможено да делат правда на меѓународни натпревари. Тамара Цветановиќ официјално стана ФИФА помошен судија, а Моника Даштевска стана футсал судија.
Футсал А репрезентација на Македонија кон средината на декември ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
Првиот од двата квалификациски мечеви го играме на гостински терен портив силната Холандија. Дуелот ќе биде одигран на 13. декември, во Алмере, со почеток од 19.30. Во вториот квалификациски меч, на домашен терен ја пречекуваме Андора. Натпреварот против Андора ќе се одигра на 18. декември со почеток во 19. часот, во спортската сала „Јане Сандански”.
Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски за претстојните квалификациски мечеви со Холандија и Андора се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Антонио Петровски
Иван Стојановски
Никола Спасовски
Зоран Левски
Таулант Исмаили
Даниел Марињо Де Соуза
Марио Благојевски
Садат Зибери
Драган Петровиќ
Игор Леовски
Димитар Јанев
Јакуп Рамадани
Иван Крстевски
Даниел Марихио Де Соуза
Извор: ФФМ
Спорт
Познати 1/4 финалните парови за Купот на Македонија во фудбал, додека Комисијата за натпревари изрече службена победа за гостинска екипа
Денеска на „Куќата на фудбалот“ беа извлечени четвртфиналните парови за најмасовното натпреварување во нашата земја, Купот на Македонија. Осум екипи ќе се борат за трофејот кој минатата сезона го освои Тиквеш од Кавадарци.
1/4 финале, Куп на Македонија:
СТРУГА Трим Љум – ГОСТИВАР
ДЕТОНИТ Плачковица – ШКЕНДИЈА
БРЕРА Академија Пандев – АРЕСИМИ
ВАРДАР – СИЛЕКС
Натпреварите се играат на 26. февруари 2025 година со почеток во 14:00 часот.
Што се однесува до комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), службено со 0:3 во корист на гостинската екипа го регистрираше натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје од 15. коло во Втора МФЛ.
Мечот во Македонска Каменица беше прекинат во 71. минута при резултат 1:1. Исто така, комисијата донесе одлука за суспензија натеренот на ФК Каменица Саса во Македонска Каменица за одигрување на натпревари. Одлуката е во сила се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ.
Одлуките на Комисијата за натпревари се донесени врз основа на извештаите на официјалните лица од натпреварот (судии и делегат). Натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје беше прекинат поради вербален и физички напад на претставници на гостинската екипи.
Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ, исто така, го предаде на дисциплинска комисија тимот на ФК Башкими. За евентуални санкции за екипата од Куманово ќе решава дисциплинската комисија на ФФМ поради лоша организација на мечот ФК Башкими – ФК Брегалница од 15. коло во Втора МФЛ.
Извор: ФФМ
Спорт
Во Охрид започнаа градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион
Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето она кое што го правиме, вложуваме во спортската инфраструктура, некако како круна ќе ни дојде градскиот стадион кој што по завршување на комплетниот проект ќе биде со доволен број на седишта или над 8.000 седишта.
Со тоа стадионот ќе добие А лиценца за одигрување на натпревари на репрезентативно ниво и секако и меѓународни натпревари.
Исто така ќе добие и модерно осветлување, а следното кое што ќе го вложуваме тука ќе биде и нова трева со најнова технологија, нешто по принципот на спортскиот стадион во Скопје за да имаме што е можно подобри услови за спортистите, не само тука за локалните клубови туку и сите оние кои што ќе гостуваат или пак ќе доаѓаат на припреми во иднина. Коинвеститор на реконструкцијата е Фудбалската федерација на Македонија.
– Горд сум што Охрид и Македонија ќе добијат стадион по светски стандарди, предмалку за јавноста истакна градоначалникот на град Охрид, г-дин Кирил Пецаков на неговата социјална мрежа.
Извор: Градоначалник на град Охрид, Кирил Пецаков
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (12 декември)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за петок (13 декември)
-
Временска прогноза15 часа
Викенд метео вести: Доаѓа нов ладен и влажен бран кој ни носи дожд, силен ветер и снег на места под 1000 н.м.в, што значи превој „Стража“ би можел повторно да биде под снег
-
Магазин1 ден
Не секој iPhone е ист: Како да дознаете од каде доаѓа вашиот уред
-
Магазин2 дена
Експертите објаснуваат дека Биткоинот соборува рекорди поради фактори кои не се поврзани со Трамп
-
Спорт2 дена
Две македонски судијки добија ФИФА знак, додека македонската „А“ футсал репрезентација ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора
-
Магазин1 ден
iOS 18.2: Вештачката интелигенција го прави iPhone попаметен
-
Магазин1 ден
Threads тестира напредни функции за пребарување