Следете не

Спорт

ФФМ распредели фудбалски топки за клубовите во Македонија, Сејдини истакна дека базичниот фудбал се третира на вистинско ниво

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија распределува 5.680 фудбалски топки (FIFA QUALITY PRO „IMS – International Match Standard“) на младинските клубовите од сите категории (младинци, кадети, пионери, помлади пионери, петлиња, помали петлиња) во рамки на натпреварувањата за млади категории на ФФМ.

– „Со континуираната помош и во финансиска и во техничка смисла (опрема, фудбалски топки, трошоци за патување, официјални лица), ФФМ потврдува дека на младинскиот фудбал веќе одамна не се гледа како на ентузијастички придонесувач. Важно е што покажуваме дека базичниот фудбал се третира на вистинско ниво. Ќе продолжиме во таа насока“, за јавноста истакна Муамед Сејдини – претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Со последната донација на ФФМ за распределба на 5.680 фудбалски топки, вклучени се вкупно 122 клубови.

Спорт

Изов даде своја анализа за Грузија, предводникот на женската фудбалска репрезентација очекува да се покажеме во добро светло

Објавено пред

на

©ФФМ

Женската репрезентација на Македонија во Тбилиси ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Грузија. Контролните натпревари ќе бидат одиграни на 25 и 28 февруари.

Нашите фудбалерки вчера официјално ги започнаа подготовките за претстојните дуели против Грузија. Селекторот на на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов даде своја анализа и коментар за претстојните предизвици

– Нашиот следен противник, репрезентација на Грузија беше во последниот квалификациски циклус, беше дел од дивизијата Ц во рамките на Групата на нации. Се работи за тврд противник, составен претежно со фудбалерки кои играат во домашното првенство. Во последниот период оваа репрезентација во континуитет се подобрува и напредува, постигнувајќи се подобри резултати.

– Во овој двомеч очекуваме да се покажеме до добро светло. По завршувањето на квалификацискиот циклус во рамките на Лигата на нации дојде до голема промена  и подмладување на нашиот играчки кадар. Овие два натпревари ќе бидат одлична можност за нашите млади фудбалерки подобро да се вклопат во нашиот систем на игра и да дебитираат во репрезентацијата на Македонија.

– Ќе ги искористиме овие два контролни натпревари, за да се подготвиме подобро и да видиме кои од повиканите млади фудбалерки би можеле да донесат свежина и поголем квалитет во наредниот циклус на квалификации за Европско првенство 2025 година.

– Поголемиот дел од нашите фудбалерки сеуште не се во посакуваната натпреварувачка форма и тоа е нормално со оглед на тоа што кај нас сеуште не е започнат пролетниот дел на првенството. Фудбалерките кои играат во странство се веќе во натпреварувачки ритам и се наоѓаат во одлична форма, посебно нашиот капитен Наташа Андонова која игра во врвна форма во својот Леватне во Шпанската прва лига.

– Атмосферата во селекцијата е одлична. Поскусните фудбалерки како Андонова, Рочи, Мустафа, Коларовска и Максути се одлична поддршка на младите фудбалерки.

– Во април почнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2025 година, со нетпрение ги очекуваме нашите противници. Верувам дека ке имаме одлични квалификации и ќе постигнеме добри резултати. Се надевам дека ќе го поправиме лошиот впечаток од настапите во првото издание од Лигата на нации.

Прочитај повеќе...

Спорт

Фудбалската федерација на Македонија одржа работилница со лицата задолжени за односи со медиумите на клубовите од македонската фудбалска лига

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија организираше работилница наменета за лицата во клубовите од Прва и Втора МФЛ и Прва женска фудбалска лига задолжени за односите со медиумите.

Во дигиталната ера која постојано се развива, улогата на лицата одговорни за односите со јавноста е клучна во обликувањето на јавната перцепција за фудбалските клубови, играчите и другите засегнати страни.

Семинарот имаше за цел да ги подготви и да им даде насоки на одговорните лица во клубовите за ефективно управување со односите со медиумите и обезбедување точна и навремена комуникација со јавноста и медиумите.

Беа опфатени низа теми, вклучително и управување со социјалните медиуми и користењето на најдобрите практики за одржување позитивни односи со новинарите. Учесниците на работнилницата беа вклучени во интерактивни сесии кои покриваа различни теми, но фокусот беше ставен на проактивен медиумски ангажман, искористување на моќта на платформите на социјалните медиуми, односите со новинарите и потребата од интервјуирање и изјави.

– Веруваме дека овој семинар ќе биде од корист за подобрувањето на нивните професионални способности и придонесот за севкупниот успех на нивните клубови. Исто така, ќе поттикне посилни канали за комуникација помеѓу клубовите, медиумите и пошироката фудбалска заедница, а тоа ќе придонесе за севкупниот успех и угледот на клубовите во нашата држава, истакнаа од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на зимски камп во Кичево до 25 февруари

Објавено пред

на

Извор: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2008 година), моментално се наоѓа во Кичево на зимски тренинг камп, каде што ќе се проверува и подобрува  моменталната физичка форма на играчите пред претстојните предизвици.

Тренинг кампот на младата селекција на Македонија ќе трае до 25. февруари.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Раде Каранфилоски за моменталните подготовки во Кичево, ги повика следните фудбалери:

Антониј Трајковски   Работнички

Дарко Јовчев   Македонија Ѓ.П.

Александар Трајков   Академија Пандев

Енвер Фејзуловски   Пелистер

Мартин Џангаровски   Академија Пандев

Симон Крстев   Брегалница

Ристе Стоилов   Академија Пандев

Матео Кесиќ   Академија Пандев

Лука Варошановски   Академија Пандев

Лорен Жаку   Воска

Матеј Герасов   Работнички

Давид Ангелевски   Пелистер

Флорент Османи   Шкендија

Блерон Бајрами   Вардар

Алек Сиваков   Пелистер

Стефан Бујаровски   Вардар

Јован Мармачовски   Пелистер

Александар Грашески   Њу Старс

Бленди Ганиу   Шкупи

Габриел Талевски   Академија Пандев

Костантин Апостоловски   Работнички

Алесандро Грујоски   Лундс

Дени Османовски   Хлесинборг

Душан Бојовиќ   Вардар

Матеј Сејменов   Академија Пандев

Капитенот на нашата млада селекција на Македонија, Александар Грашески, даде свој коментар за досегашниот дел од зимските подготовки во Кичево.

– Имаме одлични услови и се тренираме напорно на овие подготовки, работиме со добра динамика и напредуваме во континуитет. 

-Владее позитивна атмосфера во репрезентацијата. Сите сме максимално фокусирано на овие припреми и се трудиме од ден во ден да бидеме се подобри.

-Верувам дека оваа генерација на фудбалери има квалитет и може да се надева на остварување на успех. Мораме да функционираме како еден колектив, само така можеме да оствариме и да направиме нешто големо.

-На есен не очекуваат квалификациите за пласман на Европско првенство. Имаме доволно време и можност да се подготвиме на највисоко ниво до тогаш.

– Веруваме во нашите квалитети, имаме одлична комуникација со нашиот селектор и стручниот тим, подготовките течат во најдобар ред, сите заедни веруваме во успех.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп12 часа

Хороскоп за сабота (24 февруари)

ОВЕН Доколку се занимавате со приватен бизнис, може да очекувате дека ќе бидете многу успешни и дека финансиите ќе одат...

Спорт14 часа

Изов даде своја анализа за Грузија, предводникот на женската фудбалска репрезентација очекува да се покажеме во добро светло

Женската репрезентација на Македонија во Тбилиси ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Грузија. Контролните натпревари ќе бидат одиграни...

Театар14 часа

За својот роденден „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево со нивната најнова урнебесна комедија, во среда од 19ч сите патишта водат кон НУЦК „Кочо Рацин“, бидете таму!

Овој месец популарните тв ликови од „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево, каде за прв пат во нашиот град ќе...

Занимливости15 часа

Откриен целосен фосил „змеј“ стар 240 милиони години

Меѓународен тим на научници во јужна Кина го откри првиот целосен фосил на воден рептил долг пет метри од периодот...

Технологија19 часа

Директорот на „Интел“ со отворена понуда за меѓусебна соработка на „AMD“ и „nVIDIA“

Во технолошкиот свет, големите компании се како „маче“ и „куче“ во светот на животните – не се сакаат и не...

Кичево24 часа

Телефони во раце за Владо од Кичево да продолжи со лекување, ајде народе да се обединиме, поголемиот дел на финансиите се собрани!

Почитувани добри и хумани луѓе, наши сограѓани, познаници, пријатели и добронамерници, изминува еден месец каде нашиот сограѓанин од Кичево Владо...

Спорт1 ден

Фудбалската федерација на Македонија одржа работилница со лицата задолжени за односи со медиумите на клубовите од македонската фудбалска лига

Фудбалската федерација на Македонија организираше работилница наменета за лицата во клубовите од Прва и Втора МФЛ и Прва женска фудбалска...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (23 февруари)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Спорт2 дена

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на зимски камп во Кичево до 25 февруари

Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2008 година), моментално се наоѓа во Кичево на зимски тренинг камп,...

Автомобили2 дена

Што значат бројките и буквите на гумите?

На гумите има многу различни ознаки, секоја од нив има специфична функција, односно секој е важен на свој начин. За...

НАЈЧИТАНИ