Спорт
ФФМ дел од кампањата на ЕУ и Советот на Европа – „Блокирај ја омразата. Сподели љубов“

Препознавањето на омразата во нашето општество е првиот чекор за борба против истата како и да нé освести дека дури и најмалите гестови или постапки во нашето секојдневие се важни за да се обезбеди толеранција и почитување и да се дојде до крајната цел, а тоа е мир и помирување во нашето општество.
Токму ова беше поентирано на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубовта!“, која е фокусирана на борбата против говорот на омраза.
На настанот главните пораки на кампањата ги споделија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, Првата дама на Република С. Македонија, г-дин Фрејк Јанмат, Оперативен раководител за економски развој, владеење на право и јавна администрација од Делегација на ЕУ во Скопје, г-ѓа Весна Бендевска, претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и г-дин Филип Поповски, генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.
Кампањата „Блокирај ја омразата. Споделете ја љубовта!“ има за цел да ја подигне свеста за различните форми на говор на омраза насочена кон одредени заедници и поединци во македонското општество и начините за борба против него. Во текот на следните месеци ова движење за подигање на свеста ќе се прошири „онлајн“ преку веб и каналите на социјалните медиуми, како и преку јавните настани. Кампањата ќе вклучи истакнати јавни личности, важни институции и клучни активисти за човекови права, кои ќе промовираат различност и еднаквост во локалните заедници и во регионот, преку лични раскажувања, сведоштва и размена на позитивни пактики.
Фудбалката федерација на Македонија дава континуираната поддршка
на нашите партнери со кои ја споделуваме оваа благородна кампања за „толеранција“, „почит“, „разноликост“, „мир“.
Во своето излагање, Филип Поповски, генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија ја нагласи важноста на борбата против говорот на омраза во секое поле на општеството, вклучително и спортот.
„ФФМ преку својата платформа ја нагласува нашата цврста заложба за славање на инклузивноста и различноста. Нашата игра зближува различни националности и вероисповеди. Тоа значи ширење на пријателство, еднаквост и промовирање на здрав начин на живот и спортска култура. Ги охрабрувам сите млади и повозрасни активно да се вклучат во кампањата и да ја пренесуваат пораката на овој проект за присуство на мирот, пријателството и еднаквоста на спортските терени, како и во секојдневниот живот.“
„Како водечко фудбалско тело во државата постојано и низ промотивни пораки и кампањи, но и со учество на нашите фудалери од репрезентацијата и клубовите во македонската лига праќаме силна порака дека во спортот нема место за расизам, дискриминација и нетолеранција, а нашата федерација има политика на нула толеранција кон таквото однесување“.
Во своето обраќање, сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска посочи дека единствениот адекватен одговор на омразата кон различноста е почитување на достоинството на различните со што на дело ја блокираме омразата и ја споделуваме љубовта разбрана како грижа за вроденото достоинство на ранливите. „Верувам дека тоа може да се постигне само со одговорно користење на слободата на говорот. Ниту едно човеково право не е исклучиво, туку е споделено. Правото за едниот е право и за другиот и споделена обврска за сите членови на општеството“, рече г-а Ѓоргиевска.
Фрик Јанмат, Раководител за операции за економски развој, владеење на правото и јавна администрација во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, ја истакна неодамнешната иницијатива на Европската комисија „Комуникација до Европскиот парламент и Советот“, за проширување на листата на ЕУ за злосторства од говор на омраза и кривични дела од омраза, и на тој начин овозможуваат ефективен и сеопфатен казнено-правен пристап кон овие појави на ниво на ЕУ, заедно со доследна заштита на жртвите на таквите дела.
„Како и да е, говорот на омраза и кривични дела од омраза треба да се решат и преку превенција преку препознавање на овие опасни појави. Затоа, и засегнатите страни и граѓаните, младите и возрасните, можат да се соединат во решавањето на овие прашања, почнувајќи од соработка, образование и подигање на свеста, повторно воспоставување дебатна култура која се заснова на меѓусебно почитување и преку размена на аргументи и контра-аргументи, почитување на човечкото достоинство, прифаќање на различностите.“, нагласи Jанмат.
Претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска истакна „Поракта на оваа кампања треба да допре до секој граѓанин, посочувајќи на реалната опасност од говорот на омраза што е се поприсутен меѓу нас во сите сфери на живеењето, особено на социјалните медиуми. Токму затоа оваа кампања е насочена кон говорот на љубов, бидејќи љубовта е чин на одобрување, не дискриминација, прифаќање и толеранција без разлика на раса, етничка, религиска, политичка или сексуална припадност. Не се сите видови дискриминатроски активности предизвикани од говор на омраза, но речиси секој говор на омраза се базира на дискриминација. “
Познати јавни личности од Северна Македонија се јавија за поддршка на оваа кампања како амбасадори за борба против говор на омраза меѓу кои: Луљета Адеми – граѓански активист; Денис Јанкуловски – медицински работник и Европеец на годината 2021 година; Силвана Мучиќ Плевнеш – позната пејачка и дел од популарната група Силви Бенд, Огнен Јанески – ТВ водител и активист за човекови права; Бесфорт Идризи – актер; и младата европска амбасадорка Дона Срдиќ. Тие имаа можност да ги споделат своите пораки за време на почетокот на настанот и го кренаа својот глас за слободно општество без омраза и дискриминација.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
Спорт
Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).
Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.
Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.
Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.
Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.
Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.
Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.
Честито Ноле!
Спорт
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање

Во рамки на денешниот ден на традиционалниот фудбалски турнир во с.Староец кичевско се одиграа натпревари согласно транспарентното ждреб извлекување.
Турнирот пред присутните свечено го отвори претседателот на ЗРР “Иванден-Староец”, г-дин Владо Симјановски кој посака топло добредојде на сите жители, гости, спортисти и пријатели.
– Со особена чест и голема радост ве поздравувам и ви посакувам топло добредојде на денешниот настан – традиционалниот турнир во мал фудбал, организиран по повод големиот празник – раѓањето на Св. Јован Крстител – Иванден.
Овој ден има особено значење за нашето село и нашата заедница. Иванден не е само религиозен празник, туку симбол на духовна обнова, заедништво, традиција. Токму затоа, овој турнир не е само спортски настан, туку и начин да се собереме, да се поврземе и да го одбележиме празникот со младешка енергија, фер игра и дружење.
Голема благодарност до сите учесници, организатори, поддржувачи и спонзори кои го направија овој турнир можен. Ви посакувам фер и борбена игра, исполнета со спортски дух, пријателство и почит. А на гледачите – да уживаат во добар фудбал и празничната атмосфера.
Нека Иванден ни донесе здравје, мир, благосостојба и уште многу вакви заеднички собири во иднина.
Нека ни е честит празникот и нека биде успешен турнирот, заврши Симјановски, така што пред турнирот да биде официјално отворен, беше оддадено едноминутно молчење, во знак на почит за прерано починатото момче, во трагична сообраќајка – Димитар Трајчевски кој влече корени од селото.
Ова се денешните резултати:
- Пунџа Слобода – Клас Македоски Брод резултат 1:2
- Мајстори 1 – Рибник Добреноец резултат 1:3
- Кај Кумот-Кафе Фрст Македонски Брод резултат 6:2
- Напредок-Роденденски Пињати резултат 0:3
Утре (понеделник) фудбалскиот турнир влегува во својата финална завршница, каде со старт од 16:00ч присутните ќе можат да уживаат во прекрасната природа, вкусна храна и ладен пијалок.
Распоред на натпревари:
1.Староец-Рибник Добреноец (прв меч)
За полуфинална борба:
1.Клас Македонски Брод
2.Рибник Добреноец
3.Кај Кумот
4.Роденденски Пињати
5.Староец
Спортски поздрав, се гледаме таму!
-
Кичево7 часа
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“
-
Кичево2 дена
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Македонија1 ден
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Македонија2 дена
(ВИДЕО) Два хеликоптери на МВР и еден на АРМ утрово дејствуваат над пожарите во Чучер Сандево, Чучер и Блаце
-
Македонија2 дена
Цената на бензините се намалува, додека на дизелот се покачува
-
Македонија1 ден
Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово