Спорт
ФФМ ги објави критериумите за учество на „УЕФА Ц курс“
Пред пополнување на пријавата, молиме добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА Ц курс објавени во детали во документот подолу, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество.
Ве информираме дека едукативниот центар при ФФМ отвора конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Ц курс.
За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни соодветниот онлајн прашалник кој е отворен најдоцна до 13.09.2024. По овој датум, прашалниците автоматски стануваат неактивни и конкурсот завршен, а понатамошната комуникација во врска со курсот ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои уредно го пополниле прашалникот.
ФФМ го задржува правото да конкурсот биде затворен и порано од наведениот краен рок.
Ненавремено и неуредно пополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на претстојниот УЕФА Ц курс.
Кон пополнување на пријавата може да се пристапи на линкот подолу а истиот ги содржи и датумите за одржување на курсевите:
https://forms.office.com/e/4MfKKF1reL – Линк за пријава на УЕФА Ц курс (Модул 1 29.09-03.10.2024 / Модул 2 ТБД Ное. или Дек. 2024)
За можни нејаснотии или дополнителни прашања пред апликација, можете да се обратите на следниот е-маил:
ОСНОВНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА УЕФА Ц КУРС во ФФМ – Септ. 2024.pdf
За јавноста известуваат од ФФМ.
Спорт
Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф
Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја освои втората позиција во квалификациската група и ќе обезбеди пласман во баражот за Светското првенство.
Бидејќи натпреварот има директно елиминациско значење, УЕФА одлучи да испрати врвен судиски тим. Главна улога ќе има Холанѓанецот Дани Макеле, кому ќе му асистираат Хесел Стегстра и Јан де Фрис, додека четврти судија е Марк Нагтегал. Вар-центарот ќе го раководи Пол ван Бокел како главен ВАР-судија и помошникот Рихард Мартенс од Холандија, исто така врвни професионалци.
– Макеле, 42-годишен полициски службеник од Дордрехт, е носител на ФИФА-беџ од 2011 година. Тој беше дел од судискиот тим на Светското првенство во Катар 2022 и учествуваше на последните две европски првенства. Меѓу неговите најистакнати назначувања се финалето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн пред пет години, како и финалето во Лига Европа помеѓу Севилја и Интер.
Инаку Макеле три пати ја делел правдата на македонската репрезентација, имено во 2016 година во Скопје против Италија (пораз 3:2), во 2019 година на дуелот со Словенија кога славевме со 2:1, како и во 2021 година против Германија на арената „Тодор Проески“, кога гостите победија со 4:0, а ние ја имавме честа да направиме една одлична галерија од тој величествен натпревар, иако резултатот беше на наша негатива.
Тој важи за еден од најискусните европски арбитри, со богато портфолио од околу 750 натпревари. Во оваа бројка се вклучени 362 меча од холандскиот шампионат, 54 натпревари во Лигата на шампионите, 18 во Лига Европа, како и 31 квалификациски дуел за Европските и Светските првенства.
Спорт
(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите го отворија уште во 6-тата минута, додека вториот погодот беше реализиран во второто полувреме во финишот на мечот, односно во 80-тата минута од натпреварот.
– Селекторот Влатко Колев може да биде задоволен од прикажаната игра, иако пријателскиот меч беше со негативен резултат, затоа што од она што го видовме на терен момците покажаа карактер и верба, се разбира и мотив, додека пријателските контролни мечеви се токму еден тест за големите очекувања.
Претходниот контролен меч кој се играше пред 2 дена во Турново, заврши со резултат 1:1, каде стрелец на единствениот гол од слободен удар беше охриѓанецот Давид Лиотоски
Да потсетиме, нашето момче од Кичево, Стефан Војчески кој ги брани боите на „АП Брера“ од Струмица одигра одлични 45 минути, исто така беше дел и од претходниот меч.
Спорт
(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија.
Првиот меч заврши без победник, односно 1:1. Стрелец на голот за нашата селекција беше одличниот Давид Лиотоски, додека нашиот кичевчанец Стефан Војчески одлично се покажа. Поради тој факт, денес сме присутни и очекуваме уште подобра подготвеност.
Натпреварот во живо проследете го во продолжение:
-
Кичево14 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Спорт1 ден(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Временска прогноза24 часаПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Спорт1 ден(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Македонија9 часаПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Здравје и убавина1 денАко ви недостасуваат протеини, овие намирници се вистинското решение за вас
-
Македонија1 денПоради сообраќајка прекин во сообраќај кај Валандово











