Следете не

Спорт

ФФМ ги одреди двојките за 1/16 финалето во Купот на Македонија, најмасовното натпреварување до сега

Објавено пред

на

©ФФМ

Во „Куќа на фудбалот“ денеска со извлекување беа одредени двојките од 1/16 финалето за новата сезона во најмасовното натпреварување во македонскиот фудбал.

Парови за 1/16 финале во Куп на Македонија:

ПОБЕДА – ГОСТИВАР

ЏЕПЧИШТЕ – ШКУПИ

КОЖУВ – АРЕСИМИ

ВАРДАР (Н) – БРЕРА

ЈЕНИ МАЛЕ – ШКЕНДИЈА

БРЕГАЛНИЦА (СЛОБОДНА)

БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

БАШКИМИ – ВОСКА СПОРТ

ОХРИД – БЕСА

ШКЕНДИЈА (А) – РАБОТНИЧКИ

КАРБИНЦИ – СИЛЕКС

БОРЕЦ – ДЕТОНИТ

СЛОГА 1934 – СТРУГА ТЛ

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

НОВАЦИ – ВАРДАР

Натпреварите од Купот на Македонија на програмата се на 18 септември. Освојувачот на ова натпреварување во минатата сезона, екипта на Тиквеш директно се пласира во 1/8 финалето.

Спорт

ФФМ на дечињата кои учествуваа во финалниот турнир во „Детската лига“ ќе им овозможи бесплатно да го следат мечот Македонија-Белгија од трибините на „Тодор Проески“

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ на сите деца кои учествуваа на финалниот турнир во Детската лига и на проектот „Ајде на фудбал“, за време на натпреварот меѓу Македонија и Белгија.

– Оваа одлука, иницирана од претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ е знак на благодарност и признание за вложениот труд и посветеност на над 2000 деца од 96 екипи кои се натпреваруваа во Детската лига, како и речиси 1000 ученици што беа дел од училишниот фудбалски проект.

Со оваа акција, ФФМ испраќа јасна порака за поддршка на младите фудбалски надежи, со цел да се зајакне љубовта кон спортот и да се мотивираат новите генерации да бидат дел од македонските репрезентации.

Источната трибина ќе биде наменета за овие млади спортисти, кои не се само гледачи, туку и симбол на иднината на македонскиот фудбал, пренесуваат од Фудбалската федерација на Македонија за јавноста.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Хамилтон се искритикува себеси по трката во Шпанија, по завршувањето на шесто место

Објавено пред

на

ФОТО: James Watson @ Unsplash.com

Возачот на Ферари имаше тешка трка на Големата награда на Шпанија и заврши на шестото место, а вината за слабата изведба ја презеде врз себе. Стартуваше од петтата позиција, но наскоро беше нападнат од својот тимски колега Шарл Леклер. По само девет круга, на барање на тимот, Хамилтон повторно ја презеде петтата позиција од Леклер.

Поголемиот дел од трката ја мина возејќи сам на петтото место, сè додека подолго задржување при второто влегување во бокс не му ја одзеде позицијата, која ја загуби од поранешниот колега од Мерцедес, Џорџ Расел. По појавата на безбедносното возило, имаше шанса да се врати напред, но беше претекнат од Нико Хулкенберг од тимот на Заубер.

„Што да кажам? Имав навистина лош ден. Беше тешко, ужасно. Немам што да додадам“, изјави Хамилтон за „Скај Спортс“, додавајќи дека нема смисла да се бара објаснување за трката. На прашањето дали тимот може да му понуди одговори, тој рече: „Не верувам. Веројатно јас сум проблемот.“

Хамилтон истакна дека не знае зошто настапот бил толку лош и дека ова можеби била најлошата трка во однос на рамнотежата на болидот. Инаку, тој е рекордер во Формула 1 по број на победи (105) и пол-позиции (104).

Следната трка во шампионатот ќе се одржи на 15 јуни во Монтреал, за Големата награда на Канада.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) „Градско дерби“, фудбалско надигрување, многу голови и фер плеј – Фудбалот е најубавиот спорт на светот!

Објавено пред

на

Во рамки на денешниот ден генерацијата 2014/2015 од ФК Кичево одигра пријателски натпревар со врсниците исто така од Кичево, екипата на ФК Влазрими. Одлично прикажана игра, фер плеј, маестрални акции, вистинска борба за постигнување погодок.

Големо браво за противничката екипа на ФК Влазрими и стручниот штаб за секогаш добрата организација, браво и до сите фудбалски актери на терен!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт46 минути

ФФМ на дечињата кои учествуваа во финалниот турнир во „Детската лига“ ќе им овозможи бесплатно да го следат мечот Македонија-Белгија од трибините на „Тодор Проески“

Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ на сите деца...

Хроника8 часа

При изведување градежни работи на автопат Кичево-Охрид од дрвена платформа паднал работник, жител на Кина

На 03.06.2025 во 07:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот...

Временска прогноза14 часа

Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во Македонија...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за среда (4 јуни)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

На денешен ден1 ден

Времеплов: На денешен ден – 3 јуни

На денешен ден 3 јуни, хронолошки подредени значајни настани што се случиле низ различни години и делови на светот. Еве...

Македонија1 ден

(ФОТО) СВР Охрид одржа работилници на тема „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“ со ученици од второ и трето одделение на основни училишта

СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици...

Македонија1 ден

МВР изрече кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против шест физички лица поради постоење основи на сомнение...

Автомобили1 ден

Новиот прототип на „Subaru“ се очекува да дебитира на „Japan Mobility Show 2025“

Главниот технолошки директор на Субару, Тецуо Фуџинуки, накратко зборуваше за новото возило, кое според тизер фотографијата најверојатно е поврзана со...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (3 јуни)

ОВЕН Учествувајте во она што се случува околу вас, во спротивно ќе бидете изоставени кога станува збор за донесување одлуки...

Спорт2 дена

Хамилтон се искритикува себеси по трката во Шпанија, по завршувањето на шесто место

Возачот на Ферари имаше тешка трка на Големата награда на Шпанија и заврши на шестото место, а вината за слабата...

НАЈЧИТАНИ