Спорт
ФФМ го суспендира за натпревари градскиот стадион во Кавадарци поради инцидентот кон вториот судија на мечот „ГФК Тиквеш“ – „Вардар АД“
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека теренот (Градски стадион Кавадарци) се суспендира според член 77, 87 и 90 од Правилник на натпревари на ФФМ поради напад (фрлено полно пластично шише) кон втор асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат.
Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ и е во рамки на натпревар од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 година
Комисијата за натпревари на ФФМ според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат ГФК Тиквеш 1930- ФК Вардар 0:3 го регистрираше овој натпревар, се вели во информацијата за јавноста на Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
(ГАЛЕРИЈА) „Четири од четири“ за екипата на ФК „Кичево“ која денес оствари убедлива победа во Ресен против екипата на ФК „Преспа“
Празничниот ден го заокружуваме со многу фудбал, односно нашата екипа ФК „Кичево“ во рамките на четвртото коло од регионалната лига во југозападниот регион на градскиот стадион во Ресен оствари убедлива победа против ФК „Преспа“ со резултат 0:3.
Стрелци на головите беа, одличниот Васко Грујоски со два погодоци и неуморливиот Сарџино Сарџоски со еден погодок, за голема победа „четири од четири“ – четири кола, четири победи.
Порта.мк: „Одлични фудбалски услови, домаќините покажаа максимум почит до гостите кои ги заслужуваат сите почести, честитки до управата и фудбалерите, покажаа борбеност и стил“
Игор Николаевски – тренер на ФК „Кичево“: Им честитам на нашите играчи, но и на гостинската екипа за играта. Што се однесува до нашата екипа денес успеавме да дојдеме до победа. Ќе продолжиме со работа во периодот пред нас, не чекаат нови мечеви со квалитетни фудбалски екипи. Се надевам дека ќе го задржиме нивото и ќе продолжиме со успешна реализација пред головите на противникот.
Фотогалерија од денешниот меч:
Спорт
Рафаел Надал заминува во спортска пензија!
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да се повлече од спортот, последните натпревари за Шпанија ќе ги одигра на крајот на ноември. Одлуката ја објави официјално на своите канали на социјалните мрежи, што не е премногу изненадување ако се знае дека долго време се мачеше со повреди, кои го спречија да игра колку што сакаше.
Посебно се „чувствуваше“ откако го освои својот 22 грен слем, за време на Ролан Гарос во 2022 година, по што повеќе не беше на своето вистинско ниво. Тој се обиде да се врати неколку пати, но дури и во Париз – каде што беше апсолутен господар – не направи разлика. Годинава тој веќе беше елиминиран во првото коло на Ролан Гарос кога на линија излезе Александар Зверев, додека последниот меч го одигра против Новак Ѓоковиќ – на истото место, на Олимписките игри. Исто така, тој немаше никакви шанси.
Mil gracias a todos
Many thanks to all
Merci beaucoup à tous
Grazie mille à tutti
谢谢大家
شكرا لكم جميعا
תודה לכולכם
Obrigado a todos
Vielen Dank euch allen
Tack alla
Хвала свима
Gràcies a tots pic.twitter.com/7yPRs7QrOi— Rafa Nadal (@RafaelNadal) October 10, 2024
Надал официјално ќе се пензионира по настапот за шпанската репрезентација во Дејвис купот, од 19 до 24 ноември, каде заедно со Карлос Алкараз има објективно добри шанси да се збогува со титулата. Сакаше тоа да го направи на Ролан Гарос, па барем во двојки на Олимписките игри, па ќе видиме дали „третиот ќе има среќа“.
Спорт
Македонската фудбалска репрезентација утре оди на победа, Милевски размислува за стартниот тим, Чурлинов и Трајковски се повредени
Македонската фудбалска репрезентација утре ги продолжува своите настапи во Лигата на нации со дуелот против Летонија во Рига. Нашиот национален тим влегува како фаворит во овој меч и тоа го потенцира селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција.
БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ – селектор на македонската А репрезентација: „Летонија има максимален респект од нас, но концентрацијата е на нашата игра и тоа како ќе изгледаме на терен. Потенцирам дека Македонија ќе се прашува за првото место во групата. Ќе ни недостасуваат Зајков и Серафимов, кои имаат картони, но и Чурлинов и Трајковски, кои се повредени. Сепак, сите кои се во комбинација за настап ќе одговорат на предизвикот и на тоа што се очекува од нив.
Размислувам за повеќе опции за стартниот тим, верувам дека сите останати ќе бидат здрави и ќе се стават во функција на тимот. Пред почетокот на натпреварот ќе одлучам со кои играчи ќе настапиме“.
„Македонија која јас ја замислувам секогаш ќе се стреми да игра на победа. Овие момци ја добиваат и ја заслужуваат целата почит. Без разлика дали играат во своите клубови или не, го даваат својот максумум кога играат за Македонија.
Притисокот ни дава мотив да се натпреваруваме сами со себе и да видиме до каде се нашите лимити. Кога веќе некој очекува нешто големо од вас, тоа значи дека вредите. Денес ако немате правилен пристап, нема да победите и послаби противници дури и да играте максимално“.
Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди го дели оптимизмот на селекторот Благоја Милевски во пресрет на утрешниот меч против Летонија во третото коло од Лигата на нации.
Барди беше дел од претходниот дуел на Македонија против Летонија во септември 2019 година во квалификациите за Европското првенство. Нашиот капитен постигна гол во победата од 2:0 во Рига.
ЕНИС БАРДИ – капитен на македонската А репрезентација: „Како и секогаш, одговорноста е кај сите нас. Јас ќе го дадам својот максимум, па дај Боже да биде како пред пет години. Помина грипот, добро се чувствувам и максимално сум подготвен за настап. Кога играте под притисок за докажување, секогаш вадите од себе максимален квалитет. Притисокот треба секогаш да го чувствуваме и треба да најдеме начин да го дадеме најдоброто од себе“, истакнаа за јавноста од Фудбалската федерација на Македонија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (11 октомври)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за сабота (12 октомври)
-
Спорт18 часа
(ГАЛЕРИЈА) „Четири од четири“ за екипата на ФК „Кичево“ која денес оствари убедлива победа во Ресен против екипата на ФК „Преспа“
-
Македонија1 ден
Денес се чествува 83 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ
-
Lifestyle2 дена
Седум видови одмор за враќање на енергијата
-
Временска прогноза2 дена
Денес и утре „мини-лето“ преку ден, додека утринските температури ќе бидат ниски
-
Автомобили23 часа
Европски земји со најстроги казни за брзо возење
-
Магазин20 часа
Јапонија ги добива првите USB4 2.0 кабли во светот, со неверојатни брзини