Спорт
ФФМ ќе ги покрие трошоците за дечињата учесници кои се дел од системот за натпреварување во „Детска лига“

Фудбалската федерација на Македонија истакна известување до сите учесници во Детската лига, клубовите, фудбалските школи, тренерите и особено родителите на децата кои се дел од најмасовното натпреварување во млади категории во Македонија дека немаат трошоци поврзани со користење на терените на кои се играат натпреварите од Детска лига, најчесто тренинг центарот “Петар Милошевски”, или пак терените на кои се играат натпреварите во рамки на западниот или југозападниот регион, ниту пак се обврзани дополнително да плаќаат сума на пари за обезбедување на судии за натпреварите или надоместок за други трошоци поврзани со организација на натпреварувањето.
За целата натпреварувачка сезона од Детска лига (септември 2022. – мај 2023.), учесниците плаќаат симболична котизација (по категорија, независно од фудбалскиот регион), а тоа всушност го гарантира нивното учество во натпреварувањето за цела сезона и овозможува систем за натпреварување со претходно познат број на учесници.
Фудбалската федерација на Македонија ги покрива сите трошоци поврзани со користење на терените, трошоците за судиите, техничката организација на натпреварите и награди/признанија за најуспешните.
Федерацијата, исто така, обезбедува фудбалски топки за сите клубови / фудбалски школи кои се дел од системот за натпреварување во Детска лига.
Спорт
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.
Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник – 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.
Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255
Фејсбук настан – ТУКА
Се гледаме во с.Староец!
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт1 ден
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Македонија2 дена
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје5 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили1 ден
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle1 ден
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови