Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
Спорт
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму

Бенфика приреди вистинска сензација на Светското клупско првенство, совладувајќи го Баерн Минхен со минимални 1-0 во Шарлот и обезбедувајќи го првото место во групата Ц.
Заедно со нив, и германскиот тим се пласираше во следната фаза, додека Бока Јуниорс и Оукленд го завршија своето учество во оваа група. Стрелецот на победничкиот гол за португалскиот клуб беше Андреас Сјелдеруп, кој погоди по одлична контранападна акција во 13-тата минута.
Во меѓувреме, натпреварот меѓу Бока и Оукленд во Нешвил заврши нерешено 1:1, но беше прекинат во 54-тата минута поради предупредување за можна бура.
Спорт
Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал

Реал Мадрид во моментов се наоѓа во САД каде што учествува на Светското клупско првенство. На првиот натпревар против Ал Хилал, кој заврши 1:1, Килијан Мбапе не настапи.
Клубот објави дека причината за неговото отсуство се здравствени проблеми.
Kylian Mbappé has been diagnosed with acute gastroenteritis and has been hospitalized for various tests and treatment, Real Madrid announced. pic.twitter.com/Eq4wGwU988
— ESPN FC (@ESPNFC) June 19, 2025
– „Нашиот фудбалер Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран за дополнителни прегледи и терапија“, стои во официјалното соопштение на Реал Мадрид.
Откако пристигна во САД, Мбапе учествуваше само на два тренинга и не беше дел од поголемиот дел од активностите на тимот. Следниот натпревар на Реал е закажан за недела навечер против Пачука, но останува неизвесно дали францускиот напаѓач ќе биде спремен да настапи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Кичево3 часа
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен
-
Магазин1 ден
Најбрз домашен сладолед со само една состојка
-
Магазин1 ден
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Спорт21 час
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму
-
Lifestyle10 часа
Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате
-
Автомобили1 ден
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа