Спорт
ФФМ со целосна посвета на фудбал без допинг, зема и активност во анти-допинг едукација на УЕФА
ФФМ е целосно посветена да се превенира чист спорт, фудбал без допинг, за сите спортисти кои учествуваат во нивното натпреварување.
Во тој поглед, ФФМ учествува во анти-допинг едукацијата на УЕФА за спортистите кои учествуваат во натпреварите на УЕФА, персоналот за поддршка на спортистите (доктори и тренери).
Целта е да се осигура дека секој играч кој учествува во натпреварување на ФФМ и УЕФА, ќе добие образование.
Во 2021/22 година извршивме едукативна сесија за репрезентации: У-21, У-19, У-17, У-15 мажи и жени А репрезенација, У-19, У-17, У-15, репрезентативни лекари и клупски лекари од прва и втора македонска лига, тренери кои работат со млади фудбалери.
Предавач, Д-р Стоилов Илија член на комисија за медицина и анти допинг на ФФМ ,,Предавањата ги одработивме со презентација на power point, практични примери, интерактивна дискусија.На крајот од сесиите на присутните им дадовме одговор на квизот на WADA прашање.Одговорите беа неверојатно точни што значи дека ги постигнавме нашите цели да им ги дадеме потребните информации на присутните за борбата против допингот во спортот. Продолжуваме и понатаму со овој проект бидејќи се покажа како успешен во превенција на допингот во фудбалот,,
Целите на учењето на образованието беа:
– Да им се даде на играчите информации, насоки и поддршка што ќе им овозможи да донесат информирани одлуки за допингот.
– Да разберат што се анти-допинг правилата, концептот на строга одговорност и што значи тоа за нив
– Да знаат дека постои забранетата листа и како да ги проверат лековите и додатоците, како и да аплицираат за TUE доколку е потребно
– Да ги разберат последиците од допингот – здравје, санкции итн.
– Да ги разберат процедурите за тестирање за да се зголеми усогласеноста и да се отстрани вознемиреноста од тестот
– Да ги разберат ризичните точки во нивната кариера и како да се справат со овие тешки моменти
– Да разберат каде да одат и од кого да побараат помош
Д-р Јонузи Невзат претседавач на комисија за медицина и анти допинг на ФФМ:
– ,,ФФМ како институција која е целосно посветена во превенирање на чист спорт и фудбал без допинг за сите спортисти и други лица кој се ангажирани за време на спортските натпревари,во текот на овогодинешната натпреварувачка сезона се одржаа предавања за анти-допинг едукација за сите мшчки и женски Репрезентаци, Лекари,Физиотерапехти при Прва и Втора Лига и во помладите категории, тренери во млади категории!
Јас како Претседавач на Комисија за Медицина и АнтиДопинг при ФФМ изразувам голема благодарност кон предавачот и сите лица ангажирани во ФФМ за подигање на свеста и одговорноста на играчите како и другите лица ангажирани за време на натпреварите!
Верувам дека и во иднина вака посветени заедно ќе успееме зацртаните цели на нашата институција и ние како комисија за медицина и анти допинг да ги одработиме професионално и одговорно,,
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Спорт
Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.
На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.
Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.
Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.
Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.
Извор: ФФМ
-
Спорт1 ден(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника1 денМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево16 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп4 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Временска прогноза4 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Технологија5 часаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
-
Спорт4 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
