Следете не

Спорт

ФФМ со измена на правилникот ги штити основните права на жените, правото на мајчинство и бременост

Објавено пред

на

Едно од основните права кои ги имаат жените како посебна заштита во работниот однос е правото на заштита за време на бременост, раѓање и родителство.  

Фудбалската федерација на Македонија направи измени во Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери, а кои се однесуваат на специфичните работни услови на професионалните фудбалерки во време на бременост:

  – Фудбалерката која го искористила породилното отсуство, може да биде регистрирана, односно да склучи професионален договор и надвор од преодниот рок во зависност од одредбите на самиот договор со кој фудбалерката заминала на породилно отсуство и имајѓи го во предвид спортскиот интегритет на натпреварувањето;

– Фудбалерите во женска конкуренција имаат право на породилно отсуство за време на склучениот професионален договор со клубот со надомест од 2/3 од висина на платата која ја добиваат според самиот договор.

– На фудбалерот во женска конкуренција, вратен од породилно отсуство, во период на извршување на клупските обврски треба да му се овозможи доење на бебето. За таа цел клубот треба да обезбеди соодветен простор според законските прописи и регулативи.

– Бременоста, породилното отсуство или користењето на правата кои произлегуваат од мајчинството, генерално не смеат да бидат условени со одредбите на професионалниот договор склучен меѓу клубот и фудбалерот во женска конкуренција.

– Доколку клубот го раскине договорот со фудбалерката поради бременост, забременување, породилно отсуство или користење на правата кои произлегуваат од мајчинството генерално ќе се смета дека договорот е раскинат од страна на клубот без соодветна причина, освен доколку не се докаже спротивното;

– Доколку договорот е раскинат поради бременост, забременување, породилно отсуство или користење на правата кои произлегуваат од мајчинството, клубот треба да ја обештети фудбалерката доколку самата не склучила договор со нов клуб или во случај во периодот на донесувањето на одлука, фудбалерката склучила нов договор на клубот;

– Покрај обврската на клубот кој еднострано го раскинал договорот со фудбалерот да изврши исплата на надоместок, ќе му биде изречена и санкција за забрана на регистрација на фудбалери на два цели и последователни преодни рокови. Клубот ќе може да регистрира нови фудбалерки исклучиво по истекот на спортската санкција.

Спорт

Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/facebook/fkpelister

ФК Пелистер вечерва ја извести јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе бидат наменети за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани.

Преку социјалните мрежи ги повикуваат сите навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција.

Цена на билетот: 200 денари

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати

Објавено пред

на

©porta.mk

Утре македонската „А“ фудбалска селекција ќе го одигра првиот квалификациски меч против Лихтенштајн во Вадуц за пласман на СП 2026. На прес конференцијата која се одржа денес, селекторот Милевски и капитенот Барди ги истакнаа своите ставови:

Милевски: „Максимално се подготвуваме за натпреварот. Би било добро да почнеме со победа и да ја продолжиме серијата позитивни резултати, но до бодови можеме само со нашето најдобро издание. Ме радува што фудбалерите играат во своите клубови, имавме доста проблеми минатата година со неиграњето на репрезентативците во клубовите.

– Но, тие секогаш даваа максимум кога играа за селекцијата. Верувам дека сега ќе биде само подобро. За да победите мора сите линии да се на високо ниво, сите фудбалери се битни и нашиот фокус е да функционираме до максимум. Неколку фудбалери не можат да ни помогнат заради повреда, го имам стартниот тим во главата и верувам дека сите ќе бидат здрави по последниот тренинг. Имаме максимален респект и убеден сум во максимален пристап“.

Говорот на Барди проследете го на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА

Во меѓувреме репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби со 3:1 од соодветната селекција на Белорусија во контролен натпревар одигран во Белек, Анталија. Натпреварот го обележа катастрофалното делегирање на правдата од страна на турските судии. Имено, на полувремето фудбалерот на Белорусија, Кирил Цепенков беше изваден од игра, но во продолжението влезе повторно во игра на место на друг играч кој го напушти теренот поради повреда. Судиите беа запознаени со ситуацијата и грешката што ја направи белорускиот тим, но не изреагираа, дозволувајќи му на Кирил Цепенков да го доигра натпреварот. На крајот фудбалеро на Белорусија беше стрелец на третиот погодок на денешната средба – пишуваат од ФФМ.

За Македонија до 21 година настапија: Љупче Џеков, Даниел Марковски, Бенан Хамидовиќ, Ѓорге Џеков, Андреј Велков, Димитар Трајков, Матеј Ангелов, Адриан Зенделовски, Никола Манојлов, Мартин Ѓорѓиевски, Никола Величковски.

Селектор: Горан Станиќ

Прочитај повеќе...

Спорт

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со Албанија во гости

Објавено пред

на

©ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија. Контролните средби ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Корча.

Првиот дуел овие две репрезентации ќе го одиграат на 21. март со почеток во 15. часот. Два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка, која ќе започне во 12. часот.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Ерхан Селими за претстојните натпревари со Албанија, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Давид Илоски А.П. Брера

Александар Балев Пелистер

Павел Трајковски Македонија Ѓ.П.

ОДБРАНА:

Златко Радески Вардар

Абдулах Аслани Лунгби, Данска

Горазд Ристовски Црвена Звезда, Србија

Давид Стојановски Браво, Словенија

Лука Атанасовски Беласица

Андреј Мурџески Вардар

Назиф Цека Шкендија

Игор Ристов А.П. Брера

Емир Шаботиќ Вардар

СРЕДЕН РЕД:

Каменчо Андоновски А.П. Брера

Луан Реџепи Конкордиа Базел, Швајцарија

Ариф Локи ХБ Коге, Данска

Албион Муслиу Шкендија

Јасин Рушани Хамбург, Германија

Игли Хасани Работнички

Бојан Затуроски Охрид Лихнидос

Адмир Љатифи Беса

НАПАД:

Стефан Младеновски Црвена Звезда, Србија

Хисар Али Беса

Анастас Арнаудовски Вараждин, Хрватска

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 19 години беше денеска, во 8:30 часот пред Фудбалската федерација на Македонија, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура1 час

Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови

Празникот на пролетта – 22 март, поради големата трагедија во Кочани, тој во нашата држава е во денови на жалост,...

Временска прогноза12 часа

Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност, од недела (23 март), а особено во текот на следната седмица (во периодот од 24...

Спорт13 часа

Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани

ФК Пелистер вечерва ја извести јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло...

Македонија15 часа

(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот

Огромна огнена стихија настана во Струмица, потточно во реонот помеѓу месноста Софилар, Градски гробишта и Баница. На три страни се...

Спорт16 часа

Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати

Утре македонската „А“ фудбалска селекција ќе го одигра првиот квалификациски меч против Лихтенштајн во Вадуц за пласман на СП 2026....

Автомобили22 часа

Дали знаете за што служи ова копче во автомобилот? Повеќето луѓе го користат погрешно

Со порастот на температурите, вклучувањето на клима уредот во автомобилот станува неопходно. Сепак, многумина не добиваат брзо и ефикасно ладење...

Магазин22 часа

Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?

Иако денес киселото млеко лесно се наоѓа во продавниците, вкусот на домашното кисело млеко не враќа во детството. Процесот на...

Lifestyle22 часа

Оревите за појадок – тајната за здравје и брзо слабеење

Ако сакате да ја подобрите когнитивната функција, да одржувате високо ниво на енергија и истовремено да поддржувате здрава исхрана, јаткастите...

Магазин22 часа

Intel со раст на акциите од 16% по назначувањето на нов извршен директор

Акциите на Intel забележаа раст од над 16% откако компанијата го именуваше Лип Бу Тан за нов извршен директор. Инвеститорите...

Автомобили22 часа

Како да ги поправите малите гребнатини на автомобилот (и што да избегнувате)

Гребнатините на автомобилот се неизбежни, без разлика дали се резултат на невнимание или надворешни фактори. Пред да одите во сервис,...

НАЈЧИТАНИ