Спорт
ФФМ со најостра осуда за немилиот настан кој се случи на мечот помеѓу ФК Шкупи и ФК Брегалница
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со најостра осуда реагира на инцидентот што се случи за време на натпревар од младинските категории (генерации 2009/10) меѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери насилно влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.
ФФМ најавува дека ќе биде поведена дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, а надлежните органи ќе преземат соодветни мерки за сторителите на овој срамен чин. Целта е вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори. Таквото однесување е крајно недозволиво и претставува сериозно нарушување на спортскиот дух, фер-плеј принципите и безбедноста на младите спортисти. Загрижувачки е што едно дете претрпе тешки повреди, меѓу кои и скршеници, како директна последица од нападот.
Федерацијата уште еднаш потсетува дека секоја форма на насилство на спортските терени е апсолутно недозволива и ќе биде најстрого санкционирана. За насилство – без разлика од кого и на кое ниво – компромис не постои.
Нашата заедничка обврска е да обезбедиме безбедна, здравствено сигурна и позитивна средина за развој на најмладите генерации фудбалери, соопшти во своето интегрално известување ФФМ.
Спорт
(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите го отворија уште во 6-тата минута, додека вториот погодот беше реализиран во второто полувреме во финишот на мечот, односно во 80-тата минута од натпреварот.
– Селекторот Влатко Колев може да биде задоволен од прикажаната игра, иако пријателскиот меч беше со негативен резултат, затоа што од она што го видовме на терен момците покажаа карактер и верба, се разбира и мотив, додека пријателските контролни мечеви се токму еден тест за големите очекувања.
Претходниот контролен меч кој се играше пред 2 дена во Турново, заврши со резултат 1:1, каде стрелец на единствениот гол од слободен удар беше охриѓанецот Давид Лиотоски
Да потсетиме, нашето момче од Кичево, Стефан Војчески кој ги брани боите на „АП Брера“ од Струмица одигра одлични 45 минути, исто така беше дел и од претходниот меч.
Спорт
(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија.
Првиот меч заврши без победник, односно 1:1. Стрелец на голот за нашата селекција беше одличниот Давид Лиотоски, додека нашиот кичевчанец Стефан Војчески одлично се покажа. Поради тој факт, денес сме присутни и очекуваме уште подобра подготвеност.
Натпреварот во живо проследете го во продолжение:
Спорт
Дриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
Во рамки на денешниот ден нашите момчиња од „ФК Кичево“ одиграа првенствени натпревари во детската лига. Најголемо внимание предизвика натпреварот помеѓу двете талентирани генерации од 2014 година против екипата на „ФК Влазрими“. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Дамјан Спасеноски од слободен удар, после низа пропуштени шанси.
Свој натпревар одигра и генерацијата 2016/2017 која што за прв пат со големи амбиции се натпреварува оваа година. Во овој натпревар им подадовме рака на противниците за подобрата игра, стрелец на голот за нашата екипа беше Тадеј Станковски.
* Нашите најмали надежи од 5 и 6 години исто така одиграа фудбалски натпревар за пофалба. Таму стрелецот на голот беше Јован Дојчиноски
Во прилог погоре, се поставени фотографии од генерација 2014, на „ФК Кичево“ преку нашиот објектив. Додека останатите фотографии од другите генерации ќе бидат објавувани на официјалната фан страница од ФК Кичево и нивниот инстаграм профил во текот на денешниот и утрешниот ден.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (16 ноември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (15 ноември)
-
Скопје1 денЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт1 денДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Спорт11 часа(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Временска прогноза1 денОд вторник следува промена на времето во Македонија
-
Спорт3 часа(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Македонија4 часаПоради сообраќајка прекин во сообраќај кај Валандово











