Спорт
ФФМ со реакција: Закажаното Собрание на ОФС Охрид не е според Статутот на сојузот

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација дека закажаното Собрание за 19.02.2025 година на ОФС Охрид не е закажано во согласност со Статутот на ОФС Охрид во кој е утврден рок од 30 дена од денот на закажување до денот на одржување на Собранието.
Имено, Управниот одбор на ОФС Охрид на седница одржана на 27.01.2025 година го закажува своето Собрание за 19.02.2025 година.
Како што велат во интегралното соопштение на Фудбалската федерација, одлуката на Управниот одбор на ФФМ донесена на 27.12.2024 година не е променета, а тоа значи дека Фудбалската федерација на Македонија нема да има претставник на Собрание кое е закажано спротивно на одредбите од Статутот на Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид.
Извор: ФФМ
Спорт
Просинечки најверојатно ќе биде сменет од селектор на Црна Гора, своето деби го започна со победи над Македонија и Белорусија

Роберт Просинечки повеќе нема да ја извршува функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора. На седницата на Извршниот одбор што ќе се одржи во петок, се очекува претседателот Дејан Савиќевиќ и раководството на Фудбалскиот сојуз официјално да ја потврдат одлуката за негова смена.
До завршување на квалификацискиот циклус, улогата на главен тренер ќе ја преземе Мирко Вучиниќ – првиот капитен во историјата на националниот тим, кој веќе подолг период е дел од стручниот штаб.
Просинечки беше седмиот селектор на Црна Гора по обновувањето на независноста, наследувајќи имиња како Зоран Филиповиќ, Златко Крањчар, Бранко Брновиќ, Љубиша Тумбаковиќ, Фарук Хаџибегиќ и Миодраг Радуловиќ.
Своето деби го имаше во март 2024 година со две победи во пријателски средби против Белорусија и Македонија во Анталија. Но, потоа следеше серија од седум порази – два во пријателски натпревари и пет во официјални – и само победата против Турција во Лигата на нации му го продолжи мандатот.
Во март оваа година Црна Гора запиша две тешки победи дома во квалификациите за Светското првенство, против Гибралтар и Фарските Острови. Сепак, новите порази – два од Чешка и еден од Хрватска – го запечатија неговото заминување.
Во вкупно 16 натпревари на клупата на Црна Гора, Просинечки оствари биланс од пет победи, едно реми и десет порази, пренесува српски „Журнал“
Спорт
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го живееме тоа време, а зошто и да не го вратиме сјајот на тоа време?! Денес кичевчани покажаа дека љубовта кон фудбалот полека се враќа, а нашите момчиња тоа го крунисаа со одлично прикажана игра и победа од 3:1 против „ФК Вардар Брвеница“.
Речиси 80% полн капацитет на едната трибина и дел на другата со љубители на фудбалот уживаа во еден прекрасен ден со идеални услови за игра.
Серијата голови ја отвори Котески од 22м со еден маестрален шут уште во 33-та минута, веднаш потоа од далечина Калевски го искористи невниманието на гостинскиот голман и зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Даутоски во 49-тата минута. За конечните 3:1 Спироски намали во финишот на мечот.
Натпреварот го водеа искусната тројка Марјан Стојаноски, Осман Зеќири и Никола Ѓорѓиевски.
– Можам да бидам задоволен од денешната игра на нашите момци. Активните тренинзи покажуваат резултати како на физичката подготвеност така и останатите битни работи кај фудбалерите. Ова е одличен резултат за почеток на првенството. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кичевчани кои дојдоа навистина во голем број и не бодреа до самиот финиш на мечот. Ве уверувам дека ќе ги искористиме сите можности за нашиот сон да се исполни – „Влез во елитната лига“ – за Порта.мк истакна Бобан Дујковиќ, тренер на „ФК Напредок“
Спорт
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.
Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.
На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (17 септември)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за четврток (18 септември)
-
Македонија2 дена
Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата
-
Музика1 ден
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење
-
Македонија2 дена
„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила
-
Временска прогноза1 ден
Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд
-
Магазин24 часа
Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате
-
Магазин24 часа
Samsung го претстави One UI 8 – еве кога Galaxy уредите ќе го добијат ажурирањето