Спорт
ФФМ со реакција: Закажаното Собрание на ОФС Охрид не е според Статутот на сојузот

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација дека закажаното Собрание за 19.02.2025 година на ОФС Охрид не е закажано во согласност со Статутот на ОФС Охрид во кој е утврден рок од 30 дена од денот на закажување до денот на одржување на Собранието.
Имено, Управниот одбор на ОФС Охрид на седница одржана на 27.01.2025 година го закажува своето Собрание за 19.02.2025 година.
Како што велат во интегралното соопштение на Фудбалската федерација, одлуката на Управниот одбор на ФФМ донесена на 27.12.2024 година не е променета, а тоа значи дека Фудбалската федерација на Македонија нема да има претставник на Собрание кое е закажано спротивно на одредбите од Статутот на Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид.
Извор: ФФМ
Спорт
Благоја Милевски го повика младиот Тошевски, во замена за повредените Ристовски и Ќамили, Ашковски неизвесен до самиот старт

После првиот тренинг на македонската фудбалска селекција, селекторот Благоја Милевски се соочи со неочекуван проблем. Имено, поради повреди на следните два меча против Лихтенштајн во гости и дома против Велс, неможе да смета на Милан Ристовски и Лирим Ќамили.
Како нивна замена, а според наши лични контакти со ова младо момче, дополнителен повик доби Тошевски Давид од австриски „Клагенфурт“. За стартот на Ашковски исто така ќе биде неизвесно како што информираат од ФФМ, но медицинскиот тим дополнително ќе ја прегледа неговата здравствена состојба со повредата на зглобот.
Напред Македонија!
Спорт
Македонската фудбалска репрезентација со молк и обединети во тага поради настаните ги започнаа претстојните подготовки за претстојните предизвици!

Македонската фудбалска репрезентација ги започна претстојните подготовки и нови предизвици со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите.
Обединети во тагата, со молитви жртвите да почиваат во мир, истакнаа на својата социјална мрежа.
Спорт
„Не е време за фудбал“, поради трагедијата во Кочани, Фудбалската федерација на Македонија ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции

Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите.
Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.
Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции, истакнаа од „Куќата на фудбалот“ и претседателот Масар Омерагиќ за јавноста.
-
Кичево14 часа
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Балкан1 ден
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
-
Кичево1 ден
Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани
-
Македонија6 часа
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија1 ден
Поради снег предмалку воведена забрана за ТТВ на Стража, Маврово-Дебар
-
Македонија12 часа
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!
-
Временска прогноза22 часа
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме
-
Македонија2 дена
Градоначалникот на Кочани поднесе оставка, „Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот“