Спорт
ФФМ: Стартува проектот „Фудбал за сите способности“ во Државното средно училиште Св. Наум Охридски
Фудбалската Федерација на Македонија како социјално одговорна организација секоја година работи на различни проекти од полето на социјалната одговорност. Средстава за овие проекти се добиваат од Хет-Трик 5 (2020-2024) фондовите на УЕФА и тоа од средствата коишто се наменети за социјална одговорност.
Проектите кои се одобруваат од страна на УЕФА мора да исполнуваат одредени критериуми, меѓу кои одржливост, долгорочност и поврзаност со некоја од полисите за социјална одговорност на УЕФА.
Проектот Фудбал за сите способности – Државно средно училиште Св. Наум Охридски е одобрен од страна на УЕФА.
Целта на проектот е:
- Да се подобрат физичките условите во коишто учениците со попреченостт во интелектуалниот развој од Државно средно училиште Св. Наум Охридски тренираат
- Да се создадат услови за тренирање фудбал
- Да се поттикнува самостојност и инклузија на децата со интелектуална попреченост.
За да се реализира проектот предвидени се следните активности кои треба партнерски да се изведат во текот на една година.
Подобрување на инфраструктура и физички услови:
- Обложување на игралиштето во школото со вештачка трева
- Донирање на топки и фудбалски реквизити за тренинзите кои ќе се одржуваат
- Донирање на фудбалска опрема за децата кои ќе се вклучени во тренинзите во тек на цела година, за тренерите и воспитувачите
Организирање на трениг активности и Фудбалски настани за потикнување на самостојност и инклузија.
Во прилог, официјални фотографии од настанот:
Спорт
Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот од Сасуоло со 0–3. По овој неуспех, тимот од Бергамо падна на 13-тото место на табелата со вкупно 13 освоени бода.
Јуриќ ја презеде клупата на Аталанта во јули и го предводеше тимот на вкупно 15 натпревари, од кои забележа четири победи – по две во Серија А и во Лигата на шампионите.
– „Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници. Аталанта им се заблагодарува на Јуриќ и на неговиот стручен штаб за посветеноста и им посакува успех во понатамошната кариера,“ се наведува во официјалното соопштение на клубот.
Според италијанските медиуми, главен кандидат за нов тренер на Аталанта е Рафаеле Паладино.
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
-
Кичево12 часаОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Македонија1 денТелефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (12 ноември)
-
Временска прогноза2 денаОд утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
-
Македонија1 денПријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина
-
Автомобили1 денRenault Mégane се враќа на бензин: повраток кон класиката по ерата на електричните возила
-
Магазин1 денКако да го забрзате вашиот стар Android телефон без да купувате нов




