Спорт
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар
Фудбалската федерација на Македонија се заложи за транспарентност и отчетност во своето работење како еден примарен постулат, со цел градење доверба и унапредување на фудбалската игра.
Неколку пати до сега посочивме дека Фудбалската Федерација на Македонија, преку Одборот на судии и стручните тела секој натпревар го следи со најголемо внимание и професионален пристап.
Судиите кои ги судат натпреварите се избираат и делегираат врз основа на нивната физичка подготвеност, знаење и досегашни перформанси, а нивната работа е предмет на детална анализа од страна на контролорите на судењето.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис ТУКА
Спорт
Милевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел
Македонската фудбалска селекција вечерва од 20:45 часот со директен пренос на македонската телевизија ќе го одигра последниот меч од квалификациите за Светското првенство 2026. На гостински терен во Кардиф против Велс, на нашиот тим му е доволен и бод за да го задржи второто место во групата, што би значело поповолна позиција и потенцијално полесен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.
Селекторот Благоја Милевски верува дека избраниците се подготвени да одговорат на предизвикот и да ја исполнат поставената цел.
– „Спремни сме за она што доаѓа. Не очекува натпревар со голема тежина, но мојата порака до играчите е да излезат на терен со самодоверба и да уживаат во играта. Велс има силен состав и одличен селектор, но и двете репрезентации остануваат речиси непроменети во однос на првиот дуел во Скопје. Убеден сум дека ќе дадеме вистински одговор и ќе ја постигнеме нашата цел“, изјави Милевски на прес-конференцијата која се одржа во рамки на вчерашниот ден, пренесува Фудбалската федерација на Македонија.
Посакуваме среќа!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
Спорт
Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф
Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја освои втората позиција во квалификациската група и ќе обезбеди пласман во баражот за Светското првенство.
Бидејќи натпреварот има директно елиминациско значење, УЕФА одлучи да испрати врвен судиски тим. Главна улога ќе има Холанѓанецот Дани Макеле, кому ќе му асистираат Хесел Стегстра и Јан де Фрис, додека четврти судија е Марк Нагтегал. Вар-центарот ќе го раководи Пол ван Бокел како главен ВАР-судија и помошникот Рихард Мартенс од Холандија, исто така врвни професионалци.
– Макеле, 42-годишен полициски службеник од Дордрехт, е носител на ФИФА-беџ од 2011 година. Тој беше дел од судискиот тим на Светското првенство во Катар 2022 и учествуваше на последните две европски првенства. Меѓу неговите најистакнати назначувања се финалето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн пред пет години, како и финалето во Лига Европа помеѓу Севилја и Интер.
Инаку Макеле три пати ја делел правдата на македонската репрезентација, имено во 2016 година во Скопје против Италија (пораз 3:2), во 2019 година на дуелот со Словенија кога славевме со 2:1, како и во 2021 година против Германија на арената „Тодор Проески“, кога гостите победија со 4:0, а ние ја имавме честа да направиме една одлична галерија од тој величествен натпревар, иако резултатот беше на наша негатива.
Тој важи за еден од најискусните европски арбитри, со богато портфолио од околу 750 натпревари. Во оваа бројка се вклучени 362 меча од холандскиот шампионат, 54 натпревари во Лигата на шампионите, 18 во Лига Европа, како и 31 квалификациски дуел за Европските и Светските првенства.
Спорт
(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите го отворија уште во 6-тата минута, додека вториот погодот беше реализиран во второто полувреме во финишот на мечот, односно во 80-тата минута од натпреварот.
– Селекторот Влатко Колев може да биде задоволен од прикажаната игра, иако пријателскиот меч беше со негативен резултат, затоа што од она што го видовме на терен момците покажаа карактер и верба, се разбира и мотив, додека пријателските контролни мечеви се токму еден тест за големите очекувања.
Претходниот контролен меч кој се играше пред 2 дена во Турново, заврши со резултат 1:1, каде стрелец на единствениот гол од слободен удар беше охриѓанецот Давид Лиотоски
Да потсетиме, нашето момче од Кичево, Стефан Војчески кој ги брани боите на „АП Брера“ од Струмица одигра одлични 45 минути, исто така беше дел и од претходниот меч.
-
Кичево1 ден„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Спорт2 дена(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Временска прогноза1 денПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Хороскоп11 часаХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Спорт2 дена(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Македонија20 часаПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Македонија22 часаНелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација











