Спорт
ФФМ за клубовите од Втората македонска фудбалска лига донираше автоматизирани дефибрилатори за сите екипи

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите од МФЛ и посветувајќи грижа за здравјето на фудбалерите и учесниците на натпреварите од домашниот шампионат, донираше дефибрилатори за сите шеснаесет екипи, од Втора МФЛ.
Тимовите од Прва МФЛ преку нашата федерација, во текот на ланската натпреварувачка сезона добија автоматизирани дефибрилатори, а нивните лекарски тимови ги следеа едукативните програми за реанимација и употребата на дефибрилатори меѓу лекарите, тренерите и играчите.
Срцевиот удар е можеби една од главните причина за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за прва помош (како што е итна реанимација и употреба на дефибрилатор) можат да помогнат да се спречи смрт од срцеви проблеми.
Д-р Невзат Јонузи – претседавач на Комисија за медицина и антидопинг во ФФМ
– Фудбалската федерација на Македонија навистина прави големи напори за снабдување на сите национални тимови со медицинска опрема и апаратура, но исто така, посветува внимание и дава помош во опрема и медицински апарати и за екипите од МФЛ, вклучувајќи го и женскиот фудбал и футсалот.
– За нас, исто така е многу важно што освен донацијата со медицинска опрема, како тело во федерацијата кое се грижи за здравјето и медицината, континуирано одржуваме едукација на физиотерапевтите и лекарите ангажирани во клубовите и во репрезентативните тимови. Оваа година го оддржавме и важниот семинар за лиценцирање на лекарите и физиотерапевтите во МФЛ под покровителство на УЕФА.
– Комисијата за медицина и антидопинг согласно приоритетните потреби на клубовите од медицински аспект, доставува листа на потребна лекарска опрема и апаратура за клубовите, а Управниот одбор на ФФМ знаејќи ја важноста, ја одобрува и на тој начин даваме придонес за подобрување на медицинските капацитети на нашите клубови. Во овој случај тоа се дефибрилатори за сите екипи од Втората лига.
– Знаеме дека ненадејниот срцев удар може да се случи насекаде, па и на фудбалските терени и затоа сметаме дека е неопходно тимовите да бидат снабдени со потребните автоматски дефибрилатори. Освен тоа, на лицата задолжени за лекарска помош во клубовите, нашата федерација им овозможи едукација за реанимација и итна интервенција со употреба на донираните дефибрилатори.
– Во иднина ќе продолжиме во таа насока, да бидеме подобар сервис на клубовите и од медицински аспект, а следната наша намера е да се набават медицински торби опремени со медикаменти согласно медицинските УЕФА стандарди за сите учесници во МФЛ.
ФИФА користи свои регистар за ненадејни смртни случаи, а пред неколку години, исто така, започна кампања за ненадејна срцева слабост за да го подобри нивото на едукација за пружање прва помош кај фудбалерите и љубителите на фудбалот на стадионите, истакна ФФМ.
Спорт
Јакимовски: „Се наоѓаме во добра група, мотивацијата ни е на високо ниво, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното ЕП“

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска.
Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски се наоѓа во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Тони Јакимовски даде свое видување и кратка анализа за групата од Елитната рунда на квалификации за пласман на ЕП.
– Задоволен сум од ждрепката, се наоѓаме во добра група. Реално можевме да добиеме и потешки противници. Меѓутоа во денешниот фудбал модерен фудбал, нема слаби и јаки репрезентации, сите располагаат со одреден квалитет и умеат да играат фудбал на високо највисоко ниво.
– Се надевам дека на претстојните квалификации во рамките на Елитната рунда за пласман на Европско првенство, пред се ќе успееме да го задржиме континуитетот на добри игра и позитини резултати. Нема да биде нималку лесно, но подготвени сме за овој предизвик.
– Мотивацијата кај моите фудбалери и целиот стручен тим е на едно високо ниво. Ќе дадеме се од себе за да успееме да отидеме чекор понапред и обезбедиме пласман на Европско првенство.
– Постои голема жеба за докажување и надигурвање кај моите фудбалери. Се надевам дека нема да изостане и ќе успееме да се прикажеме во добро светло во март. Да го заокружиме овој тригодишен циклус со успех.
– Се надевам дека во следниот период на подготовки, сите фудбалери ќе бидат здрави и ќе ги имам на располагање. Не очекуваат два контролни мечеви во Скопје против селекцијата на БиХ на 27 и 29 февруари. Тоа ќе биде и нашата последна проверка пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП.
– Максимално верувам во оваа генерација на фудбалери. Покажавме карактер, одлучност и голема желба за успех. Очекувам дека можеме да направиме и постигнеме нешто повеќе, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното Европско првенство.
Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година.
Спорт
Македонија до 19 години во група со Швајцарија, Украина и Летонија за пласман на ЕП 2024 – Ајде наши!

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска.
Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски се наоѓа во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.
Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година.
Спорт
Женската репрезентација на Македонија одигра без победник на дуелот со Бугарија од Лигата на нации

Женската македонска А репрезентација во Софија го одигра последниот натпревар од Лига на нации против домаќинот, селекција на Бугарија.
Избраниците на селекторот Кирил Изов иако имаа предност од два гола, на крајот не успеаа да слават против Бугарија, пропуштајќи да ја забележат првата победа во овој циклус од Лигата на нации.
Македонија поведе уште во 11. минута со голот на Рочи. Максути во 62. минута го зголеми нашето водство. Клучниот момент се случи во 71. минута, кога Македонија остана со играч помалку, по исклучувањето на Коларвоска.
Во 85. минута, домаќинот се врати во игра и преку Желева го намали нашето водство. Во судиското продолжение, Расина постигнува погодок за израмнување на резултатот и поставување на конечните 2:2.
Македонија: Лековска, Петровска, Петкова, Коларовска, Меијер, Марковска, Шемсовиќ, Велкова, Андонова, Максути, Рочи
Селектор: Кирил Изов
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (6 декември)
-
Кичево1 ден
Полициски службеници од СВР Охрид и ОВР Кичево денес во О.У. „Кузман Јосифовски-Питу“ го реализираа превентивно-едукативниот проект ,,Булинг и сајбер булинг“
-
Кичево22 часа
(ФОТО) Кичевскиот „ART Caffe“ блесна во вистински предновогодишен сјај, пиете го најдоброто кафе во топол амбиент и нов уреден стил во срцето на градот
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (7 декември)
-
Временска прогноза20 часа
На пат студен бран од север, дождот ќе премине во снег кој истиот најпрво ќе се спушти до 1000 метри надморска височина
-
Македонија2 дена
(ФОТО+ВИДЕО) МВР на прес соопшти дека лицето за кое беше поднесена „црвена потерница“ е уапсено во Турција, наскоро ќе биде екстрадирано во Македонија
-
Македонија2 дена
МВР ги подбра возилата кои движат без атест на фолии
-
Магазин1 ден
Завршува поддршката за испраќање пораки меѓу Facebook и Instagram