Спорт
ФФМ заедно со УЕФА и ФИФА го започнаа процесот за ревизија на Статутот на федерацијата

Фудбалската федерација на Македонија заедно со УЕФА и ФИФА го започнаа најавениот процес на разгледување и ревизија на Статутот на ФФМ согласно стратешкиот план на федерацијата и согласно праксата на добро раководење.
Работни групи во кои се вклучени претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА веќе работат на драфт верзија на Статутот на федерацијата базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА.
Претставниците на УЕФА и ФИФА истакнуваат дека целта е да се дојде до решение кое ќе овозможи „посилен Статут – подобра организација“, а силна појдовна основа е актуалниот Статут на ФФМ, исто така базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА.
Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ, вели дека федерацијата останува посветена на зацртаните активности и утврдените цели.
„Согласно стратешкиот план на ФФМ, еден од носечките столбови, добро раководење го предвидува проектот за ревидирање на Стаутот и понатамошните активности во однос на реформи во регулативите на Фудбалската федерација на Македонија.
Како што и планиравме, веднаш по завршување на квалификациските натпревари, заедно со нашите партнери ФИФА и УЕФА го започнавме процесот на ревизија на Статутот со однапред утврдени работни групи.
Многу сме задоволни од овој работен состанок затоа што е дел од основниот столб, доброто раководење и од овој процес ќе произлезат голем дел на иницијативи и активности кои ќе се имплементираат согласно утврдената динамика. Остануваме посветени на поставените активности и однапред утврдените цели“, изјави Филип Поповски.
Лука Никола и Јан Хефнер се претставници на Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) на работните состаноци организирани од ФФМ.
Лука Никола – раководител на Национални асоцијации за управување, претставник на УЕФА:
„Сакам да го искажам моето задоволство од нашата конструктивна дискусија во изминатите два дена во Скопје. Заедно со вашата федерација започнуваме процес на изработка на драфт верзија на Статутот на ФФМ.
Искрено се надеваме дека заеднички ќе понудиме квалитетно решение кое значи усогласеност со Статутите на УЕФА и ФИФА и се разбира со националното законодавство. Впрочем, како што ФФМ и досега функционираше согласно праксата на добро раководење, почитување на законските регулативи и координираност со УЕФА и ФИФА.
Ова е процес, работиме на “жива материја”, одлично е што го слушаме вашето размислување и се надевам дека навистина ќе дојдеме до решение кое ќе биде прифатливо за сите заинтерсирани страни можеби веќе на некое од следните Генерални собранија на вашата федерација“.
Софија Малициа – менаџер за раководни услуги, претставник на ФИФА:
„Навистина нѐ радува досегашната заедничка работа поврзана со Статутот на Фудбалската федерација на Македонија.
Во основа, ние сме овде да разбереме која е намерата и целта на вашата федерација и заедно со луѓето вклучени во работните групи да дојдеме до решение кое е прифатливо за сите заинтересирани страни. Секако како основа и тоа многу силна и квалитетна го имаме досегашниот Статут на ФФМ кој исто така е базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА.
Во овој момент, ние ја гледаме “големата слика” поврзана со главниот правен документ на федерацијата. Но, на крајот ќе се потрудиме да дојдеме до степен на унапредување на Статутот бидејќи праксата и во многу други федерации покажува дека тоа е добро и за самата организација. Сѐ во насока, посилен Статут – подобра организација.
Во изминатиот период вие имавте одлични резултати на теренот, ние сме овде да дадеме придонес да го следите тој чекор и надвор од теренот. Гледајќи ги луѓето кои се вклучени во процесот, организацијата на работните состаноци и темите кои обработуваме, немам сомнеж дека ќе успееме да направиме одлична работа“.
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
Спорт
Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).
Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.
Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.
Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.
Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.
Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.
Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.
Честито Ноле!
-
Кичево1 ден
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (14 јули)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за вторник (15 јули)
-
Кичево1 ден
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“
-
Македонија1 ден
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!
-
Македонија1 ден
МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите
-
Временска прогноза13 часа
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?
-
Македонија24 часа
(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица