Спорт
Зимскиот преоден рок започнува од утре, сите кои имаат пристап до ФИФА ТМС платформата да ја користат за трансфер на фудбалери

Фудбалската Федерација на Македонија достави информација за сите заинтересирани страни дека согласно одлуката на У.О. на ФФМ, зимскиот преоден рок за фудбалери започнува утре 15.01.2022, и ќе трае до 11.02.2022 во 00:00 часот.
Во известувањето до сите клубови стои: Сите кои имаат пристап до ФИФА ТМС платформата да ја користат за трансфер на фудбалери. Останатите да се обратат на следните електронски адреси: [email protected] & [email protected]
Спорт
Младата репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со Албанија во гости

Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија. Контролните средби ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Корча.
Првиот дуел овие две репрезентации ќе го одиграат на 21. март со почеток во 15. часот. Два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка, која ќе започне во 12. часот.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Ерхан Селими за претстојните натпревари со Албанија, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Давид Илоски А.П. Брера
Александар Балев Пелистер
Павел Трајковски Македонија Ѓ.П.
ОДБРАНА:
Златко Радески Вардар
Абдулах Аслани Лунгби, Данска
Горазд Ристовски Црвена Звезда, Србија
Давид Стојановски Браво, Словенија
Лука Атанасовски Беласица
Андреј Мурџески Вардар
Назиф Цека Шкендија
Игор Ристов А.П. Брера
Емир Шаботиќ Вардар
СРЕДЕН РЕД:
Каменчо Андоновски А.П. Брера
Луан Реџепи Конкордиа Базел, Швајцарија
Ариф Локи ХБ Коге, Данска
Албион Муслиу Шкендија
Јасин Рушани Хамбург, Германија
Игли Хасани Работнички
Бојан Затуроски Охрид Лихнидос
Адмир Љатифи Беса
НАПАД:
Стефан Младеновски Црвена Звезда, Србија
Хисар Али Беса
Анастас Арнаудовски Вараждин, Хрватска
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 19 години беше денеска, во 8:30 часот пред Фудбалската федерација на Македонија, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
ФФМ истакна соопштение со реакција упатено кон ФК Гостивар

Фудбалската федерација на Македонија, соодветно на моментот, во денови на жалост, се воздржува од активности кои не се во склад со почитта што ја искажуваме во овие тешки моменти. И по тој повод упати интегрално соопштение до јавноста за ФК Гостивар кое ви го пренесуваме во целост и гласи:
– Во тој контекст, сакаме да нагласиме дека ФФМ нема да се занимава со одредени интереси на клубови, ниту ќе разменува несоодветни дописи во овој период. Веруваме дека сите фудбалски клубови имаат разбирање и ќе ги почитуваат овие денови соодветно.
Во таа насока, апелираме до ФК Гостивар да ги почитува овие моменти и своите интереси да ги брани и докажува на зелениот терен, наместо преку дописи и притисоци во јавноста. Посебно, што немаат никаква причина за тоа. Во вакви моменти, фудбалот и спортот воопшто, треба да обединува, а не да се користи за дневни интереси, особено во денови на жалост.
Веруваме дека заедно ќе покажеме почит и достоинство, се вели во соопштението од ФФМ.
Спорт
Јован Манев: „Минуваме низ тежок период, изгубивме блиски пријатели, ќе го дадеме нашиот максимум на квалификациските натпревари во спомен на сите загинати“

Во пресрет на натпреварот Македонија – Лихтенштајн (22. март, Вадуц), воведен од квалификациите за Светското првенство 2026, македонскиот репрезентативец Јован Манев зборуваше за претстојниот предизвик, но и за тешките моменти низ кои поминува тој и целата нација по големата трагедија што ја потресе јавноста.
Со емоции, тој истакна дека доколку добие шанса ќе даде се од себе на теренот, посветувајќи го настапот на оние кои повеќе не се со нас.
– Јован Манев: „Ова се многу тешки денови за мене и за сите нас, изгубивме сите блиски пријатели, но тие би сакале да продолжлиме и да бидеме овде, да се бориме за нашата земја, за нашата репрезентација. Ќе ни недостасуваат засекогаш и никогаш нема да бидат заборавени и затоа ако ми се укаже шанса и исто и на моите колеги ќе го дадеме максимумот во спомен за сите нив.
И ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност сите заедно и така да постигнеме резултати најпрво за нив.“
-
Кичево1 ден
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета
-
Хроника1 ден
Филип успеал да излезе, но се вратил во огништето по другарка, потоа никогаш не излегол надвор
-
Хроника8 часа
Странските медиуми со траорни фотографии и директни преноси известуваат од Кочани и покрај најострата и недвосмислена осуда на Владата!
-
Хроника10 часа
МВР ги овјави имињата на трагично загинатите во Кочани
-
Хроника13 часа
Ана Костадиновска за прв пат се огласи на фејсбук и прости од своето второ семејство
-
Скопје14 часа
МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје
-
Кичево13 часа
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани
-
Македонија1 ден
Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија