Спорт
ФИФА ја објави процедурата за ждребот на групната фаза за Светското првенство во Катар
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска ја претстави процедурата за ждрепката на групната фаза на Светското првенство во Катар, што ќе се одржи на 1 април во Доха.
Дотогаш ќе бидат познати вкупно 29 учесници на натпреварот, а останатите три ќе бидат познати во јуни, поради пандемијата на коронавирус и руската воена интервенција во Украина.
ФИФА ја разреши неизвесноста каде ќе се пласираат три непознати учесници на Мундијалот, па тие да бидат дел од четвртиот шешир.
Така, репрезентациите како Украина, Велс или Колумбија ќе играат во потешка група, во споредба со позицијата што ја заземаат на ранг-листата на Фајф.
Засега се познати 15 сигурни учесници на Мундијалот, меѓу кои и репрезентацијата на Србија.
Еден дел од учесниците ќе се знае следната недела кога ќе завршат бараж натпреварите.
– Поради воена состојба Украина побара бараж мечот со Шкотска да се одложи за јуни, а победникот од тој дуел подоцна да игра со подобриот од мечот Велс – Австрија.
Пандемијата на корона вирусот влијаеше на одложувањето на интерконтиненталниот бараж, кој сега е закажан за 13 и 14 јуни во Катар.
Селекцијата од Азија ќе игра против репрезентацијата на Јужна Америка, а претставникот на Океанија за противник ја има селекцијата од Северна Америка.
Во првиот шешир меѓу другите ќе бидат домаќини Катар, Франција (актуелен светски првак), Белгија, Бразил, Аргентина и Англија.
Светското првенство треба да се игра од 21 ноември до 18 декември, на осум стадиони низ главниот град на Катар Доха.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хроника22 часаЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево2 денаНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (24 ноември)
-
Хороскоп10 часаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Македонија20 часа16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Македонија23 часаСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
-
Македонија13 минути(ФОТО) МВР: Поради одрон кај Царев Двор-Отешево во прекин е сообраќајот во двата правци кај Ресен, односно Стење
