Следете не

Спорт

Финале Куп на кадети и младинци во фудбал ќе се игра во четврток на градски во Кичево, додека Македонија до 15 год славеше убедлива победа против Малта

Објавено пред

на

Младата репрезентација на Македонија до 15 години успеа да слави нова победа над соодветната селекција на Малта во рамките на вториот контролен дуел помеѓу овие две селекции.

На тренинг центарот „Петар Милошевскки”, избраниците на селекторот Драган Начески остварија убедлива победа со 4:1. Нашите млади фудбалери и на овој натпревар доминираа од стартот на натпреварот и покажаа дека се поквалитетна селекција од Малта.

Головите за Македонија ги постигнаа Јаков Стојковски, Михаил Митревски, Антонио Сталески и Мартин Џангаровски. Во првиот контролен дуел помеѓу овие две селекции, Македонија славеше минимална победа со 1:0.

Што се однесува до Фудбалската федерација на Македонија, денес истакнаа низа одлуки на нивниот Управен Одбор, и тоа:

– Распределба на средства од солидарна шема на Уефа, на клубовите од МФЛ за млади категории

– Финале Куп на Македонија (жени) ќе се одигра на 16, мај, на стадионот во Ѓорче Петров, во 16. часот;

– Финале Куп на Македонија (младинци) ќе се одигра на 18. мај, на стадионот на Напредок, во Кичево, со почеток од 17. часот;

– Финале Куп на Македонија (кадети) ќе се одигра на 18. мај, на стадионот на Напредок, во Кичево, со почеток од 10:30 часот;

– Финале Куп на Македонија (пионери) ќе се одигра на 17 мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17. часот;

– Финале Куп на Македонија (помлади пионери) ќе се одигра на 17. мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 10:30 часот

Спорт

Пионерите на ФК „Македонија Ѓ.П.“ се новите освојувачи на „Купот на Македонија“, во денешното финале беа поуспешни од ФК „Работнички“

Објавено пред

на

©porta.mk

Помладите пионери на фудбалскиот клуб „Македонија Ѓорче Петров“ се новите освојувачи на „Купот на Македонија“. Тие денеска славеа победа од 3:1 против „Работнички“ на финалниот натпревар кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

– Од она што можеше да се забележи на терен, натпреварот започна динамично, а „Македонија Ѓ.П.“ поведе уште во 21 минута со гол на Стефан Ристиќ. Само пет минути подоцна, Ристиќ повторно се запиша во листата на стрелци, носејќи 2:0 за својот тим. „Работнички“ не се предаде, па во 43 минута преку Алек Трпковски намали на 2:1, враќајќи надеж за својот тим пред крајот на првото полувреме.

Во второто полувреме, и двете екипи создадоа неколку добри шанси, но реализираше само „Македонија Ѓ.П.“ Лука Кнежевиќ во 77. минута го постигна третиот гол, со што ја запечати победата и обезбеди трофеј за својата екипа.

Работнички: Коста Стојановски, Амер Бајрами, Давид Лиотоски, Мартин Боцев, Михаел Аврамовски, Алек Трпковски, Бљерон Буши, Ердин Мамуди, Горјан Ѓапиќ, Дарин Михајловски, Игор Трпковски
Тренер: Марко Арсовски

Македонија Ѓ.П.: Андреј Јанкуловски, Филип Наумовски, Теодор Љубомировски, Горјан Петковски, Стефан Ристиќ, Алек Чедомирски, Лука Лазаревски, Јован Гиевски, Огнен Сивевски, Михаил Митрески, Мартин Џангаровски
Тренер: Мартин Христов

Ја користиме оваа прилика да им честитаме на Македонија Ѓ.П. за освојувањето на „Купот на Македонија“

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) „Кралевите“ и навивачите по 13 години и освоени сите титули се простуваат од Лука Модриќ, кој најави заминување од Реал Мадрид

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Vienna Reyes

Готово! Лука Модриќ после 13 години поминати во кралскиот клуб ќе се збогува од тимот, откако не му беше продолжен договорот за понатамошна соработка. Хрватскиот интернационалец својот последен меч ќе го одигра против Реал Сосиедад во сабота, каде „кралевите“ играат на домашен терен во последното коло од Примера.

Предмалку Реал Мадрид на својата социјална мрежа истакна видео посветено на Лука Модриќ со времетраење од 6 минути:

Интересот за нови клубови според светските спортски медиуми е огромен од повеќе клубови, фановите на Манчестер Јунајтед се меѓу најистакнатите кои Модриќ го посакуваат во своите редови.

Прочитај повеќе...

Спорт

Флик останува во Барса до 2027 година

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Ken Russo

Официјално Барселона потврди, Флик останува до 2027-ма година! Имено, продолжувањето на договорот на Ханси Флик е јасен показател дека клубот верува во неговата визија и работа. Освојувањето на три титули во првата сезона — Суперкупот, Копа дел Реј и Ла Лига — е извонредно постигнување и ретко се гледа тренер толку брзо да ја добие довербата на играчите, управата и навивачите.

Фактот што договорот бил постигнат без големи пречки, но сепак објавен по крајот на сезоната, покажува професионалност и фокус од страна на Флик. Тоа е стил на лидер кој не сака личните работи да го засенат тимскиот успех.

Ќе биде интересно да се види како ќе продолжи неговата приказна со Барселона во наредните сезони — особено со оглед на тоа што клубот се обидува да направи долгорочен проект со јасна фудбалска визија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт51 минута

Пионерите на ФК „Македонија Ѓ.П.“ се новите освојувачи на „Купот на Македонија“, во денешното финале беа поуспешни од ФК „Работнички“

Помладите пионери на фудбалскиот клуб „Македонија Ѓорче Петров“ се новите освојувачи на „Купот на Македонија“. Тие денеска славеа победа од...

Технологија58 минути

„Google“ за во лето најавува ексклузивни новости во Gmail преку платформата „Gemini“

На последната конференција за програмери, Google најави нови интелигентни функции во Gmail, базирани на нивната платформа за вештачка интелигенција –...

Спорт4 часа

(ВИДЕО) „Кралевите“ и навивачите по 13 години и освоени сите титули се простуваат од Лука Модриќ, кој најави заминување од Реал Мадрид

Готово! Лука Модриќ после 13 години поминати во кралскиот клуб ќе се збогува од тимот, откако не му беше продолжен...

Македонија5 часа

Во Охрид приведен 70-годишник од Скопје, бил баран по потерница за во затвор

На 21.05.2025 во 15.10 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода...

Занимливости10 часа

5 уреди што трошат струја дури и кога не ги користите

Иако може да изгледа безопасно да оставите полначот од мобилниот телефон во приклучокот, постои уште една причина зошто треба да...

Lifestyle10 часа

Како да откриете дали јаболката се прскани и како безбедно да ги исчистите

Јаболката се едно од најчесто консумираните овошја, но кога се купуваат од продавници, често доаѓаат со сјаен слој кој може...

На денешен ден15 часа

Времеплов: На денешен ден (22 мај)

На денешен ден 22 мај, хронолошки подредени значајни настани што се случиле низ различни години и делови на светот. Еве...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за четврток (22 мај)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Спорт1 ден

Флик останува во Барса до 2027 година

Официјално Барселона потврди, Флик останува до 2027-ма година! Имено, продолжувањето на договорот на Ханси Флик е јасен показател дека клубот...

Временска прогноза1 ден

Попоски истакна дека најмалку до првата седмица од јуни месец ќе имаме слично време, можеби и со пониски температури

Најновиот излез на прогностичките материјали истакнува најмалку до 6 јуни на повидок нема да има никакви температурни покачувања на воздухот....

НАЈЧИТАНИ