Спорт
ФК Борец и Слога Виница силите ќе ги одмерат на 24 август

Спорт
Манчестер Јунајтед нема да смета на некој фудбалери, еве кои имиња нема да бидат дел од следната сезона

Манчестер Јунајтед објави дека тројца фудбалери – данецот Кристијан Ериксен, швеѓанецот Виктор Линделоф и поранешниот репрезентативец на Северна Ирска, Џони Еванс – ќе го напуштат клубот на 30 јуни, кога им истекуваат договорите. Клубот соопшти дека тие нема да бидат дел од плановите за следната сезона.
– Џони Еванс, кој има 37 години, првпат играше за Јунајтед од 2006 до 2015 година, а повторно се приклучи на тимот во 2023 година. Ериксен, на возраст од 33 години, дојде во клубот во 2022 година, додека Линделоф, кој има 30 години, е дел од Манчестер Јунајтед од 2017 година.
Да потсетиме, Јунајтед неодамна, на 21 мај, го загуби финалето на Лигата на Европа против Тотенхем со минимален резултат од 1:0. Освен тоа, тимот ја заврши Премиер лигата на разочарувачко 15-то место, што претставува нивна најслаба сезона во лигата уште од испаѓањето во 1973/1974 година
Извор: manutd.com
Спорт
Трајковски ја запечати судбината на Казахстан и донесе голема победа на Македонија. Во септември на градски го дочекуваме Лихтенштајн кој на гости го победивме 0:3

Репрезентацијата на Македонија ја забележа својата втора победа во квалификациите за Светското првенство 2026, совладувајќи го Казахстан со 0:1 во четвртото коло. Со оваа победа, македонската репрезентација се искачи на првото место во „групата Ј“, со еден бод повеќе од Велс, кој има одиграно еден натпревар помалку.
– Првото полувреме мина во изедначена борба, но нашите успеаја да го искористат својот момент. Во 33-тата минута, по една несигурна одбрана на Казахстан, топката дојде до Александар Трајковски, кој со прецизен волеј го постигна единствениот гол на натпреварот. Ова беше негов 23-ти погодок во дресот на националниот тим.
Во вториот дел, Казахстан беше поактивен и создаде неколку одлични шанси, но не успеа да постигне израмнувачки гол.
Во шестото коло, на 7-ми септември Македонија ќе игра на домашен терен против Лихтенштајн. Претходно помеѓу овие две селекции се одигра натпревар во гости каде нашите момци го добија со 0:3, стрелци на головите беа Трајковски, Муслиу и Миовски, додека во петтото коло нашата репрезентација е слободна.
Првопласираната репрезентација оди директно на Мундијалот, додека второпласираната ќе игра бараж за место на светската смотра.
Резултати од група Ј:
Казахстан – Македонија 0:1
Белгија – Велс (се игра од 20:45)
Спорт
Управниот одбор на ФФМ донесе низа важни одлуки, меѓу нив усвоен беше новиот систем на натпреварување во МФЛ

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени важни одлуки кои се однесуваат на организацијата и правилата во македонскиот фудбал.
Раководството на ФФМ започнува со конкретни реформи во натпреварувачкиот систем, со цел да се подобри функционирањето и квалитетот на фудбалот во земјава. Се работи на внатрешна трансформација која треба да овозможи посигурен и поуспешен развој на Македонската фудбалска лига (МФЛ), истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Повеќе информации ќе прочитате на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (9 јуни)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за вторник (10 јуни)
-
Македонија2 дена
Штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал на коловозот, управувајќи мопед
-
Култура2 дена
Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух
-
Спорт2 дена
Управниот одбор на ФФМ донесе низа важни одлуки, меѓу нив усвоен беше новиот систем на натпреварување во МФЛ
-
Спорт14 часа
Трајковски ја запечати судбината на Казахстан и донесе голема победа на Македонија. Во септември на градски го дочекуваме Лихтенштајн кој на гости го победивме 0:3
-
Македонија20 часа
МВР со детали за повреденото лице падините на врвот „Љуботен“, каде интервенираше АРМ
-
Македонија22 часа
Пак се вози брзо, БПС Тетово на радар измериле 162 км/ч на место каде е дозволено 80 км/ч