Следете не

Спорт

ФК Борец и Слога Виница силите ќе ги одмерат на 24 август

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари при ФФМ на денешната седница донесе одлука натпреварот во рамките на првото коло од Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Борец 1919 – ФК Слога Виница 1934 да биде одигран во среда, на 24. август со почеток од 16. часот.

Спорт

Утре сите на стадион да го бодриме кичевски Напредок за успешен старт на новата фудбалска сезона

Објавено пред

на

Утре започнува новата сезона во Третата Македонска фудбалска лига-Запад, со оглед на тоа преку нашиот медиум ги повикуваме сите симпатизери во што поголем број да дојдат и да го бодрат кичевски Напредок кој искрено се надеваме дека ќе има подобри резултати и ќе успееме конечно да се стабилизира клубот и да се создадат амбиции за влез во Втора Македонска лига.

🏆 Трета Македонска фудбалска лига-Запад
🗓 1-во коло: 01.10.2022 ( Сабота )
⚽️ ФК Напредок – ФК Дрита
🕒 Почеток: 15:00
🏟 Градски стадион – Кичево

Прочитај повеќе...

Спорт

Сејдини и првиот човек на ФИФА Инфантино продолжуваат со беспрекорна соработка за доброто на фудбалот

Објавено пред

на

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија се сретна со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, чија поддршка е секогаш добредојдена за федерации како македонската.

Сејдини додава дека одличните односи и соработка ќе продолжиме да ги негуваме и во иднина, а во преден план ни е унапредувањето на фудбалот и инфраструктурата.

Дополнително г. Инфантино ни вети дека подршката од ФИФА во овој дел нема да изостане и наскоро очекуваме иновации во овој правец, истакна Муамед Сејдини.

Прочитај повеќе...

Спорт

Катерина Милевска дел од врвна програма на ФИФА под менторство на селекторот на САД, нашиот македонец г-дин Влатко Андоновски

Објавено пред

на

Нашата селекторка на македонската женска репрезентација до 17 години, Катерина Милеска е дел од програмата на ФИФА и учесник во проектот „Coach Mentorship Programme” за развој на нова генерација женски тренери.

20 женски тренери учествуваат во програмата на ФИФА под менторство на 20 најуспешни тренери на женски репрезентации во светот.

Катерина Милевска за свој ментор го доби селекторот на женската репрезентација на САД, нашиот Влатко Андоновски.

Двајцата за прв пат имаа можност да се запознаат на Светското првенство за девојки до 20 години кое се одржа во август во Костарика. Таму беше организирана тридневна работилница, која всушност за младите женски тренери значеше непроценливо искуство за добивање знаење од врвните тренери, како и учество во анализа на тренинзите и натпреварите од шампионатот за млади фудбалерки.

Покрај обезбедувањето на талентирани тренери со ментори од светска класа, програмата исто така, има за цел да им помогне на женските тренери да постигнат поголеми резултати на нивните сегашни позиции, да понуди тренерски насоки и поддршка за развој на кариерата.

Ова е одлична програма. Ни овозможува да запознаеме одлични тренери, со неверојатно искуство зад себе кога е во прашање женскиот фудбал. Исто така, ни овозможува да ги споделиме сите наши искуства на теренот, да комуницираме едни со други за работи низ кои сме поминале, или кои можеби ги поминуваме. За мене е голема привилегија што Фудбалската федерација на Македонија ми даде можност да бидам дел од оваа програма, а посебно што за свој ментор го имам Влатко Андоновски. Навистина е важно за мене да научам колку што можам повеќе, да слушам колку што можам повеќе и да споделувам колку што можам повеќе. Имаме неверојатна можност да учиме од најдобрите во женската игра“, вели Катерина Милеска.

По завршувањето на семинарот во Костарика, Влатко Андоновски неколку денови помина во нашата држава, каде што заедно со Катерина Милевска работеа на подготовка на следниот нејзин предизвик со репрезентацијата на Македонија до 17 години.

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје5 часа

128 сообраќајни прекршоци во Скопје за еден ден, 20 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

Кичево7 часа

Страотна сообраќајка се случила утрово на кичевскиот бул.Ослободување

Страотна сообраќајка несреќа се случила после 5 часот утрово на кичевскиот бул.Ослободување. Имено според наши извори и извори од локалното...

Временска прогноза14 часа

Попоски препорачува претпазливост поради можна појава на невреме од обилен дожд, силен ветер и грмежи – ова се последните вести за времето

Со продорот на значително постуден воздух од север, кој ќе се судри со летната топла воздушна маса од југ над...

На денешен ден14 часа

1 октомври – На денешен ден

1684.- Починал францускиот писател Пјер Корнеј, поет со морална големина и патриотски и епски ентузијазам, еден од најзначајните претставници на...

Хороскоп16 часа

Месечен Хороскоп (1 октомври)

ОВЕН Им делувате недоверливо на вашите соработници и барате нови информации со цел на време да ги разјасните вашите дилеми....

Спорт1 ден

Утре сите на стадион да го бодриме кичевски Напредок за успешен старт на новата фудбалска сезона

Утре започнува новата сезона во Третата Македонска фудбалска лига-Запад, со оглед на тоа преку нашиот медиум ги повикуваме сите симпатизери...

Магазин1 ден

Како да ја проверите и избришете активноста за најавување на Instagram на мобилен и компјутер

Дали неодамна сте користеле телефон или компјутер на пријател за да се најавите на вашиот профил на Instagram и сте...

Магазин1 ден

Google ја исклучува својата услуга за игри Stadia

Играчите ќе имаат пристап до нивните игри библиотеки до 18 јануари 2023 година. Во текот на јули имаше тврдења дека...

Занимливости1 ден

Неодолива супер „неделна“ акција на производи само во АТВА Маркети – Кичево

Нова суперакција и попуст на следните производи која ќе трае до 06.10.2022 само во супермаркетите на АТВА во Кичево:

Гејминг1 ден

Најверојатно го имаме најдобриот гејмерски компјутер за претстојната 2023, тоа е монстерот „Alienware Aurora R15“

Најдобриот гејмерски компјутер за 2023 година според сите анализи, споредби и пресметки ќе биде „Alienware Aurora R15“. Станува збор за ...

НАЈЧИТАНИ