Следете не

Кичево

ФК „Кичево“ денес и официјално ги доби шампионските медалји и пехарот за освоеното прво место во лигата

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамките на денешниот ден, нашата екипа ФК „Кичево“ заслужено ги доби своите медајли и пехарот од Фудбалската федерација на Македонија за освоеното прво место во регионалната пелагониско-езерска лига 23/24 за генерација 2009/2010 година. Управата заедно со играчите во скромна мини манифестација го одбележаа овој значаен ден и голем успех за нашиот град.

Горди на своите фудбалери, посакувајќи им многу успех и секако нови достигнувања во понатамошниот тек на новата сезона.

– Пред се голема благодарност до нашиот медиумски покровител кој го следи буквално секој наш чекор предводен од г-дин Давор Богданоски. Се надеваме дека оваа соработка ќе ја подигнеме на уште поголемо ниво во наредниот период.

– Што се однесува до текот на настаните, во преодниот период и покрај сите тешкотии и сопки, нашиот клуб докажа дека само со чесна работа и труд може да се постигнат своите цели и достигнувања, никако поинаку, тоа е нашата водилка, за порта.мк предмалку изјави тренерот на ФК „Кичево“ г-дин Игор Николаевски, во една позитивна атмосфера.

Завршна табела:

Стрелци на сезоната:

Честитки момчиња!

Кичево

(ФОТО) Сообраќајка во близина на с.Трапчиндол на регионалниот пат Кичево-Гостивар

Објавено пред

на

porta.mk

Пред нешто повеќе од еден час се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кичево-Гостивар, во близина на с.Трапчиндол.

Во несреќата учествувале две возила, Тојота (патничко) со албански национални рег.таблици и Киа со македонски регистарски таблици.

Причинета е материјална штета, додека за здравјето на учесниците од евентуални повреди немаме подетални информации.

Екипи на ОВР Кичево вршат увид, додека сообраќајот се одвива непречено.

* Апел, за поголемо внимание во сообраќајот, овој период од годината секогаш интензитетот на автомобили во движење е зголемен, што нашето евентуално невнимание може да придонесе до несакани последици и несреќи во сообраќајот.

Имајте пријатни патувања!

Прочитај повеќе...

Кичево

„АТВА Маркет“ 4 слави роденден, по тој повод имаат производи со акциски цени!

Објавено пред

на

Нова роденденска акција, во АТВА 4 маркетот кој се наоѓа на Ул. Солунска бр 27, во населбата раштански пат.

👉Голем број на производи по намалени цени!
👉Акциски производи 1+1 гратис!

Искористете ја оваа одлична акција која трае од 15.07 – 17.07.2024

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Манифестација за паметење, 10-то јубилејно мото-дефиле по повод кичевската црква „Св.Петар и Павле“

Објавено пред

на

Денес по повод патрониот празник на нашата православна црква од Кичево „Св.Петар и Павле“ – „Петровден“ успешно се реализираше јубилејната 10-та по ред мото-парада низ кичевските улици.

Упатуваме јавна благодарност до БПС-ОВР Кичево за нивниот професионализам и целосната поддршка околу безбедноста во сообраќајот додека минува поворката, екипата на „Фото Зоран“ и Јован Ангелески кои стануваат наш „петровденски“ партнер, доброволно пристапија да ни помогнат моментите со фотографија да останат за секогаш, благодарност до Хотел „Кичево“ за отстапеното место и резервации за сите учесници, така што оваа година за расположение на присутните организираа свирка во живо со „Future Band“.

Исто така ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме и на свештениците од Кичевската парохија нивното блаженство за благословот традицијата да трае и се разбира за даровите кои секоја година по тој повод учесниците ги добиваат.

Официјално видео:

Во прилог галерија од настанот

Фотографии:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт14 минути

ФФМ го одржа првиот дел од редовниот летен семинар за асистенти судии и контролори за македонскиот фудбал, презентирана беше промената на услови за судење, која беше применета во ЕВРО 2024

Непосредно пред почетокот на новата натпреварувачка сезона 2024/2025, како и секоја година, Фудбалската федерација на Македонија во Кичево од 19...

Македонија4 часа

Од ноќеска нова намалена цена на горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во...

Lifestyle5 часа

Колку чекори дневно е оптимално да се направат?

Следењето на вашите чекори е одличен начин да го зголемите нивото на вашата активност, но дали навистина ви помага да...

Lifestyle5 часа

Ако ги имате овие симптоми откако ве убоди стршлен, веднаш контактирајте го вашиот лекар

Еден стршлен може да убоди еднаш или повеќе, а понекогаш стршлените се ројат, што резултира со десетици или стотици убоди....

Lifestyle5 часа

Истражување: Инсектите кои опрашуваат, како што се пчелите, се многу потолерантни на загадување од растителните штетници

Опрашувачите на инсекти, кои вклучуваат пчели, некои видови молци и пеперутки, се поподложни на загадување на воздухот отколку растителните штетници,...

Магазин5 часа

Илон Маск избегнува да плати 500 милиони долари на поранешните работници на Twitter

X, порано познат како Twitter, е во центарот на бројни правни спорови од неговото преземање од страна на Илон Маск....

Магазин5 часа

Нема повеќе Samsung Messages, отсега Google Messages на телефоните Galaxy

Samsung , наводно, објавил дека ќе го отфрли Samsung Messages како стандардна апликација за пораки во корист на Google Messages...

Магазин5 часа

Малите телефони се враќаат во форма на телефони на преклоп

Иако трендот кон поголеми екрани продолжува во 2024 година, има нов пораст на уреди со компактен дизајн, но со пресврт...

Магазин5 часа

Google и Microsoft имаат пристап до чипови од Кина и покрај забраната

И покрај забраната за продажба на Nvidia AI чипови со високи перформанси во САД, Google и Microsoft продолжуваат да ги...

Магазин5 часа

Spotify лансира нов глас и јазик за својот AI DJ

Spotify лансира верзија на шпански јазик на својата функција „AI DJ“. Новиот глас на шпански јазик е обезбеден од постариот...

НАЈЧИТАНИ