Спорт
(ФОТО) „Бура од голови“, одличен победнички викенд за момчињата од „ФК Кичево“, Николаевски задоволен од прикажаната игра
Денес во Кичево се одиграа натпревари од детската лига во „Југозападниот“ регион помеѓу генерациите 2011 и 2012. Во натпреварот од генерацијата 2011 нашите момчиња од „ФК Кичево“ победија со резултат 3:2 во директниот дуел за првото место против екипата на Караорман од Струга.
„Хет-трик стрелецот“ на трите прекрасни голови е капитенот Борис Матески, кој несомнено е апсолутен „играч на мечот“ и уште еднаш ги оправда очекувањата на управата и своите играчи за неговата игра.
Возбудлив исто така беше и натпреварот од генерацијата 2012 против екипата на „Ас Јунајтед“ каде во првиот дел од мечот стружани ја имаа целата контрола на теренот така што квалитетно ги испратија своите врсници од „ФК Кичево“ со 0:2 негатива, но фудбалот е тоа, се игра до последниот свиреж, добра тактика, ги применија тренерските совети, така што во самиот финиш на натпреварот домаќините ја „запалија“ парната машина и постигнаа неверојатни 3 голови за само 5 минути, за да слават голема победа од 3:2. Стрелци на головите беа Илијоски Александар со 2 голови и победоносниот 1 гол на Берк Али.
Исто така меч за паметење одиграа и момчињата од 2009 генерација против екипата на Преспа на гости во Ресен, каде се изборија за мега резултат од 0:6. Гол-мрежата на гостите ја „бомбардираше“ Стефан Војчески со одлични 4 голови, додека Андреј Петрески и Елмедин Шерифоски со по еден гол се запишаа во листата на стрелците.

– Сакам да им се заблагодарам на присутните родители, на вашиот медиум за соработката, ја користам оваа прилика да им честитам на момчињата кои уште еднаш покажаа како е да се „војува“ на терен. Го заокружуваме празничниот викенд со три победи од три натпревари, но и понатаму ќе останеме посветени и ќе работиме, следуваат уште квалитетни екипи и исклучително талентирани и спремни момчиња, додаде првиот човек на „ФК Кичево“ – Игор Николаевски
Фотогалерија од денешните мечеви:
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Кичево2 денаОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија1 ден„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Кичево18 часаОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза1 денПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Lifestyle16 часа„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Хороскоп7 часаХороскоп за петок (28 ноември)
-
Магазин2 денаGoogle Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност











































































































































