Спорт
(ГАЛЕРИЈА) „ФК Кичево“ го освои првото место на меѓународниот турнир „Balkan Promises“ одржан во Охрид
Викендов се одржа меѓународниот турнир во фудбал „Balkan Promises“ на кој учествуваа екипи од Албанија, Косово и Македонија. Нашиот тим учествуваше со фудбалери од три генерации, 2009, 2011 и 2012 година.
Генерацијата од 2012 година имаше одлични настапи во својата група, генерација 2011 несреќно загуби во полуфинале на пенали, додека шлагот на овој турнир беше нашата генерација 2009 која го освои турнирот со победата против екипата на Риниа од Тирана, Албанија и овој турнир практично го заврши без пораз.
За најдобар стрелец беше прогласен Стефан Војчески, најдобар играч Андреј Петрески и најдобар голман Петар Којчески. Со ова нашите момчиња ја завршија оваа натпреварувачка година 2023-та.
Игор Николаевски – тренер на „ФК Кичево“: „Голема благодарност до сите членови на фудбалскиот клуб „Кичево“, нивните родители за несебичното вложување и заслугата за изминатите успеси одат на нивна сметка. Тука нема да застанеме продолжуваме со работа, за нова успешна 2024-та година.“
Нашиот медиум продолжува со поддршка на ФК „Кичево“ за нови и уште поголеми успеси
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (21 ноември)
-
Без категорија2 денаЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме
-
Хороскоп19 часаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Спорт23 часаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Култура2 денаДенес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Македонија1 денАМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
-
Македонија1 денЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
-
Македонија1 денПоради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории



























































