Спорт
ФК Кичево денес освои службено 3 бодови, за гостинската екипа играа повозрасни играчи
На денешниот натпревар помеѓу екипите на „ФК Кичево“ и „Топ Гол“ во рамките на 10-то коло од Регионалната Пелагониско-Езерска лига за генерации 2010/11 заврши со резултат 3:0 за нашите момчиња од Кичево, службено добиен меч со причина.
Имено, како што истакнаа од управата на клубот, по извршување на идентификација на двете екипи од страна на судиите и делегатот утврдени се нерегуларности во гостинската екипа на „Топ Гол“ за официјално 3 играчи, по проверката не биле во записник, а учествувале на натпреварот, така што по проверка во „Comet/Комет“ системот на ФФМ утврдено е дека биле родени во 2009 година и се повозрасни.
– „ФК Кичево“ најостро го осудува ваквиот тип на нерегуларности, кои се долго време причина за губење на убавината на оваа игра, а сведоци сме на вакви настани секој фудбалски викенд во сите детски лиги низ фудбалските терени во Македонија. Фудбалот е игра која треба да сплотува и да ги учи децата на вистински вредности, а вакви настани можат само да ги оддалечат од тоа, истакна челниците на кичевскиот клуб.
– За таа цел, преку соопштението, апелираат и бараат брза реакција од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Кичевското „трио“ ќе ја дели правдата утре на мечот „Струга ТЛ – Воска“, Ставрев и Костадинов на „Тодор Проески“ за последен пат пред пензија на „ФК Работнички – ФК Пелистер“
Фудбалската федерација на Македонија вчера ги истакна судиите кои ќе го судат 18-тото коло во првата македонска фудбалска лига в недела. На градскиот стадион во Струга каде ќе се сретнат „Струга-Трим Лум“ и „Воска“ правдата на мечот ќе ја делат кичевската тројка – главен судија познатиот Александар Грујоски, помошник еден од најдобрите судии Куштрим Лика и Давор Цветаноски, додека искусните арбитри Мартин Дејаноски и Марјан Стојановски ќе бидат дел од мечот „ФК Беса“ и ФК Шкупи“ на градски во Гостивар. Да потсетиме, ова коло со судиското свирче се простува најдобриот судија на сите времиња, познатиот Ставрев Александар ќе го суди мечот „ФК Работнички и ФК Пелистер“ на националната арена „Тодор Проески“, заедно со Ставрев, кариерата ја завршува и помошниот судија на истиот меч, Дејан Костадинов, кој исто така го има својот последен натпревар.
Во продолжение останатите судии кои ќе ја делат правдата на фудбалските терени:
Сите натпревари започнуваат од 13:00 часот
Игор Стојчевски – ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци – ФК АП Брера Струмица АД
Фуркан Идризи – ФК БЕСА 1976 АД – ФК ШКУПИ 1927 АД
Стојанче Трпчевски – ФК СИЛЕКС АД – ФК ВАРДАР АД
Димитар Пилешков – ФК ШКЕНДИЈА АД – КФГ ГОСТИВАР АД
– Мечевите може да ги следите во живо преку официјалниот јутјуб канал на Фудбалската федерација на Македонија ТУКА
Спорт
Женските репрезентации на Македонија до 17 и до 19 години ги добија противниците за следните квалификации за Европското првенство 2025
Денеска во Нион беа извлечени групите за квалификациите за жени до 17 и до 19 години за ЕП 2025, рунда 2.
Репрезентации до 17 години – лига Б
- Словенија
- Македонија
- Молдавија
Домаќин – Македонија од 6 до 12 март 2025 (MD 06.03, 09.03,12.03)
Репрезентации до 19 години – лига Б
- Македонија
- Хрватска
- Ерменија
- Литванија
Домаќин Хрватска од 1-7 Април 2025 (MD 01.04, 04.04, 07.04)
Извор: ФФМ
Спорт
Познат датумот на извлекувањето за 1/4 Куп на Македонија во фудбал
Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија истакна информација за датумот на извлекување на 1/4 финалните двојки во Купот на Македонија.
Извлекувањето на 1/4 парови ќе се одржи на 10-ти декември (вторник) со почеток во 15:00 часот во “Куќа на фудбалот”.
ФК Вардар, ФК Брера А.П., ФК Шкендија, ФК Струга Трим Љум, ФК Арсими, ФК Детонит Плачковица, ФК Силекс и ФК Гостивар се тимовите кои изборија пласман во 1/4 финалето во Купот на Македонија и ќе бидат дел од ждребот во вторник.
1/4 финалните натпревари (се игра еден натпревар) според програмата ќе се одиграат на 26-ти февруари 2025 година со почеток во 14:00 часот, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за сабота (7 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (6 декември)
-
Спорт6 часа
Кичевското „трио“ ќе ја дели правдата утре на мечот „Струга ТЛ – Воска“, Ставрев и Костадинов на „Тодор Проески“ за последен пат пред пензија на „ФК Работнички – ФК Пелистер“
-
Кичево1 ден
Броиме часови до долгоочекуваниот концерт на младиот пијанист Лука Лазарески од Кичево!
-
Македонија1 ден
Утрово кај охридско Ново Село, полициски службеници направиле сообраќајка со службено возило
-
Спорт2 дена
Едоардо Бове фудбалерот од Фиорентина кој колабираше на терен, постои можност неговата професионална кариера да ја заврши
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 6 декември
-
Временска прогноза7 минути
Постојано ќе имаме повремени врнежи, а снежната покривка на планините и на Скијачките центри ќе се зголемува!