Спорт
ФК Тиквеш го освои Купот на Македонија во фудбал, на големо славје на кавадарчани
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/05/20240522225946.jpeg)
Фудбалскиот клуб Тиквеш е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска во интересен натпревар, славеше победа со 2:1 над Воска Спорт во 31 финале од најмасовното натпреварување.
Екипата предводена од Ѓорѓи Мојсов беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено се радуваше на првиот освоен трофеј, со кој ја заокружи одличната сезона.
Со овој триумф, тимот од Кавадарци обезбеди учество во квалификациите на Лигата на Конференеции. Првото полувреме во целост му припадна на тимот од Кавадарци. Подобрата игра и доминацијата успеаа да ја крунисат со прекрасниот погодок на Стојкоски од слободен удар во 41. минута од средбата.
Во продолжението Луан Силва погодува во 59. минута за предност на Тиквеш од 2:0. Конечните 2:1 ги постави Шаркоски, по една грешка на голманот на тимот од Кавадарци.
За ТИКВЕШ настапија: Ренер, Фетаи, Карчески, Луан Силва, Мојсов, Спахиу (87. Малески), Спиркоски, Стојкоски (90+3. Михаилов), Ми. Тодоров, Вареловски, Робертињо (83. Стоименовски).
Тренер: Ѓорѓи Мојсов.
За ВОСКА настапија: Захов, Ачимовиќ (46,. Георгиев), Менсалао (62. Шаркоски), Јашароски (46,. Јахја), Кочоски, Марушиќ, Николиќ, Стијеповиќ, Тодороски (72. Ибраими), Трпески (46,. Јусуфи).
Тренер: Срѓан Захариевски.
/ФФМ
Спорт
На првиот контролен меч против Црна Гора, футсал Македонија победи, додека вториот се игра утре после пладне
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/06/20240613132946.jpeg)
Македонската А футсал репрезентација забележа победа на првиот контролен натпревар против Црна Гора. Дуелот одигран во Никшиќ мина во наша доминација, победивме со резултат 2:0. Првото полувреме заврши со предност за Македонија. Голоѕ за наша предност го постигна Драган Петровиќ. Во вториот дел постигнавме уште еден гол преку Таулант Исмаил за конечни 0:2.
Димитар Јанев имаше добри шанси за гол во првото полувреме, како и Берат Рамадан и Иван Крстевски во вториот дел.
Вториот контролен натпревар против Црна Гора го играме утре од 17:00 часот.
Спорт
Претставниците на ФФМ, Филип Поповски и Сашо Даневски дел од организацијата на „ЕУРО 2024“
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/06/filip-saso.jpg)
Претставници на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски во улога на делегат на натпревари и Сашо Даневски, кондициски тренер на фудбалски судии, добија голема чест да бидат дел од организацијата на натпреварите на Европското првенство 2024 во Германија.
Филип Поповски е одреден за делегат на сите натпревари кои ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин: Шпанија – Хрватска, Полска – Австрија, Холандија – Австрија и натпреварите од елиминациската фаза, 1/8 финале, 1/4 финале и големото финале на 14. јули 2024.
Сашо Даневски, кондицискиот тренер на фудбалски судии, веќе три седмици во Франкфурт работи со делегираните судии за Европското првенство. Нашиот Даневски, исто така, беше одговорен за следење на тренинг процесот на судиските тимови кои ја делеа правдата и на финалните натпревари од Лига на Шампиони и Лига Европа.
Ова признание и улогата која им е доделена на Филип Поповски и Сашо Даневски ја истакнува стручноста, посветеноста и професионализмот во нашата федерација. Во улога на делегати на мечевите во организација на УЕФА, претставниците на ФФМ и досега ги одржуваа највисоките стандарди на организација и ефикасност на натпреварите. Дополнително, фитнес тренерите работат со судиите за да се осигураат дека тие се во врвна физичка кондиција, што е клучно за одржување на брзиот и напорен карактер на турнирот.
Доверувањето на овие одговорности ја нагласува довербата што организацискиот одбор на ЕУРО 2024 и УЕФА ја имаат во способностите.
„Пред се би сакал да се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија за несебичната поддршка на сите оние кои ја преставуваат нашата федерација и нашта држава на големи настани како што е Европското првенство. Благодарност и до УЕФА која го препознава нашиот труд и квалитет и ни ја дава можноста да бидеме дел од ова големо натпреварување. Функцијата делегат на натпреварите на Олимпискиот стадион во Берлин е привилегија, но и многу одговорна функција која е поврзана со сите спортски аспекти на самиот стадион. Јас верувам дека ќе се покажеме во најдобро можно издание и ќе направиме простор за идни наши преставници да бидат дел од европските натпреварувања“, за јавноста преку ФФМ изјави Филип Поповски.
Спорт
Македонија со два крајно сомнителни пенали загуби од Чешка на гостински терен, последниот беше досуден во 97-та минута од натпреварот
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/06/20240610220241.jpeg)
Македонската А репрезентација со два сомнително досудени пенали загуби од домашната Чешка со 2:1 на контролниот натпревар во Храдец Кралове. Барак погоди од непостоечки пенал во 97. минута. Исник Алими во 65. минута го даде голот за Македонија за израмнување на 1:1. Спорен момент беше и првиот гол од пенал за домаќините. Чешките фудбалери се судрија во казнениот простор, Муслиу беше зад капитенот Соучек и по скоро минимален контакт, судијата Оченаш одлучи да покаже на белата точка. Прекинот траеше одредено време, имаше и тензија, но одлуката не беше променета. Предност за домашните донесе Патрик Шик во 60. минута.
Чешка беше многу поактивна во првото полувреме. Домаќинот се закани на стартот преку Шик, но топката заврши во корнер. Потоа се обиде и Хложек, а во 20. минута Муслиу спаси гол по ударот на Коуфал. Во 31. минута, Македонија првпат се закани кога по една мешаница шутираше Исник Алими, но само во рацете на Станек.
ЧЕШКА: Штанек; Холеш, Хранач, Крејчи; Куфал, Соучек, Хложек, Провод, Доудера; Шик, Кухта;
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски; Ашковски (77’ Димоски), Зајков (72′ Серафимов), Делковски, Муслиу, Алиоски (89′ Иљазовски), Костадинов, Алими, Атанасов; Елмас (89′ Ќамили), Трајковски (77’ Ристовски);
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (14 јуни)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (15 јуни)
-
Временска прогноза14 часа
Метео анализа за лето 2024, пред нас пеколни горештини но и временски непогоди, ова се информациите
-
Култура2 дена
Денес е празник, денеска е „Спасовден“, четириесет дена по Велигден, ова се обичаите и верувања за овој голем празник
-
Lifestyle1 ден
Се почесто се појавуваат комарци и крлежи. Еве како да се заштитите ова лето
-
Магазин2 дена
Никогаш не би погодиле: Дали знаете што значи зборот „Google“?
-
Магазин2 дена
Apple објави нова листа на застарени уреди
-
Спорт2 дена
На првиот контролен меч против Црна Гора, футсал Македонија победи, додека вториот се игра утре после пладне