Спорт
(ФОТО) Центарот за едукација при ФФМ организираше шест семинари за тренери и стекнување на УЕФА лиценци
Центарот за едукација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија во периодот ноември / декември 2022. година, организираше шест семинари на три различни нивоа за УЕФА фудбалска едукација и стекнување на лиценци.
Беа организирани семинари на кандидати за добивање УЕФА Ц лиценца – две групи со присуство на вкупно 52 кандидати кои покажаа високо ниво на интерес и активно се вклучија во наставата.
За добивање УЕФА Б лиценца беа, исто така, организирани два курса и во рамките на двете групи присуствуваа вкупно 47 кандидати, сите носители на УЕФА Ц Диплома и дел од првата генерација на кандидати кои успешно ги комплетираа своите обврски. Беа испорачани и два модули во рамките на 15-та генерација на тренери за добивање УЕФА А диплома во присуство на 23 кандидати кои како и другите, покажаа посветеност и целосно се вклучија во наставата и исполнувањето на зададените задачи.
За одбележување, а на наше големо задоволство, е дека во рамките на споменатите семинари имавме присуство на десет жени тренери од кои седум кандидатки за здобивање на основната УЕФА Ц диплома, а школувањето на сите нив е во целост поддржано од УЕФА и ФФМ. Воедно, по подолго време, Центарот за едукација при ФФМ оформи група и за кандидати за здобивање со УЕФА А голманска лиценца за кое ниво се пријавија 16 кандидати и каде почетокот на наставата и првиот модул ќе се одржат во февруари 2023.
Сите предвидени програмски содржни за секое едукативно ниво беа испорачани од страна едукаторите од Центарот за едукација и надворешни соработници, предавачи кои ја реализираа наставата во целост:
Проф. Др. Небојша Марковски, Директор на ЦЕ
Проф. Др. Вујица Живковиќ, Проф. ФФОЗС – Едукатор во ЦЕ
Проф. Др. Жикица Тасевски, Едукатор во ЦЕ – носител на ПРО
Проф. Др. Висар Ганиу, Едукатор во ЦЕ – носител на ПРО
Борче Христов, Едукатор во ЦЕ – носител на ПРО
Гордан Здравков, Едукатор во ЦЕ – носител на ПРО
Проф. Др. Ленче А. Величковска – Декан ФФОЗС – предавач ЦЕ
Проф. Др. Ванчо Поп Петровски – Проф. ФФОЗС – предавач ЦЕ
Др. Илија Стоилов – медицина и антидопинг
Марјан Ристевски – комесар за судии при ФФМ
Зоран Стратев – Технички директор ФФМ
Бојан Марковски – Координатор на ЦЕ/Грасрут менаџер ФФМ
Влатко Андоновски – Селектор на женската репрезентација на САД
Борис Кубла – Директор на Хрватската едукативна академија и УЕФА инструктор
Во прилог официјална галерија од настанот:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл
Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина досегашниот рекорд на Карим Абдул-Џабар.
Српскиот центар на овој натпревар ја забележа својата 5.654-та асистенција во кариерата, со што стана центарот со најмногу асистенции во историјата на лигата, оставајќи го зад себе легендарниот Абдул-Џабар.
Покрај тоа, Јокиќ го оствари и својот 195-ти трипл-дабл во НБА кариерата, запишувајќи 23 поени, 11 скока и 13 асистенции, и беше клучниот фактор за шестата последователна победа на Денвер.
Во следното коло, тимот од Колорадо ќе се соочи со Хјустон, а натпреварот е закажан за сабота, 20 декември.
/021.rs
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево1 денСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза1 денНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија2 денаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп15 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево19 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
-
Кичево20 часаВнимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента





