Свет
ФОТО Еруптираше подводен вулкан, НАСА фотографираше нов остров во Тихиот Океан
Само единаесет часа откако вулканот почна да еруптира, нов остров се појави над површината на водата, според НАСА, која сними сателитски снимки од новоформираниот остров.
Островче се појави во областа на островите Тонга во Тихиот Океан по ерупцијата на подводен вулкан, објави Си-Ен-Ен.
Малиот остров се појавил во југозападниот дел на Тихиот Океан каде има многу подводни вулкани.
Еден од тие вулкани еруптираше на 10 септември, исфрлајќи лава, пареа и пепел, се вели во соопштението на Земјината опсерваторија на НАСА.
Само единаесет часа откако вулканот почна да еруптира, нов остров се појави над површината на водата, според НАСА, која сними сателитски снимки од новоформираниот остров.
Новородениот остров рапидно растел и неколку дена подоцна, на 14 септември, научниците од геолошкиот институт на Тонга процениле дека островот е 4.000 квадратни метри. Но, до 20 септември островот порасна на 24.000 квадратни метри, или околу 6 хектари.
In the southwest Pacific, a seafloor ridge that stretches from New Zealand to Tonga has the highest density of underwater volcanoes in the world. On Sept.10, one of them—the Home Reef seamount—awoke, giving rise to a new island. https://t.co/1gLtSI47Bf pic.twitter.com/yfWiDiXysr
— NASA Earth (@NASAEarth) September 22, 2022
Новиот остров се наоѓа на морската планина Home Reef во централниот дел на островите Тонга, југозападно од островот Лата.
Можеби не сакате да се приврзете премногу за мал остров: Островите создадени од подводните вулкани „често се краткотрајни“, вели НАСА. Но, понекогаш овие непостојани острови можат да постојат со години или дури со децении.
Вулканот Home Reef продолжува да исфрла лава, се вели во објавата на Фејсбук на Геолошкиот институт на Тонга. Вулканската активност претставува мал ризик за воздушниот сообраќај и жителите на Вавау и Хаапаи, две островски групи во централна Тонга.
„Не е забележана видлива пепел во последните 24 часа“, објави агенцијата на крајот на неделата. „На сите морнари им се препорачува да пловат на најмалку 4 километри од Home Reef до понатамошно известување“.
Свет
Тлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
Денес, во 22:52 часот, беше забележан нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала на јапонскиот остров Хокаидо. Според достапните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на координати 41.0079° северна ширина и 143.0123° источна должина.
Eпицентарот, како што известува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, бил на длабочина од околу 18 километри под површината на Земјата.
🔔#Earthquake (#地震) M6.4 occurred 142 km NE of #Hachinohe (#Japan) 11 min ago (local time 06:52:42). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/1tFIB9RTX3
🖥https://t.co/AenVB0EsL3 pic.twitter.com/rynZOPWGPH— EMSC (@LastQuake) December 8, 2025
До сега, нема пријавено штети или повредени лица, а властите продолжуваат да ја следат ситуацијата.
Треба да се напомене дека Хокаидо денес веќе беше погоден од земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтерова скала.
Свет
Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток временски период, јави руската новинска агенција РИА во четврток, цитирајќи го регулаторот Роскомнадзор.
Како една од причините за оваа блокада, руските власти ја навеле наводната злоупотреба на „Snapchat“ за организирање терористички напади и регрутирање на извршители на кривични дела во земјата.
Тим часот пред тоа, Русија го забрани и „FaceTime“, апликацијата за видео повици на „Apple“, во рамки на засилената стратегија против странските технолошки платформи, за кои властите сметаат дека се користат за извршување криминални активности.
Оваа одлука следи по претходните ограничувања за YouTube (Google), WhatsApp (Meta) и Telegram.
Извор: RIA / engadget.com
Свет
Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“
Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.
Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.
Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.
Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.
„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.
WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.
Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.
Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.
Извор: independent.co.uk
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево24 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза2 денаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Хороскоп14 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Кичево2 часаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Македонија21 часОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт2 денаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија2 денаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
