Спорт
(ФОТО) Како реакцијата на капитенот Симон Кјер играч на Милан го спаси од трагедија младиот Ериксен
Со години ќе се зборува за ужасните сцени од стадионот Паркен. Кога играчот од средниот ред на данската репрезентација, Кристијан Ериксен, падна на тревата и ја изгуби свеста, малкумина на натпреварот очекуваа дека тоа ќе се случи, повеќето репрезентативци во шок ја следеа борбата за живот на играчот од средниот ред на Интер, но капитенот на Данска, Симон Кјер прерасна во вистински херој.
Токму дефанзивецот на Милан, со навремена реакција, го спречи Ериксен да го гризне јазикот во несвесна состојба. Го стави во вистинската позиција, а потоа го организираше и остатокот од тимот. Данската репрезентација изгради жив ѕид околу Ериксен, така што медицинската служба ќе има простор за реанимација.

Кјер имаше доволно храброст да и пријде на подобрата половина на Кристијан Ериксен.
– Во меѓувреме, големиот Лукаку својот гол за Белгија го посвети токму на Ериксен, извикувајќи „Крис Те Сакам!“
Lukaku gol and Celebration:
"Chris! I Love You!"#EURO202 pic.twitter.com/RMSvjZbIWU
— txtInternazionaleMilano (@NerazzurriFans) June 12, 2021
ФОТО: EPA
Спорт
Ако не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
Реал Мадрид по поразот од Селта Виго со 0:2 на домашен терен во „Примера дивизион“ минатата недела, при што беа доделени и два црвени картони, по тој пораз, Барселона остана на лидерската позиција со четири бода предност, а ситуацијата на клупата на Реал се комплицира, со најава дека тренерот Алонсо може да биде отпуштен уште оваа недела.
Според информации од Шпанија, во понеделник беше свикан итен состанок во Мадрид за да се разгледа моменталната ситуација со Алонсо и неговиот тим. Како што пренесува „Марка“, натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе биде одлучувачки за иднината на тренерот.
Во случај на пораз, Алонсо ќе биде отпуштен, но ако Реал извојува победа, неговиот мандат ќе продолжи.
🚨🚨 BREAKING: If Real Madrid lose against Man City, Xabi Alonso will be FIRED.
Decision made. @marca pic.twitter.com/jJ5onRSuW3
— Madrid Zone (@theMadridZone) December 8, 2025
Реал Мадрид ќе игра против Сити на домашен терен в среда во 21 часот, а голем интерес ќе предизвика тоа како ќе реагираат играчите и дали ќе успеат да бидат мотивирани и покрај нарушената атмосфера во соблекувалната оваа сезона.
– Инаку, Алонсо го презеде тимот ова лето, а најголемо внимание привлече поради неговиот напнат однос со Винисиус Жуниор. Управувањето со Реал и контрола на соблекувалната не е лесна задача, а чини се дека тоа е најголемиот предизвик за Алонсо, кој, и покрај напорите, не успеа да постигне одлични резултати.
Во јавноста веќе се споменуваат имињата на Зинедин Зидан и Јорген Клоп како потенцијални наследници на Алонсо, но повеќе детали ќе се знаат ако се случи промена на тренерската позиција.
Спорт
Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу младинските екипи на Нант и Макаби Хаифа до 19 години. Средбата ќе се одигра на стадионот од Нант, 10 декември 2025 год во Франција и носи огромно значење бидејќи победникот обезбедува пласман во следната фаза од елитното европско натпреварување. Главен судија ќе биде Christos Vergetis.
Првиот дуел беше одигран на стадионот „Ѓирмот / Gyirmóti“ во Унгарија, истиот заврши со минимална победа на Макаби Хаифа од 1:0, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред реваншот во Франција. Лика ќе има важна задача – да придонесе натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера, каква што налага европската фудбалска сцена.
– „Секое меѓународно судење за мене е вистински предизвик и чест. Тоа е признание за мојата работа и мотивација постојано да се подобрувам. Особено е престижно чувството кога се носиш со арбитража на мечеви што ги следи цела фудбалска Европа“, за Порта.мк истакна Лика во пресрет на големата средба.
Назначувањето за ваков тип на натпревар уште еднаш потврдува дека македонските фудбалски судии успешно чекорат кон европскиот врв, претставувајќи достоинствено како себе, така и својата земја. Претходно Давор Цветаноски беше дел од мечот „Австрија Виена – Макаби Хаифа“, додека Зоран Јанкулоски, заедно со Лика беа дел од натпреварот помеѓу екипите на „Nordragota – Викингур“
Порта.мк со поддршка за кичевските арбитри кои високо котираат во својата професионална фудбалска кариера!
Спорт
Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна интегрално соопштение и се заблагодари за досегашната соработка. Неговото обраќање пред јавноста гласеше вака:
– Искрено сакам да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите нејзини претседатели Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ кои од 2014 година наваму обезбедуваа стабилни услови и поддршка, што овозможија да се испишат значајни страници во историјата на македонскиот фудбал.
Посебно признание должам на актуелниот претседател Масар Омерагиќ за неговата континуирана, јасна и несебична поддршка во изминатиот период. Таквите темели се клучни за секој професионален процес да функционира сигурно и доследно во спортот, но и пошироко.
Горд сум на нашите фудбалери. Нивната трудољубивост, борбеност и силна волја ни донесоа резултати што долго ќе се паметат. Тие вистински го претставија духот на Македонија, а тоа ме исполнува со искрена гордост.
Голема благодарност упатувам и до мојот стручен штаб, како и до медицинскиот и логистичкиот тим, за нивната професионалност и беспрекорна соработка. Секој од нив си ја извршуваше задачата тивко, прецизно и посветено, како дел од тим што мора да функционира усогласено за да успее.
Навистина беше чест да ја предводам репрезентацијата и да бидам дел од овој колективен напор. И понатаму ќе останам со тимот со внимание, поддршка и почит, заврши Милевски.
Извор: ФФМ
-
Хороскоп15 часаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (10 декември)
-
Македонија2 денаНа Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
-
Македонија1 денОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
-
Lifestyle1 денЗошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина
-
Технологија1 ден„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг
-
Автомобили1 денГерманија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година
-
Магазин1 денSamsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година
