Македонија
(ФОТО) Кичевчани помеѓу учесниците на 32-то мото-рели во чест на Независност на Република Македонија
Традиционално по 32 пат во чест на Ден на независност на Република Македонија се возеше мото рели турнеата низ Македонија, каде продефилираа над 500 мотори, истата како што знаеме е во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија, а во својата мапа кафе-пауза моторџиите направија и во Кичево.
Мото релито се возеше безмалку 800 километри, така што сè помина во најдобар ред, со многу дружба и позитивна енергија.
На турнеата свое учество зедоа и 30-тина кичевчани кои се редовни на возење, а со добро кафе и доручек се покажаа и како одлични домаќини денес.
Вака беше во Кочани, видео ТУКА
Македонија
Забрана за тешки товарни возила Пресека, Кичево-Гостивар, Дебар-Маврово
АМСМ предмалку соопшти дека воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
- Дебар – Маврово
- Охрид – Кичево (Пресека)
- Кичево – Гостивар
Македонија
ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните и југозападните делови од државата, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Сите патни правци во државата се проодни.
ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.
Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502, истакнаа од ЈП Македонија Пат.
Македонија
Намалена видливост поради магла на следните сообраќајници, додека од денес кај Фариш-Прилеп ќе се изведуваат градежни работи
АМСМ известува дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. Постои намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. на патните правци Скопје – Катланово и Катланово – Скопје и до 100м. на патниот правец М. Брод – Кичево.
Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.
Исто така АМСМ известува дека фирмата „Стентон Градба – Битола“ согласно одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од денес 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи.
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за понеделник (23 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Временска прогноза13 часа
Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи
-
Автомобили1 ден
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година
-
Македонија41 минута
ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч
-
Временска прогноза5 часа
Најавениот влажен продор кој носи снег и дожд пристигнува…
-
Магазин1 ден
Живот на Месечината? Јапонија работи на лунарно живеалиште со вештачка гравитација