Кичево
(ФОТО) Кичевските пожарникари уште се на терен и гасат пожари, сите почести за нив
Сите почести за кичевските пожарникари, како и за вработените од Национални Шуми „Лопушник“ кои деноноќно мака мачат со огнените стихии кои го зафатија нашиот регион.
Пожарот во близина на селото Бачишта е локализиран. 5 вработени од Национални Шуми „Лопушник“ и 5 лица од локалното население се на терен, заедно со ТППЕ го обиколуваат теренот и интервенираат да ги до изгаснат остатоците кои горат.
Пожарот исто така во близина на селото Тајмиште е локализиран. 8 вработени од Национални шуми „Лопушник“, заедно со ТППЕ се излезени на терен, го обиколуваат теренот и ги догасуваат остатоците кои горат.
– Моментално се уште активно се гасат пожари генерално околу месноста Стража, aпелираме до неодговорните и несовесни граѓани дека топлото време е погодно за движење и работа во шума, излетниците и сите посетители на шумата, да внимаваат кога работат со лесно запаллив материјал бидејќи е доволна само мала искра за да се потпали сувата трева и друга нискостеблеста вегетацијана, да не се фрлаат цигари и отпушоци од цигари и догорчиња.

Исто така работата со разни култури на нивите и полињата, при што најчесто на неадекватен начин се чистат нивите и палат отпадоците и стрништа, да внимаваат на шумите како добро од општ интерес и така што работите во шума да ги работат совесно и со особено внимание.
Со таквото внимание ќе си помогнеме и самите себе си, додека граѓаните како главен фактор соодветно да известуваат за рано спречување на пожари со дојава до надлежните институции, преку нашиот портал истакна г-дин Грговски еден од најискусните пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Кичево.
Кичево
Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал
На меѓународниот фолк фестивал 2025 кој се одржува во Полска под културен центар Закопане, се избира најубава носија. На овој престижен фестивал свое учество зедоа КУД „Бисер“ од Кичево, додека учесници на натпреварот се Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево.
Со „Like“ под фотографијата да им дадеме значајна поддршка за најубавата македонска носија, натпреварот трае од денес 18 август до 21 август четврток.
За Матеа кликни – ТУКА
За Александар кликни – ТУКА
Кичево
Вчера на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Длапкин Дол се случила сообраќајка помеѓу две возила и автобус, има повредени
На 17.08.2025 во 10:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д.(44) од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П.(46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево.
Известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, известуваат од Министерството за внатрешни работи
Кичево
ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч
На 17.08.2025 во 15:25 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода Џ.З.(46) од кичевското село Стрелци. При контрола во патниот сообраќај на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, при што констатирале дека таа го управува возилото со брзина од 107 километри на час на место каде со сообраќаен знак има ограничување на брзината од 50 километри на час.
Против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, известува за јавноста Министерството за внатрешни работи
-
Кичево2 денаОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч
-
Кичево2 денаИграорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал
-
Спорт1 ден(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (19 август)
-
Македонија13 часаМВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило
-
Култура17 часаДенес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!
-
Хороскоп3 часаХороскоп за среда (20 август)
-
Македонија2 денаДенес во Штип, Македонската Армија одбележува 33 години од своето формирање, три децении исполнети со професионализам, посветеност и храброст
