Кичево
(ФОТО) КУД „Бисер“ од Кичево вечерва во полна сала на НУЦК „Кочо Рацин“ го реализираше својот годишен гала концерт

Вечерва во преполна сала се реализираше и овогодинешниот концерт на КУД „Бисер“ – Кичево, под мотото „Тапан бие, оро се вие. Гајди и песни ечат, душа ни лечат“. Најпрво гала вечерта ја отвори претседателот на КУД „Бисер“ г-дин Младен Ванчоски, им посака топло добредојде на сите гости, спонзори, упатувајќи срдечни благодарности до управата на НУЦК „Кочо Рацин“, Министерството за Култура и останатите.
Прва на програмата беше „Осоговија“ на изворниот оркестар како и музичкиот дел под раководство на проф. Горан Делевски, потоа „Петре, Роненка, Овчеполе“, „Тресеница“, „Водарки“, песната „На столче седам“, „Сред село“, „Чумата“, се одигра и „Егејски“ како и „Копачија“. На крај беше интепретирана и „Ај да ојме Јано“, „Велешко оро“, и „Малешевка“, се разбира под кореографија на г-дин Цане Ѓорѓијоски.
Упатуваме честитки за организацијата и само успеси.
Во продолжение, во прилог галерија од вечерашниот настан, преку нашиот објектив, додека сите кои сакаат да си ги зачуваат фотографиите Порта.мк Ви го овозможи тоа следните 7 дена тоа да го направите бесплатно на линкот ТУКА, уживајте.
Кичево
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!

Во рамки на денешниот ден во Кичево се реализира и 11-тата по ред „Мото Парада“ низ кичевските улици, во чест на нашиот празник „Петровден“, именденот на нашата кичевска православна црква Св.Петар и Павле.
Благодарност до БПС-ОВР Кичево за нивниот професионализам и целосната поддршка околу безбедност во сообраќајот, како никогаш до сега беспрекорно ја завршија својата работа, како и до сите учесници, до сите кои со своето присуство оддадоа почит кон празникот, дај боже од година за година да се збираме во уште поголем број!
Благодарност и до „City Caffe“ кој отстапија паркинг место за сите моторџии.
Дидо! 🙌
Вечна традиција!
Кичево
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, го лишија од слобода албанскиот државјанин С.М.(51), кој на полициските службеници им понудил пари како поткуп со цел, да не преземаат службени мерки против него.
ОВР Кичево, до ОЈО Кичево поднесена кривична пријава, по што С.М. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско. По пријавата, ТППЕ Кичево со три возила и две екипи веднаш се упатиле на интервенција во опожарениот објект, каде успешно за завршија задачата.
За порта.мк од ТППЕ Кичево истакнаа дека целосно е спасен објектот блиску до опжарената куќа, која доколку не би се интервенирало професионално и брзо, пламените јазици исто ќе биле фатални.
Апел за поголемо внимание!
-
Кичево21 час
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Кичево2 дена
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Кичево13 часа
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Култура1 ден
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Култура2 дена
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Lifestyle2 дена
Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите