Следете не

Македонија

(ФОТО) Македонски Брод на нозе, исчезнат е Бране Ристески, фамилијата и сограѓаните молат за било каква помош и информација

Објавено пред

на

Предмалку до нашиот портал стигна информација за исчезнато лице по име и презиме Бране Ристески жител од Македонски Брод. Према последните информации до кои дојдовме лицето е пријавено за исчезнато денес, а за тоа дека му се губи секаков траг пријавено било во Полициска станица.

Поставената фотографија е автентична на исчезнатото лице, така што доколку некој го забележи, препознае или има/знае било каква информација, веднаш да пријави во најблиската Полициска станица или да остави порака кај еден од пријателите на неговиот фејсбук профил ТУКА

Македонија

СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски

Објавено пред

на

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се, вршат измами за случени сообраќајни незгоди во кои, наводно, жртви или тешко повредени биле членови на нивните семејствата или други нивни роднини.

Со тоа создаваат огромна вознемиреност кај граѓаните, а целта на овие измами е да изнудат пари за наводна помош при понатамошната постапка.

– Апелираме до граѓаните, да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 112 или лично во најблиската полициска станица, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење

Објавено пред

на

1-ви мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата.

Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права,  всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.

Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.

За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата.

Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.

Прочитај повеќе...

Македонија

Грк понудил поткуп на „Табановце“ па експресно бил лишен од слобода

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

На 29.04.2024 во 12.40 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(49) од Република Грција, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При пасошка и гранична контрола на возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп.

Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, известуваат од МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје2 часа

Следните делници во Скопје за утре ќе имаат посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за петок (3 мај)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Автомобили16 часа

(ФОТО) Официјално најавена Kia „EV6“

Kia подготвува модернизирана верзија на EV6, три години по дебито на овој целосно електричен модел. Официјалното претставување во Јужна Кореја...

Кичево16 часа

(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи

На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се...

Спорт23 часа

ФФМ сеќавање: Десет години од смртта на Илија Атанасовски – Ико, човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж..

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија и еден од основоположниците...

Технологија23 часа

На „WhatsApp“ доаѓаат нови функции, овој пат за планирање и организирање на вашите настани

Планирањето и организирањето настани е незаменлив дел од животот на многу луѓе, па веќе имаме бројни апликации и календари кои...

Кичево24 часа

Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг

Денес дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ заедно со родителите и вработените по повод најголемиот христијански празник за прв пат организираа...

Култура2 дена

Денеска е „Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој голем ден

На Велики Четврток ние славиме четири (4) настани од последните денови на Христовиот живот, а тоа се: миењето на апостолските...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (2 мај)

ОВЕН Се однесувате како личност, која нема време за некои површни средби или за настани што не се вклопуваат во...

Автомобили2 дена

(ВИДЕО) Уникатниот „Aston Martin“ најави нов надграден „V12“ мотор

„Aston Martin“ објави дека V12 моторот не само што не е мртов, туку компанијата го најави и својот фундаментален редизајн....

НАЈЧИТАНИ