Спорт
(ФОТО) На Седлоски со Шкупи му оди во Кичево, победи остварија и Струга ТЛ и Шкендија
Струга Трим Лум на најдобар начин ја заокружува полусезоната откако на едно коло пред зимската пауза се зацврсти на првото место со триумфот од 1-0 против Академија Пандев. Тимот на Срѓан Захариевски ја обезбеди есенската титула, прва во
Долго време Струга ТЛ бараше победнички гол на денешниот дуел со Академија Пандев и успеа да го постигне Дарко Илиески во 69.минута.
Шкупи со пресврт славеше против Брегалница во Кичево со 3-1. Себастијан Херера во 24.минута донесе предност за штипјани, но десет минути подоцна Фреди Алварез упати бомба од 35 метри и успеа да израмни. Кристијан Трапановски на почетокот на вториот дел се погрижи за пресврт, а триумфот го потврди Пепи Ѓорѓиев во 83.минута.
Љупчо Дориев беше човек на одлука во триумфот (1-3) на Шкендија против Македонија ЃП на дуелот во Ѓорче Петров. Тој го отвори резултатот во 19.минута, а потоа и ја затвори серијата голови во 84.минута. Ферхан Хасани стрелаше во 51.минута за Шкендија, а едн минута подоцна погоди Емир Скендери за „лавовите“ од Ѓорче Петров.
Силекс освои три бода на гости совладувајќи го Тиквеш во Кавадарци со 0-2. Филип Обадовиќ беше стрелец на првиот гол во 72.минута, а девет минути подоцна кратовци постигнаа уште еден погодок.
Во Прилеп, Победа и Скопје ремизираа без голови, пишува makfudbal.мк
ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТЛ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 3-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1-3
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-2
ПОБЕДА – СКОПЈЕ 0-0
Неколку фотографии од врнежливиот викенд преку нашиот објектив:
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Кичево23 часаНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хроника1 часЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Хороскоп14 часаХороскоп за понеделник (24 ноември)
-
Македонија2 часаСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
-
Македонија19 минути16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач





