Македонија
(ФОТО) На влез во Македонија на ГП Свети Наум 29-годишник од Р.Албанија пробал да влезе со возило кое било пријавено за украдено во Норвешка
На 24.08.2024 во 23 часот на ГП Свети Наум, на влез во Македонија се пријавил Л.Х. (29) од Р.Албанија кој дошол со патничко моторно возило „порше панамера“ со албански национални ознаки и по извршени гранични проверки, констатирано е дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол.
Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, за јавноста известуваат од МВР.
Македонија
(ФОТО) Сообраќајка на влезот пред Демир Хисар предизвика сообраќаен метеж
Вечерва нешто пред час и половина сообраќајка помеѓу две патнички возила хјундаи и поло предизвика сообраќаен метеж и колона на влезот пред Демир Хисар од битолска страна, во близина на Шумско претпријатие
Предмалку како што јавува наш читател, дури сега сообраќајот почнал да се одвива непречено.
Според информациите од терен, причинета е само материјална штета.
Повеќе детали очекуваме утре во дневниот билтен за медиуми, до тогаш внимателно во сообраќајот, почитувајте ја патната сигнализација и прилагодете ја брзината според знаците и условите на патот.
Македонија
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 33 години самостојна и независна Македонија!“
На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија.
„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“
Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.
95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?
На 25 јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност.
Усвојувањето пак на Уставот беше на 17 ноември 1991 година.
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честита 33-та година, самостојна и независна Македонија!“
Македонија
Од ноќеска цената на бензинот се намалува, дизелот останува со иста цена
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (10 септември)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (11 септември)
-
Култура23 часа
Денес е тежок празник – Отсекување на главата на Св. Јован Крстител и се јаде посно
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Сообраќајка на влезот пред Демир Хисар предизвика сообраќаен метеж
-
Култура14 часа
(ФОТО) Во Бигорскиот Манастир тројца нови монаси во прегратките на Христовата љубов
-
Спорт24 часа
(ВИДЕО) Репрезентацијата на Македонија пресилна на „Тодор Проески“ и со 10 играчи против Ерменија
-
Временска прогноза1 ден
Дали грејната сезона оваа година ќе започне порано?
-
Кичево15 часа
Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943 година пред 81 година станува првоослободениот град во Македонија