Кичево
(ФОТО) Над кичевското с.Колари во близина на превој „Стража“ од вчера е активен пожар на дабова шума

Вчера во Територијална противпожарна единица Кичево околу 14:15ч е пријавен пожар, така што кичевските пожарникари веднаш излегле на терен и го лоцирале шумскиот пожар над кичевското с.Колари во близина на превој „Стража“. Од она што дојдовме како информација од ТППЕ Кичево – зафатена е нискостеблеста дабова шума, додека непристапниот терен создавал дополнителни проблеми за справување со пламените јазици и истиот е се уште активени денес.
Апелираме до неодговорните и несовесни граѓани дека топлото време е погодно за движење и работа во шума, излетниците и сите посетители на шумата, да внимаваат кога работат со лесно запаллив материјал бидејќи е доволна само мала искра за да се потпали сувата трева и друга нискостеблеста вегетацијана, да не се фрлаат цигари и отпушоци од цигари и догорчиња.
Исто така работата со разни култури на нивите и полињата, при што најчесто на неадекватен начин се чистат нивите и палат отпадоците и стрништа, да внимаваат на шумите како добро од општ интерес и така што работите во шума да ги работат совесно и со особено внимание.
Со таквото внимание ќе си помогнеме и самите себе си, додека граѓаните како главен фактор соодветно да известуваат за рано спречување на пожари со дојава до надлежните институции, преку нашиот портал истакнаа од Територијална противпожарна единица – Кичево.
Кичево
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..

На 05.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале вкупно 87 возачи управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-17, Струга-32, Кичево-37, Дебар-01).
Против нив се поднесени соодветни платни налози.
Известуваат од МВР.
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Кичево4 часа
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Занимливости20 часа
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Свет1 час
(ВИДЕО) Легендарниот голман во солзи ја моли јавноста за помош, страшно!
-
Скопје1 ден
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје