Кичево
(ФОТО) Најавената нестабилна влажна маса со пороен дожд и град не го одмина кичевскиот регион
Како што најавивме пред неколку часа ТУКА од влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса, времето ќе биде особено нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Така што нашиот кичевски регион не го одмина претходно најаваниот бран, со кој условеше со пороен дожд и град. Претходно огромен град го потопи пелагонискиот крај кон Битола
Кичево:
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“
Предмалку во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево заврши гламурозната модна ревија со рециклирани материјали насловена како „Eco Fashion Show“, благодарение на неуморната работа на сите дечиња, воспитувачите, негувателките и целата управа од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево.
На почеток вечерта ја отвори директорот на градинката Садик Ахмети кој ги поздрави присутните пред се родителите за нивното присуство, како и помагателите на овој настан.
– Ви благодарам на вашето присуство, со вашиот ангажман и поддршка ја докажувате вашата почит према вашите дечиња, на нас работниците и сите влијателни фактори. „Eco Fashion Show“ е во наша организација веќе неколку години, истата ја организараме по повод „18-ти март“ – Светскиот ден на Рециклирањето. Интересот за рециклирање во нашата земја е во постојан пораст, што е добар показател за подигањето на колективната свест на оваа тема, истакна директорот.
Во продолжение ви ја презентираме мега галеријата преку нашиот објектив, доколку сакате фотографија само пишете ни порака на нашата официјална фејсбук страница ТУКА и веднаш ќе ви испратиме
Браво за сите дечиња!
Кичево
Рурална Коалиција: Изработени Локални еколошки акциски планови за општините на територијата на ЛАГ „Треска“
Само 6.25% од општините во Република Македонија ја исполнуваат целосно обврската за изработени и во фаза на имплементација Локални еколошки акциски планови, а само 21,88% делумно ја исполнуваат таа обврска. Тоа беше и главниот поттик да се работи на територијата на општините Кичево, Пласница и Македонски Брод токму во насока на развој на Локални еколошки акциски планови кои што денес беа презентирани пред претставници на сите три општини кои што воедно и ја сочинуваат територијата на Локалната акциска група „Треска“ која што денес меѓудругото ги утврди и приотитетите за работа за 2024 година.
Локалните еколошки акциски планови се работеа со експертска поддршка изминатите неколку месеци, а истите ги содржат мерките за заштита на животната средина на чија што имплементација општините треба да работат до 2027 година. Како главни предизвици за сите три општини во делот на заштитата на животната средина се идентификувани: нарушен квалитет на воздухот од индустриски активности и интензивен сообраќај, отсуство на селекција на цврст отпад, диви депонии, користење на огревно дрво за загревање, нарушен калитет на почва од индустриски активности, прекумерна употреба на агрохемиски средства на земјоделските посеви итн.
Во следниот тригодишен период општините ќе работат на едукација на населението, јакнење на капацитетите на институциите, отстранување на дивите депонии, јакнење на меѓуопштинската соработка, вклучување во процесот на праведна транзиција, како и јакнење на капацитетите на ЛАГ-от во насока на имплементација на изготвените еколошки планови.
Со изготвувањето на ваквите планови се јакне стратешкиот развој на општините опфатени со плановите, а во наредниот период пак ќе се работи на мобилизација на локалното население и реализација на активности кои што ќе придонесат кон директна имплементација на мерките предвидени во ЛЕАП-ите.
Проектот „Локални партнерства за локални климатски акции“ го имплементира Рурална Коалиција како институционален грант, а во рамките на проектот „ГОи во акција за климатските промени“, спроведуван од Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници – МЗМП и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија.
Инаку, оваа содржина е со единствена одговорност и извор на Рурална Коалиција, така што не ги одразува ставовите на Европската Унија или Шведска.
Фотогалерија од настанот:
Кичево
Вчера во близина на кичевското с.Лавчани ТТВ марка „Мерцедес“ додека истоварал градежен материјал се превртел, за среќа нема повредени
На 06.03.2024 година во 13:08 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека на мост кај кичевското село Лавчани, товарно возило марка „Мерцедес“, сопственост на градежна фирма од Скопје, при истовар на градежен материјал, се превртел и дека нема повредени лица.
Увид на местото извршија полициски екипи, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (18 март)
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Кичевчанецот Драган Силјаноски официјално го презеде кормилото на македонската фудбалска репрезентација до 21 година
-
Кичево15 часа
(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за вторник (19 март)
-
Магазин1 ден
Италија инвестира 1 милијарда евра во вештачка интелигенција
-
Магазин1 ден
Google Wallet наскоро ќе поддржува Apple Pass
-
Магазин2 часа
Nvidia го објави својот најмоќен чип со вештачка интелигенција досега: „Ни требаат поголеми графички процесори“
-
Магазин1 ден
Претплатите на Google Play Pass пораснаа за 120% во текот на изминатата година