Кичево
(ФОТО) ОВР Кичево и „Медицинскиот центар“ вчера одржаа едукативна кампања со ученици, под мотото „Петарди не, безбедност пред се“
Во рамки на заедничките превентивно едукативни активности на ОВР Кичево и Медицинскиот центар во Кичево, вчера (22 декември), во општинското средно училиште „Дрита“ во Кичево, се одржа едукативната кампања „Петарди не, безбедност пред се“. Лекари и полициски службеници од отсекот за превенција при ОВР Кичево, одржаа стручни предавања на кои присуствуваа околу 100 ученици, при што беа презентирани штетните последици од употреба на пиротехнички средства по здравјето на учениците, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови на телата.
Учениците беа запознати и со законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и други пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови пред објекти, во влезови на станбени згради или училишта и слично. Тие беа и информирани и за прекршочните и кривичните санкции од нелегалната употреба на пиротехнички средства.
Целта на кампањата чие мото е „Петарди не, безбедност пред се“ е подигнување на свеста кај младите во пресрет на празниците, да не купуваат и активираат разновидни пиротехнички средства, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се ангажираа да го реобноват ова детско катче, денес и официјално беше пуштено во употреба.
Како што изјавија, поставена е нова табла со обрач за баскет, нови клупи, зеленилото е покосено и засадени се нови дрвца, а за најмалите се поставени и нишалки.
Упатуваме честитки, затоа што апелот кој беше упатен до сите, само едни излегоа во пресрет, за таа цел ни испратија и фотографии од реконструкцијата на ова значајно место за најмладите. Претходно во 2019-та година, значаен проект пофаливме ТУКА за битолската раскрсница, затоа што и таа е од значаен сообраќаен аспект.
Кичево
Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг
Денес дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ заедно со родителите и вработените по повод најголемиот христијански празник за прв пат организираа „Велигденски хепенинг“.
Многу радост, среќа и вистинска пред празнична позитивна енергија.
– Среќни сме што оваа година за прв пат го организираме Велигденскиот хепенинг, каде дечињата од нашата градинка во соработка со нивните родители истакнаа најразновидни украси, корпи со традиционални Велигденски јајца. Се надеваме дека овој Хепенинг ќе прерасне во традиција за најголемиот христијански празник Велигден. Воедно јас како иницијатор и организатор упатувам благодарност до сите колеги и родители за можноста во целост овој настан да изгледа модерно и успешно, за Порта.мк истакна Ирена Китаноска, вработена во ЈОУДГ „Олга Мицеска“
Галерија од денешниот настан:
Кичево
Хуманитарен турнир во мал фудбал, сала „Христо Узунов“, населба Иванидол во организација на кичевскиот Црвен Крст
Хуманитарниот турнир во футсал ќе се одржи 29.04.2024 понеделник во спортската сала „Христо Узунов“, нас. Иванидол со почеток од 12 часот. Имено, екипите можат да земат свое учество 15 до 20 минути пред почетокот на турнирот.
Натпреварите ќе се одвиваат на следниов начин:
•две полувремиња по 15 минути
•полувреме 5 минути
•екипата која ќе биде поразена, нема право на повеќе игра
•фер-плеј игра
Фудбалскиот турнир е во организација на Црвен Крст од Кичево и има хуманитарен карактер, односно со вашиот влез кој ќе чини 50 денари. Бидете дел и дадете свој хуманитарен допринос.
Повеќе информации на нивниот инстаграм профил ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (2 мај)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за петок (3 мај)
-
Кичево1 ден
Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг
-
Кичево22 часа
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
-
Култура2 дена
Денеска е „Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој голем ден
-
Култура5 часа
Денеска е голем ден, „Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..
-
Технологија5 часа
Сте се запрашале како функционираат сензорите за отисокот на прст, односно „fingerprints“, еве неколку типа на скенери за отпечатоци..
-
Технологија1 ден
На „WhatsApp“ доаѓаат нови функции, овој пат за планирање и организирање на вашите настани