Следете не

Кичево

(ФОТО) Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во основни училишта реализираа превентивно-едукативен проект за превенција од сајбер булинг

Објавено пред

на

Вчера 30.01.2024 во основните училишта „Санде Штерјоски“ и „Кузман Јосифоски-Питу“ од Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го реализираа превентивно-едукативниот проект за превенција од булинг и сајбер булинг.

Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од осмо и деветто одделение прецизно им беа објаснати поимите булинг и сајбер булинг, како и појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и онлајн насилството, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи и дигиталната технологија учениците беа запознаени како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого да ги споделат тие информации, за Порта.мк информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани и оваа година од сите страни на градот беа за Велигден во храмот Св.Петар и Павле – „Христос воскресна“, „Навистина воскресна“

Објавено пред

на

©porta.mk

Стотици кичевчани и оваа господова 2024-та година од сите страни на градот вчера дојдоа во градскиот храм Св.Петар и Павле – Кичево каде присуствуваа на полноќните богослужби по повод христијанскиот празник „Воскресение Христово – Велигден“.

Дворот на храмот заштитник на град Кичево беше претесен за сите верници каде традиционално се собраа на соопштување на радосната вест „Христос Воскресна“, од страна на свештениците.

Радост и среќа будат најмладите кои чествуваат и ја негуваат верата, укажувајќи ни уште еднаш за важноста на овој ден и најголем празник!

Ви прилог официјална галерија преку нашиот објектив на Јован Ангелески

 

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Кичевската полиција реализираше турнир во мал фудбал по повод „7-ми Мај, Ден на Македонската полиција“

Објавено пред

на

ФОТО: МПС

Вчера и официјално заврши традиционалниот турнир во мал фудбал по повод ,,7ми мај – Денот на Македонската полиција” организиран од страна на Претседателот на Совет на МПС Охрид Јетмир Реџепи, членот на Претседателство на МПС Ештреф Ахмети и Претседателот на ОО на МПС-Кичево Сејдин Сејдини. Учесници на турнирот беа екипи од подрачјето на ОВР Кичево составени од членови на Македонскиот Полициски Синдикат.

На завршниот турнир присуствуваа и свечено го затворија Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и началникот на ОВР Кичево Амдин Емини воедно доделувајќи го пехарот за прво место на екипата ПС за ОН Кичево.

Второ место беше екипата на ПО за БПС Кичево, трето место беше екипата на ПО Зајас.

За најдобар играч беше прогласен Дриљон Лика, најдобар голгетер беше прогласен Филип Филипоски и за најдобар голман беше прогласен Дарко Темелковски.

Истакна претседателот на Македонски полициски синдикат д-р Марјан Кицев.

Повеќе фотографии ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи

Објавено пред

на

©porta.mk

На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се ангажираа да го реобноват ова детско катче, денес и официјално беше пуштено во употреба.

Како што изјавија, поставена е нова табла со обрач за баскет, нови клупи, зеленилото е покосено и засадени се нови дрвца, а за најмалите се поставени и нишалки.

Упатуваме честитки, затоа што апелот кој беше упатен до сите, само едни излегоа во пресрет, за таа цел ни испратија и фотографии од реконструкцијата на ова значајно место за најмладите. Претходно во 2019-та година, значаен проект пофаливме ТУКА за битолската раскрсница, затоа што и таа е од значаен сообраќаен аспект.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили2 часа

Дали знаевте колку произведени Mercedes се уште се на пат денес?

Поголемиот дел од сите цивилни Mercedes G-Class од неговото претставување во 1979 година сè уште се на пат денес. „Дури...

Магазин2 часа

Apple и Samsung ги држат првите 10 позиции на листата на најпродавани мобилни телефони

Во првиот квартал од 2024 година, десетте најпродавани паметни телефони ја поддржаа 5G мрежата. На листата на десет најпродавани модели...

Магазин2 часа

Новите детали покажуваат кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple на iOS 18

Шефот на Apple, Тим Кук, неодамна зборуваше за новите AI функции, а повеќе детали за ова ни носи порталот AppleInsider....

Магазин2 часа

Threads има 150 милиони корисници

Апликацијата Meta Threads сега има повеќе од 150 милиони месечни корисници, што е зголемување за околу 20 милиони нови корисници...

Магазин2 часа

iPhone 17 Slim ќе го замени моделот Plus во генерацијата на телефони на Apple следната година

Додека се уште го чекаме излегувањето на линијата телефони iPhone 16, информациите за оној по него се веќе тука, меѓу...

Магазин2 часа

LinkedIn воведе дел за игри

Иако е препознаена како деловна мрежа, LinkedIn сака на корисниците да им понуди некои нови искуства. Досега главно беа поврзани...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за вторник (7 мај)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Магазин21 час

Карактеристики што ги наследуваме од родителите, една е клучна за успехот во животот

Секој барем еднаш во животот слушнал нешто како „ги имаш очите на мајка ти, но темпераментот на татко ти“ или...

Култура1 ден

(ФОТО) Најголемиот Христијански празник „Велигден“ во Св. Јован Бигорски е неповторливо духовно доживување, Христос воскресе!

Манастирот Св. Јован Бигорски е на боженствено место, па оттука може да се најде и објаснувањето за начинот на кој...

Култура1 ден

(ВИДЕО) По повод најголемиот христијански празник „Велигден“, жителите на овој дел од Скопје направија видео кое не остава рамнодушен никого, традиција на повидок

Доаѓаме од мало место, полно љубов, приградските села Јурумлери, Нова Колонија, сплотени во едно. Овие села имаат долга историја, места...

НАЈЧИТАНИ