Следете не

Култура

(ФОТО) Празникот на Сечесното Успение во Имврос, Република Турција

Објавено пред

на

bigorski.org.mk

Со благослов на нашиот возљубен Високопреосвештен Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, нашиот почитуван Старец, Епископ г. Партениј, заедно со дел од братството и сестринството, неколку дена се наоѓа на егејскиот остров Имврос, денешен Gökçeada, Република Турција, за со неизмерна радост и молитвена преданост да учествува во прославата на сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица. Среде овој осветен остров, каде што милоста и благодатта на Мајката Божја ги прегрнуваат сите присутни, Старецот и нашата монашка заедница ги воздигнуваат своите молитви кон милостивата Мајка за заштита и духовно укрепување на целиот наш народ и на сиот род христијански, пишуваат од Бигорскиот Манастир.

Имено, денеска на самиот ден на светлиот празник на Успението на Пресвета Богородица (според реформираниот јулијански календар), во нејзиниот свештен и сечесен храм во Агридија, се одржа величествена и историска Света Литургија, која останува запишана со златни букви во нашите срца и спомени. Со оваа благодатна Евхаристија, која беше како една мајчинска посета од Царицата Мајка, чиноначалствуваше Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, чијашто духовна закрила и горешти молитви беа извор на вдахновение и радост за сите присутни. Нему му сослужуваа: Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, Митрополитот на Мосхонисија г. Кирил, Митрополитот на Мира г. Хризостом, нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, како и нашите архимандрити Кирил и Анатолиј, заедно со чредниот свештеник на храмот, отец Хрисант. Оваа свештена Литургија ги собра на едно место благочестивите верници, монасите и монахињите, кои со воздигнати души во молитва и со длабока почит го прославија сечесниот спомен на Мајката Божја, доживувајќи ја нејзината мајчинска закрила како сијание на љубов, радост и мир.

По завршувањето на Светата Литургија, на плоштадот во Агридија се одржа прекрасна културно-уметничка програма, исполнета со традиционална музика и песни, изведена од хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, заедно со учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје. Нивниот настап го најави грижливот домаќин и организатор на целата свеченост, Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, кој јавно му се заблагодари на нашиот Старец, Епископот г. Партениј, за неговиот труд да ги донесе на Имврос своите монаси, монахињи и духовни чеда и да го овозможи овој преубав настан. Мелодиите и ората на младите уметници откај нас, проникнати со длабока љубов кон нашата музичка традиција, одекнуваа низ плоштадот, носејќи духовно веселие на сите присутни. Сесветиот Патријарх г. г. Вартоломеј, со видливо воодушевување и радост, го благослови настапот, пофалувајќи ги младите изведувачи и нивната посветеност кон зачувувањето на богатото културно наследство.

Повеќе фотографии проследете го официјалниот веб простор на Бигорскиот манастир – ТУКА

Култура

Утре е Св. Ѓорѓија, заштитник на сиромашните, лекар на немоќните – за многу години слава и именден!

Објавено пред

на

Утре верниците со православна вероисповед го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава и се чекаат гости денес и утре, овој голем ден се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. „Како ослободител на плениците и заштитник на сиромашните, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души“.

Овие стихови пред векови му беа посветени на празникот кој се одбележува денес за Свети великомаченик Георгиј Победоносец

Во жестоката борба меѓу доброто и злото, издржал надчовечки мачења и станал Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се. На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. Приказот на свети Ѓорѓија како ја убива ламјата е заснован на попууларна легенда во христијанската митологија.

Според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Во 494. тој е прогласен за светец.

Во Македонија постојат многу цркви посветени на Св.Ѓорѓија, од кој најстара е онаа во преспанскиот регион, близу до живописното село Курбиново, во пазувите на планината Пелистер.  Според времето на живописување, забележано на натписот на северната страна со грчка сигнатура, се претпоставува дека црквата била подигната во годината 1191.

Она што импресионира и восхитува во оваа црква е нејзиниот живопис, што заедно со оној од црквата Свети Пантелејмон крај Скопје, претставува едно врвно и оригинално остварување од периодот на Комненската уметност во Македонија.

Прочитај повеќе...

Култура

Помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава домаќини, за многу години!

Објавено пред

на

©porta.mk

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

Епископ Г. Партениј Антаниски

Епископ Г. Партениј Антаниски

Инаку да потсетиме, од вчера вечер во нашиот преубав кичевски Манастир Св.Богоридица Пречиста, во чест и по повод празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста до рано утрово се реализира сеноќно Бдение кое започна од вчера 22:00ч, каде чиноначалствуваше нашиот духовен татко, Епископ Г. Партениј Антаниски.

За многу години домаќини!

Прочитај повеќе...

Култура

Викарниот Епископ на ДКЕ – Партениј, отслужи Заупокоена Света Литургија во чест на блаженоупокоениот г. Тимотеј

Објавено пред

на

bigorski.org.mk

Во духот на длабоката почит и љубов кон својот архипастир, викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Преосвештениот г. Партениј, отслужи Заупокоена Света Литургија во чест на блаженоупокоениот митрополит г. Тимотеј. Литургијата се одржа во храмот „Св. Климент Охридски“ на Плаошник, Охрид, соборувајќи бројни свештенослужители, монаштво и верен народ, кои се собраа да го испратат својот сакан архијереј со молитви за неговиот вечен покој.

Викарниот епископ г. Партениј, кој со години служејќи во рамките на Дебарско-кичевската епархија беше духовно и пастирски поврзан со митрополитот Тимотеј, го предводеше богослужението заедно со архимандрити, свештеници и ѓакони од епархијата. Чесните мошти на митрополитот Тимотеј беа изложени во центарот на храмот, каде што верниците изразија својата почит и благодарност за животот и делото на својот архипастир.

Дебарско-кичевската епархија, како дел од која се наоѓаат многу цркви и манастири, беше под духовната грижа на митрополитот Тимотеј, чиј архипастирски труд овозможи не само обновување, туку и силен духовен раст на монаштвото и свештенството. Викарниот епископ г. Партениј, како негов најблизок соработник, со посебна љубов и послушание ги следеше пастирските начела на својот архиереј, сведочејќи за единството и посветеноста во служењето на Црквата, а во текот на службата ја истакна големината на љубовта и пожртвуваноста на митрополитот Тимотеј, кој со своите благословени раце замонаши и ракоположи многу од сегашните монаси, јероѓакони, свештеници, јеромонаси и архимандрити.

Оваа заедничка грижа и духовно раководство во епархијата продолжуваат да бидат сведоштво за длабокото наследство што митрополитот Тимотеј го остави зад себе. Народот, свештенството и монаштвото на Дебарско-кичевската епархија се соединуваат во молитвата и надежта дека Бог ќе го прими својот верен слуга во вечната радост на Небесното Царство.

Светиот архијерејски синод на МПЦ–ОА одреди датумот за погребението на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе се одржат во четврток, на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, под началство на Архиепископот г.г. Стефан и надлежните архијереи.

Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир, каде што ќе почиваат моштите на саканиот архиереј.

Царство небесно и вечен спомен на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј!

Галерија од настанот – ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за четврток (12 декември)

ОВЕН Денес ќе бидете преплавени со обврски. Вашиот телефон ќе ѕвони постојано па едвај ќе имате време за себеси. И...

Социјални мрежи10 часа

Фејсбук и Инстаграм паднаа, „Мета“ се огласи дека имаат технички проблеми, набрзо истите ќе бидат решени

Многу корисници на Редит и мрежата Х известуваат дека имаат проблем со пристапот до платформите „Мета“ на Фејсбук едноставно велат...

Спорт11 часа

Две македонски судијки добија ФИФА знак, додека македонската „А“ футсал репрезентација ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора

Уште едно големо признание од страна на ФИФА доби судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија. Две наши судијки официјално...

Магазин11 часа

Експертите објаснуваат дека Биткоинот соборува рекорди поради фактори кои не се поврзани со Трамп

Причината за тоа првенствено треба да се бара во фактот што инвеститорите сметаат на поголема политичка и регулаторна поддршка од...

Магазин18 часа

Телефонот ненадејно се исклучува на студ: Совети за заштита на батеријата во зима

Ниските зимски температури може значително да влијаат врз работата на вашиот паметен телефон. Производителите предупредуваат дека долгото изложување на студ...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (11 декември)

ОВЕН Ви доаѓаат непријатни вести. Идејата што ја имавте, а се однесува на вашето семејство, станува неизводлива со овој пресврт....

Кичево1 ден

Ивана од Кичево и оваа година изработи новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно

Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како и ланската година ТУКА, продолжува и оваа...

Македонија2 дена

МВР денес спроведе акција со обвинители на ГОКК во Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје

Денеска (10.12.2024) беше спроведена координирана полициска акција под директно раководство на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење...

Спорт2 дена

Познати 1/4 финалните парови за Купот на Македонија во фудбал, додека Комисијата за натпревари изрече службена победа за гостинска екипа

Денеска на „Куќата на фудбалот“ беа извлечени четвртфиналните парови за најмасовното натпреварување во нашата земја, Купот на Македонија. Осум екипи...

Lifestyle2 дена

Кое сирење е најдобро за здравјето на срцето?

Одржувањето на здраво срце зависи од многу фактори, а исхраната игра клучна улога. Диететичарите предупредуваат дека изборот на сирење може...

НАЈЧИТАНИ