Македонија
(ФОТО) Превентивни активности на МВР насочени на децата, лицата мигранти и на самозаштита од имотни деликти

Во текот на вчерашниот ден (22.10.2023) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Скопје и Куманово, како и на Регионалниот центар за гранични работи Југ, поточно на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица беа реализирани превентивни активности.
Така, во заедничка соработка на СВР Скопје и Полициско одделение Сарај беа организирани активности на подрачјето на ЕВР Ѓорче Петров, при што од страна на инспектори на паркинг просторот во близина на излетничко-туристичкиот центар „Кањон Матка“ беа остварени средби со граѓаните кои ја посетија Матка. Целта на оваа превентивна активност беше спречување и намалување на кривичните дела поврзани со имотни деликти, во насока на зголемување на нивото на самозаштита и поголема безбедносна култура кај граѓаните посебно за „тешки кражби од моторни возила“. Притоа, граѓаните беа советувани да не оставаат вредни предмети во паркираните возила, особено торби со вредни предмети, лаптопи, паричници за да го намалат ризикот да станат цел на тешка кражба во нивното моторно возило.
Во фокусот на превентивната активност на Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општински совет за детско престапништво беа младите, поточно учениците од прво до трето одделение во основните училишта во Куманово, кои на спортски терен пред општинското ОУ„Крсте Петков Мисирков” во Куманово, учествуваа и се натпреваруваа во „Игри без граници“.
Целта беше низ игра, забава и меѓусебно дружење кај учениците да се подигне на свесноста за благодатите кои им ги носи спортот, но и да се укаже на задачата која ја има полицијата во зголемување на безбедноста во заедницата и околу училиштата, која е примарна за безгрижно поминати училишни денови.
„Илегална миграција и права на лицата мигранти“ беше тема на превентивната активност спроведена во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, заедно со полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица.
Притоа, полициските службеници реализираа едукативни средби со лицата мигранти кои се моментално сместени во овој прифатно-транзитен центар, на кои низ непосреден разговор им ги презентираа одредбите од Законот за меѓународна и привремена заштита и за правото на азил, а беа споделени и едукативни летоци на повеќе јазици со корисни содржини во однос на нивните права, извести МВР.
Македонија
(ВИДЕО) МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на промоцијата на новоформираната специјализирана Единица за сајбер безбедност на Министерството за внатрешни работи.
– „Во време на брза дигитализација и се поопасни и пософистицирани сајбер закани, Министерството за внатрешни работи презема стратешки и решителен чекор, за првпат во своето постоење, формира специјализирана Единица за сајбер безбедност. Оваа единица ќе биде клучен столб во одбраната на дигиталниот суверенитет на МВР како институција која управува со најголемиот и најсензитивниот обем на лични податоци на граѓаните на државата. Безбедноста на овие системи е прашање не само на институционален капацитет, туку и на државна стабилност и доверба на граѓаните. Сите активности на новоформираната единица се насочени кон унапредување на безбедноста и отпорноста на внатрешната ИТ-инфраструктура на самото Министерство, со фокус исклучиво на заштита на неговите информациски системи. За првпат, Министерството набави современа техничка и софтверска опрема за проактивно следење, детекција и превенција на сајбер напади, со што поставува темели на системска и долгорочна заштита.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски информираше дека новата Единица за сајбер безбедност ќe биде одговорна за сеопфатна заштита и мониторинг на информациските системи на МВР, ќе врши постојана анализа и навремено детектираее на сајбер закани, ќе врши инсталација, одржување и менаџмент на безбедноста на ИТ инфраструктурата на министерството.
Со оваа иницијатива, МВР поставува нов стандард во сајбер одбраната кој подразбира модерен, одржлив и цврст безбедносен штит кој одговара на предизвиците на денешницата и обезбедува доверба кај јавноста дека податоците на граѓаните се под највисока заштита.
Исто така денеска министерот Тошковски заедно со деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), проф. д-р Боро Јакимовски, потпишаа меморандум за соработка помеѓу Министерството и Факултетот.
Целта е размена на знаења, искуства и едукација, како и унапредување и доусовршување на кадарот во областите каде што двете институции имаат заеднички интереси. Ваквата соработка претставува уште еден чекор кон јакнење на техничките и човечките капацитети на МВР и поддршка на дигиталната трансформација на институцијата, со крајна цел – подобри и побрзи услуги за граѓаните, информира МВР.
Македонија
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?

На 17.07.2025 во 14.21 часот на регионален пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.Џ.(75) од Охрид.
При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Џ. управувал патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки со брзина од 126 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Македонија
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот, за што сооодветно ќе известиме, соопшти МВР.
-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника2 дена
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника14 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот