Македонија
(ФОТО) Први фотографии од превој Стража во моментов, сообраќајот движи нормално во зимски услови
Активна е забраната за тешки товарни возила, така што моментално сообраќајот се одвива нормално, снегот се задржува на коловоз.
Од она што го забележавме е дека МВР активно е вклучена во активности, а и екипите на ЈП Македонија Пат се на терен.
Апел: Без зимски пневматици да не движите, понесувајте од задолжителната зимска опрема. Простор за паника со овој интензитет на снег и се разбира доколку вака остане нема, информираме бидејќи некој на социјалните мрежи шири заплашувачки вести.
Фотографиите се направени предмалку.
Дополнително: Од 17.00ч. автопатот Скопје – Велес е комплетно затворен поради одрони на автопатот и поради одронот случена е сооб.незгода без повредени. Од 17.15ч. ,сообраќајот се одвива со пропуштање на возила, истакна АМСМ.
Среќен пат.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Кичево11 часа
(ФОТО) Прекрасен ден со најмилите деца од Кичево, кои денес гласно го прославија „Лазаревото Воскресение“, среќа и радост на едно место!
-
Кичево3 часа
(ВИДЕО) Погледнете ја оваа убавина од денешната поворка за Лазарева сабота
-
Култура18 часа
Денеска е Лазарева сабота, додека утре е „Цветници“
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (28 април)
-
Спорт24 часа
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите
-
Социјални мрежи1 ден
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите