Македонија
(ФОТО) Сообраќајка на влезот пред Демир Хисар предизвика сообраќаен метеж
Вечерва нешто пред час и половина сообраќајка помеѓу две патнички возила хјундаи и поло предизвика сообраќаен метеж и колона на влезот пред Демир Хисар од битолска страна, во близина на Шумско претпријатие
Предмалку како што јавува наш читател, дури сега сообраќајот почнал да се одвива непречено.
Според информациите од терен, причинета е само материјална штета.

Повеќе детали очекуваме утре во дневниот билтен за медиуми, до тогаш внимателно во сообраќајот, почитувајте ја патната сигнализација и прилагодете ја брзината според знаците и условите на патот.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Хороскоп19 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Временска прогноза1 денСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина21 часКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
