Македонија
(ФОТО) Стружани добија модерна бензинска станица на ЛУКОИЛ

ЛУКОИЛ Македонија ги извести своите потрошувачи дека ја отвори својата нова бензинска станица лоцирана во Струга на ул. Туристичка бр.1, на стариот пат на излез од Струга кон Охрид.
Новата модерна бензинска станица, која е 34-та ЛУКОИЛ во земјава e изградена според новиот корпоративен стил на компанијата.
Таа е и повеќенаменски комплекс што во себе вклучува снабден маркет, простран паркинг за возила, кои ќе овозможат корисни услуги за сите посетители и секако потрошувачите ќе може да се снабдат со познатото брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, кое важи за најефикасно гориво на македонскиот пазар поради неговите перформанси што овозможуваат поголема моќност на моторот, побрз старт и намалена потрошувачка.
Упатуваме честитки за успешен старт!
Македонија
Во акциска вчера, пратени на технички возила кои вршат јавен превоз на ученици

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од сообраќај поради истечена регистрација.
Упатени на вонреден технички преглед се 17 возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, известуваат од МВР.
Македонија
(ФОТО) Хуман гест, млад полицаец од Кичево, вработен во Охрид помага на постаро лице да помине преку улица

Неодамна во Охрид кај местото Поштана (како што охриѓани го викаат тој потег) колегите од електронскиот медиум Публицитет забележале гест на Полицаец кој е за пофалба и поздравување.
Имено додека старица се обидувала да ја помине улицата и бавно чекорела, од полициското возило излегол полицаец ѝ ја фатил под рака и најгрижливо ѝ помогнал да ја премине сообраќајницата.
Иако непознат за јавноста и порталот Полицискиот службеник направил хуман гест кој ни ја враќа надежта во луѓето.
За овој чин, пофалби јавно упати и портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Денес дојдовме до ексклузивни информации дека полицискиот службеник кој покажа хуман гест, чин за сите пофалби е од Кичево, во СВР Охрид е повеќе од 2 години, неговиот идентитет е Мики Милосовски (23).
Се работи за млад перспективен кадар со спортски дух, расположен и сталожен карактер кој секогаш оддавал ведрина и почит према постарите. Ваквите личности секогаш влеваат надеж во иднината на сите вредни професионални полиња од животот.
За неговите амбиции и посебен придонес, признанијата доаѓале и претходно. Тој во ноември изминатата година се здобил и со Благодарница за успешно извршување на Полициските работи во меѓусекторската активност на “Безбедно лето” потпишана од првиот човек на Полицијата.
Во оваа прилика упатуваме честитки и од нас Мики, Кичево се гордее со тебе!
Македонија
Вее снег на превоите Стража и Пресека

Предмалку до нашиот медиум стигна информација од терен дека вее снег на превоите Стража и Пресека и истиот се задржува на коловоз.
Апелираме за внимателно возење, поседување на зимска опрема, како и почитување на поставената патна сигнализација за ограничување на брзина според условите на патот.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје17 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Временска прогноза17 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Временска прогноза2 дена
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Здравје и убавина22 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот
-
Магазин2 дена
Големи отпуштања во Amazon: Одделот за испорака на беспилотни летала на Prime Air е на пат